Најстудено утрово во Берово, најмногу снег на Попова Шапка
Најстудено утрово е во Берово со -7 степени Целзиусови, а најтопло во Охрид каде се измерени 2 степени, покажуваат податоците на Управата за хидрометеоролошки работи. Според УХМР, на Попова Шапка се измерени – 6 степени, -5 во Скопје-Петровец, -4 во Крива Паланка, Битола, Велес, Демир Капија и Струмица, -3 во Скопје-Зајчев Рид, Тетово, Штип, Кавадарци […]