Промоцијата на романот „Адамовото ребро“ од Оливера Николова во Софија


Во Културно-информативниот центар на Република Северна Македонија во Софија вечер, од 18:30 часот ќе се одржи промоцијата на романот „Адамовото ребро“ од Оливера Николова. Книгата која излезе од печат оваа 2024 година, како издание на Издавачка куќа „Изида“, ќе биде претставена од уредничката Елеонора Тодорова и преведувачот Маријан Петров. Промоцијата ќе започне со видео обраќање …

Промоцијата на романот „Адамовото ребро“ од Оливера Николова во Софија Read More »

Најстудено на Попова Шапка, најмногу дожд во Битола


На Попова Шапка утрово е измерена најниска темепратура од -9 степени. Следат Маврови Анови со -6 степени, -5 Крушево, -4 Крива Паланка, Берово, -2 Претор, Битола, -1 Скопје-Петровец, Виница, Охрид, Прилеп, Тетово, 0 Струмица, Штип, 1 Демир Капија, Кавадарци, 2 Скопје-Зајчев Рид, 3 Велес и Дојран и 5 степени во Гевгелија. За изминатите 24 часа …

Најстудено на Попова Шапка, најмногу дожд во Битола Read More »

Промоција на „Комичното и хуморот“ од Иван Џепароски во Театар Комедија


 На малата сцена во Театар Комедија денеска напладне ќе се одржи промоција на книгата „Комичното и хуморот“ од професорот Иван Џепароски. Кон книгата ќе се осврнат и ќе ја претстават писателот и професор Александар Прокопиев и професорката и театролог Ана Стојаноска. -Да се пишува за комедијата, за комичното, па дури и за хуморот, значи да …

Промоција на „Комичното и хуморот“ од Иван Џепароски во Театар Комедија Read More »

Дијаспората ќе гласа само за претседател, нема доволно пријави за изборите на пратеници


Вкупно 2954 наши иселеници се пријавиле за гласање во странство на претстојните претседателски и парламентарни избори 2024. Од вкупниот број пријави, според податоците од веб-страната на Државната изборна комисија од синоќа, прифатени се 2610, две се необработени, а одбиени 342. Оваа бројка би можела да се промени доколку Министерството за надворешни работи до ДИК најдоцна …

Дијаспората ќе гласа само за претседател, нема доволно пријави за изборите на пратеници Read More »

Маричиќ, Костадиновска-Стојчевска и Тренчевска во посета на археолошкиот локалитет „Стоби“


Првиот заменик на претседателот на техничката Влада задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ, министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска и дополнителната заменичка-министерка за труд и социјална политика Јованка Тренчевска, денеска ќе го посетат Археолошкиот локалитет „Стоби“, каде се во тек активности за реализација на проектот „Конзерваторско-реставраторски работи и конструктивно зајакнување на објектот Стара железничка станица и …

Маричиќ, Костадиновска-Стојчевска и Тренчевска во посета на археолошкиот локалитет „Стоби“ Read More »

Над 70 домашни и меѓународни брендови ќе се претстават на Саемот на мебел во Скопје


 Од денеска до недела во комплексот „Борис Трајковски“ во Скопје ќе се одржува Саемот на мебел, на кој ќе се претстават над 70 домашни и меѓународни брендови. Посетителите ќе имаат можност на едно место да најдат сѐ што им е потребно за да го освежат домот, од едноставен и минималистички мебел до префинети и впечатливи …

Над 70 домашни и меѓународни брендови ќе се претстават на Саемот на мебел во Скопје Read More »

Поднесени кандидатурите за претседател на државата, партиите ги финализираат листите за пратеници


Сите седуммина кандидати за претседател на државата ги поднесоа кандидатурите до Државната изборна комисија (ДИК). Сега се очекува ДИК да одржи седница на која треба да ги разгледа и потврди поднесените кандидатури, а најдоцна до 28 март треба да се утврди и редоследот на потврдените кандидати на гласачкото ливче.  Вчера кандидатурите ги поднесоа Бујар Османи, …

Поднесени кандидатурите за претседател на државата, партиите ги финализираат листите за пратеници Read More »

Овчи сипаници, ентероколитиси и пертусис – најчести акутни заразни заболувања во февруари


Најчести пријавувани акутни заразни заболувања во февруари биле овчите сипаници – 661, по што следуваат ентероколитиси – 207, па пертусис или големата кашлица – 120 случаи, покажува најновиот извештај на Институтот за јавно здравје. – Во однос на претходниот месец – јануари, се регистрира намалување на бројот на пријавени од овчи сипаници за 26,8 отсто, …

Овчи сипаници, ентероколитиси и пертусис – најчести акутни заразни заболувања во февруари Read More »

Без вода дел од општините Сопиште, Карпош, Сарај и Центар


Без вода денеска ќе останат дел од корисниците во општините Сопиште, Карпош, Сарај и Центар, соопштуваат од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје. Прекинато водоснабдување поради уличен дефект ф 125 мм на ул.18 бб во Сопиште денеска ќе имаат корисниците од село Добри Дол. Прекинот ќе биде од 07:00 часот до завршување на дефектот. Поради …

Без вода дел од општините Сопиште, Карпош, Сарај и Центар Read More »

Почнува пролетта


Пролетта почнува денеска во 04:06 часот, а во истовреме на Јужната хемисфера почнува есента. Пролетта ќе трае 92 дена до 20 јуни кога ќе почне летото.  На првиот ден од пролетта, Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 37 минути, а ќе зајде во 17 часот и 46 минути. Денов ќе трае 12 часа и …

Почнува пролетта Read More »

Сончево со мала облачност, наутро студено


Студено утро, а преку ден сончево со појава на мала облачност, најавува Управата за хидрометеоролошки работи. Ќе дува слаб до умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 9, а максималната од 11 до 18 степени. Во Скопје слично време со слаб до умерен …

Сончево со мала облачност, наутро студено Read More »

Дали ова е новиот Џејмс Бонд ?


