На 90 години почина Стипица Калоѓера, еден од најзначајните хрватски композитори
Загреб – Почина Стјепан Стипица Калоѓера, еден од најзначајните хрватски композитори, аранжери, диригенти и продуценти. Имаше 90 години. Хрватското друштво на композитори известува дека тој починал пред неколку дена. Стипица Калоѓера уште од мали нозе покажал исклучителен талент за музика. Во Загреб најпрвин почнал да свири на виолина, а подоцна и на труба и пијано. […]