Најстудено во Берово, најтопло во Охрид


 Утрово најниска темепратура од 1 степен Целзиусов, е измерена во Берово, а најтопло е во Охрид со 10 степени. Како што соопшти УХМР, 2 степени се измерени во Скопје-Петровец, 3 Струмица, Крива Паланка 4 Скопје-Зајчев Рид, Велес, Демир Капија, Штип, Велес, Битола, 5 Тетово, Гевгелија, Кавадарци, 6 Попова Шапка, Лазарополе, 7 Виница, 8 Прилеп, Претор, …

Најстудено во Берово, најтопло во Охрид Read More »

Ѓоковиќ по поразот од Синер: Јаник одигра фантастичен меч


Торино- Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ го пофали Италијанецот Јаник Синер од кого вчеравечер загуби со 2:1 во меч од зелената група на завршниот АТП турнир во Торино. – Мислам дека главната разлика е во тоа што во важните моменти беше похрабар. Јаник заслужи да победи бидејќи во клучните моменти не бев доволно агресивен, недоволно решителен. …

Ѓоковиќ по поразот од Синер: Јаник одигра фантастичен меч Read More »

За изборите предвидени една милијарда денари, почнатите капитални инвестиции ќе се реализираат и во изборна година


 За изборите догодина со Предлог-буџетот за 2024-та се предвидени една милијарда денари или за секој циклус по 500 милиони денари, рече вчера министерот за финансии Фатмир Бесими. Според него, планираните капитални инвестиции за време на изборите не смеат да се промовираат, но нивната реализација нема да се стопира. -Јасно е во Законот за спречување на …

За изборите предвидени една милијарда денари, почнатите капитални инвестиции ќе се реализираат и во изборна година Read More »

Премиера на концертот за деца „Оловното војниче“ во Филхармонија


Филхармонијата денеска напладне премиерно ќе го изведе концертот за деца насловен „Оловното војниче“ на музика од македонскиот композитор Филип Иванов. Диригент е Борјан Цанев, а наратор актерот Мартин Јордановски. Концертот се темели на истоимената приказна од Ханс Кристијан Андерсен за љубовта помеѓу две играчки. -Премиерната изведба на ова музичко дело од Филип Иванов инспирирано од …

Премиера на концертот за деца „Оловното војниче“ во Филхармонија Read More »

Романската министерка за надворешни работи Одобеску во посета на Скопје


Шефицата на дипломатијата на Романија Луминица Одобеску денеска ќе престојува во работна посета на Северна Македонија, на покана на министерот за надворешни работи Бујар Османи. Како што соопшти МНР, во фокусот на разговорите ќе бидат билатералните односи, поддршката на Романија за европската интеграција на Северна Македонија, партнерството во рамки на НАТО, како и останатите актуелности …

Романската министерка за надворешни работи Одобеску во посета на Скопје Read More »

Форум за опасноста по културното наследство при воени конфликти


 „Опасност по културното наследство при воени конфликти – состојби, обврски и мерки за заштита“ е насловен форумот кој денеска напладне ќе се одржи во киносалата на Музејот на Република Северна Македонија. Форумот го организираат Македонскиот национален комитет за заштита на културно наследство во опасност „Син штит“ и Македонскиот национален комитет на Меѓународниот совет на музеите …

Форум за опасноста по културното наследство при воени конфликти Read More »

Промоција на „Бигор Шарпланинецот“ од Ферид Мухиќ


Во Културно-информативниот центар вечер од 19:19 часот ќе биде промовирана  новата книга на Ферид Мухиќ – „Бигор шарпланинецот  – приказни за пријателството и храброста“, објавена од Издавачкиот центар ТРИ. Како што соопшти издавачот, се работи за роман во раскази – „извонредна ода за пријателството, за нераскинливата поврзаност меѓу човекот и песот преку која се срочува …

Промоција на „Бигор Шарпланинецот“ од Ферид Мухиќ Read More »

Без струја делови од Центар, Катланово, Петровец и Страчинци


Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје соопшти дека, според известување од ЕВН,  без електрична енергија денеска ќе бидат кориснци од неколку населени места во околината на Скопје, поради технички интервенции во електродистрибутивната мрежа. Од 8:30 до 15 часот струја ќе немаат корисници од Катланово: Тотинци, Бадар, Кожле, ЗИК Фазанерија, фирмите „Арадико“ и …

Без струја делови од Центар, Катланово, Петровец и Страчинци Read More »

Од денеска задолжително е поседувањето на зимска опрема


Од денеска до 15 март, согласно одребите од “Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата“ (Сл.весник на Р.М. бр. 169/15, 226/15, 55/16, 11/18, 83/18 и 191/18),  и Законот за изменување на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 98/19,  302/20 и 122/21), возилата кои учествуваат во јавен сообраќај …

Од денеска задолжително е поседувањето на зимска опрема Read More »

Спасовски ќе го посети пунктот на МВР за промена на лични документи без закажување


 Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски заедно со  раководството на МВР денеска ќе го посети пунктот за промена на лични документи без закажување.  Пунктот на Министерството за внатрешни работие е лоциран во салата на сообраќајна полиција во рамки на Полициската станица „Пролет” во Општина Кисела Вода.