Англискиот актер Арон Тејлор-Џонсон (33) е избран за следниот Џејмс Бонд, објавија повеќе британски медиуми. Триесет и тригодишниот глумец, најпознат по улогите во филмовите „Фајтер“ (Kick-Ass), „Одмаздници“ и „Ноќни суштества“, ја добил понудата од продукцијата, која очекувала потврден одговор од него. „Еон продакшнс“ работи на сценариото и се подготвува за снимањето на новиот филм за …

Дали ова е новиот Џејмс Бонд ? Read More »

Изданија на СВП се дистрибуираат во јавни установи низ државата


Вкупно 64 наслови од изданијата на „Струшки вечери на поезијата“ ќе бидат дистрибуирани и отстапени на трајно користење без надомест на државни органи, правни лица основани од државата, здруженија на граѓани и фондации кои имаат потреба. Националната установа „Струшки вечери на поезијата“ соопшти дека дистрибуцијата до јавните установи веќе била почната, согласно Владина одлука. – …

Изданија на СВП се дистрибуираат во јавни установи низ државата Read More »

Астрономски календар


 Денеска е среда, 20 март 2024 година, 80-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 286 дена.  Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 37 минути, а ќе зајде во 17 часот и 46 минути. Денов трае 12 часа и 9 минути. Месечината, која е во фаза на прва четвртина нема да изгрее …

Астрономски календар Read More »

Од Анастасов до Чемерски: Трета изложба „Париски рефлексии“ по повод Месецот на Франкофонијата


Францускиот институт во Скопје и Националната галерија, во рамките на одбележување на Месецот на Франкофонијата, го најавуваат третото продолжение од циклусот изложби, под наслов „Париски рефлексии“. Отворањето ќе се одржи в петок, 22 март 2024, во 12 часот, во Чифте амам. Изложбата, која го носи предзнакот 3, претставува избор на дела од третата генерација македонски уметници …

Од Анастасов до Чемерски: Трета изложба „Париски рефлексии“ по повод Месецот на Франкофонијата Read More »

„Сакам живот надвор од мојот бренд“: Дрис Ван Нотен по 38 години се повлекува од кормилото


Утринава, Ван Нотен објави писмо адресирано „Драги пријатели“ во кое е наведен неговиот план да се повлече од кормилото на модната куќа што ја основал пред 38 години, етикета која има огромно влијание врз модната индустрија и начинот на облекување на жените.  Колекцијата за пролет 2024 година што Ван Нотен ја прикажа пред само неколку …

„Сакам живот надвор од мојот бренд“: Дрис Ван Нотен по 38 години се повлекува од кормилото Read More »

Сабаленка ќе се повлече од турнирот во Мајами по смртта на партнерот


  Белоруската тенисерка Арина Сабаленка ќе се повлече од турнирот во Мајами, пренесува „Tennis365“. Дваесет и петгодишната Белорусинка е отстранета од официјалниот распоред на тренинзите, а објавите за нејзиното учество на социјалните мрежи се избришани. Претходно се дозна дека нејзиниот интимен партнер, Константин Колцов (42) почина на 18 март во Мајами каде што допатува за …

Сабаленка ќе се повлече од турнирот во Мајами по смртта на партнерот Read More »

Спектаклот ABBA SYMPHONIC доаѓа во Скопје на 26 април


Проектот кој распродава концертни сали каде и да настапува низ Европа, премиерно доаѓа во Скопје на 26 април во „Борис Трајковски“, да ги донесе сите хитови на ABBA; “Mamma Mia”, “Dancing Queen”, “Money, Money, Money”, “Waterloo”, “Voulez – Vous” во придружба на симфониски оркестар, извонреден бенд и светска продукција за проект досега невиден во Скопје, …

Спектаклот ABBA SYMPHONIC доаѓа во Скопје на 26 април Read More »

Онлајн предавање на француско-романскиот автор Матеј Вишниек во Јуроп хаус


Во среда, 20 март 2024 година, во 18 часот, во Јуроп хаус  ќе се одржи онлајн-предавањето на француско-романскиот автор Матеј Вишниек.    Матеј Вишниек е писател (драматург, новинар, поет и романописец) кој твори на француски јазик. Како и кај други уметници и интелектуалци кои се родени во Романија, но твореле во културата на дијаспората (како …

Онлајн предавање на француско-романскиот автор Матеј Вишниек во Јуроп хаус Read More »

„Мојата прва библиотека“ од Деспина Мукоска – нов воспитно-образовен комплет за почетно читање


Новиот воспитно-образовен комплет за почетно читање „Мојата прва библиотека“ од авторката Деспина Мукоска, со илустрации на Калиопи Трпчева, ќе биде промовиран на 20 март (среда), во 13:30 часот,  во книжарницата „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“. Промотори на изданието за деца ќе бидат проф. д-р Весна Мојсова-Чепишевска, проф. д-р Јасмина Делчева-Диздаревиќ и Владанка Д. Миче, а во …

„Мојата прва библиотека“ од Деспина Мукоска – нов воспитно-образовен комплет за почетно читање Read More »