Лепа Брена доаѓа во Скопје, не заради концерт, туку…


Балканската музичка ѕвезда која и на 63 години е актуелна со кариерата, модата и приватниот живот, доаѓа во Скопје. Причината не е музички концерт, туку промоција на својот бренд на хулахопки . „Лејди Б“ хулахопките се технолошки најнапредниот производ на регионалниот пазар, кој содржи хијалуронска киселина и златни наночестички во ткаенината. Самиот производствен процес траел …

Лепа Брена доаѓа во Скопје, не заради концерт, туку… Read More »

Ќе се основа НУ Спомен-куќа на Мустафа Кемал Ататурк во Коџаџик, општина Центар Жупа


Владата, на предлог на Министерството за култура, донесе Одлука за основање национална установа „Спомен куќа на Мустафа Кемал Ататурк“-Коџаџик, Центар Жупа. Новата национална установа ќе извршува музејска дејност, а целта на одлуката е истражување, собирање, средување, стручно и научно обработување, проучување, заштита, чување, објавување и презентирање на историско етнолошките предмети поврзани со животот и делото на …

Ќе се основа НУ Спомен-куќа на Мустафа Кемал Ататурк во Коџаџик, општина Центар Жупа Read More »

Променливо облачно, претпладне со слаба магла, а попладне и во вечерните часови со повремен дожд


Претпладне ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со утринска магла по одделни котлини. Попладне и во текот на ноќта ќе има локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен, наместа во западните делови повремено засилен ветер од западен, а попладне долж Повардарието од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до …

Променливо облачно, претпладне со слаба магла, а попладне и во вечерните часови со повремен дожд Read More »

Астрономски календар


Денеска е среда, 15 ноември 2023 година, 319-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 46 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 23 минута, а ќе зајде во 16 часот и 13 минути. Денов трае 9 часа и 49 минути. Месечината, која е во фаза на млада Месечина, ќе изгрее во …

Астрономски календар Read More »

Тракиското сребро блеска како злато: Ексклузивни археолошки предмети на изложба во Скопје (галерија)


Македонската публика има чест да го проследи во целост претставувањето на тракиската култура на ексклузивната изложба „ Сребрена Тракија“ , што денеска свечено беше отворена  во  Археолошкиот музеј , како плод на соработката во културата меѓу Македонија и Бугарија. Со оглед на фактот што изложбата во Скопје ги надминува и по обем и по комплексност …

Тракиското сребро блеска како злато: Ексклузивни археолошки предмети на изложба во Скопје (галерија) Read More »

Изложбата „Сребрена Тракија“ со невиден интерес во Скопје: Историјата не се буди по потреба, туку се учи за да не разбуди


Изложбата „Сребрена Тракија“ е значаен чекор напред во веќе воспоставената соработка меѓу нашата земја и Бугарија, за зачувувањето на културното наследство кое истовремено е и заедничка европска вредност. Поставените дела се непроценливо сведоштво за денешната историја на дел од Европскиот континент. Ова беше посочено денеска за време на отворањето на изложбата во Археолошкиот музеј во …

Изложбата „Сребрена Тракија“ со невиден интерес во Скопје: Историјата не се буди по потреба, туку се учи за да не разбуди Read More »

МТФ „Војдан Чернодрински“ го започна вториот циклус едукативни театарски работилници


Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ го започна вториот циклус едукативни работилници што, во рамките на претстојниот 58. МТФ „Војдан Чернодрински“, ги организира во соработка со училиштата од Прилеп. Во текот на наредните седум месеци, учениците ќе ги изучуваат театарските процеси преку вежби и гостувања на театарски работници, и тоа врз еден од текстовите на Горан …

МТФ „Војдан Чернодрински“ го започна вториот циклус едукативни театарски работилници Read More »

Поетска вечер со Влада Урошевиќ на УКИМ во чест на „Златен венец“ на СВП 


Во Аулата на Филолошкиот факултет „Блаже Конески”  на 15 ноември (среда) 2023 година, во 18 часот ќе се одржи поетска вечер со академик Влада Урошевиќ (1934, Скопје), како годинашен добитник на Златен венец на СВП.  За време на настанот, предвидено е студенти од Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ да презентираат препеви на неколку странски јазици. За …

Поетска вечер со Влада Урошевиќ на УКИМ во чест на „Златен венец“ на СВП  Read More »

Италијанска гурмански магија во Limak Skopje Luxury Hotel


Љубителите на пица, паста, различни видови на сирења, пршута и десерти, ќе имаат можност да уживаат во автентичните вкусови на италијанската кујна. На 21 ноември годинава, во Limak Skopje Luxury Hotel ќе се одржи специјална гала вечера на тема „Италијанска кујна: традиција и иновации“. Настанот е дел од Неделата на италијанска кујна, а Limak Skopje …

Италијанска гурмански магија во Limak Skopje Luxury Hotel Read More »

Костадиновска-Стојчевска и Крастев: Македонските и бугарските институции во културата ги афирмираат европските вредности


Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска и бугарскиот министер за култура, Крастју Крастев, денеска на Владата одржаа билатерална средба на која разговараа за досегашните односи во културата меѓу двете земји, како и за можностите за нивно унапредување. Во фокусот на средбата, на која беа присутни и заменици-министрите за култура на двете земји, Даим Лучи и Амелиа Гешева, беше …

Костадиновска-Стојчевска и Крастев: Македонските и бугарските институции во културата ги афирмираат европските вредности Read More »