Лепа Брена доаѓа во Скопје, не заради концерт, туку…


Балканската музичка ѕвезда која и на 63 години е актуелна со кариерата, модата и приватниот живот, доаѓа во Скопје. Причината не е музички концерт, туку промоција на својот бренд на хулахопки .

„Лејди Б“ хулахопките се технолошки најнапредниот производ на регионалниот пазар, кој содржи хијалуронска киселина и златни наночестички во ткаенината.

Самиот производствен процес траел цели 3 месеци. Специјалната патентирана ткаенина доаѓа од Шпанија, а самото производство се одвива специјално за „LADY B“ во Италија во фабрика која повеќе од 50 години ги произведува најквалитетните чорапи во светот.

Брена ќе присуствува на промоцијата на Lady B во парфимеријата “Cosmos“ во ТЦ „Зебра“ в четврток, на 16 ноември, во 15 часот. 

Познатиот сајт „Celebrity net worth“ го собра целото богатство на личности од светот на забавата, спортот и другите гранки. Резултатите на страницата ги проверува и потврдува тим од уредници и експерти од индустријата.

Според сајтот, Лепа Брена има повеќе од 16 милиони долари. Таа е најпродаваната жена-уметник во поранешна Југославија, со продадени повеќе од 40 милиони плочи.

Иако нејзиното вистинско име е Фахрета Живојиновиќ, таа е попозната по уметничкото име Лепа Брена. Нејзиниот деби студиски албум „Чачак, Чачак“ беше издаден во 1982 година, а до 2013 година издаде вкупно 17 албуми.

Фахрета Живојиновиќ се појави и во неколку филмови и телевизиски серии. Таа глумеше на новогодишната забава во Белград во 2016 година заедно со Стивен Сигал.

Лепа Брена е многу успешна деловна жена, заедно со нејзиниот долгогодишен пријател Саша Поповиќ ја основа музичката империја „Гранд продукција“.

Пејачката исто така многу паметно ги вложува своите пари, па не е изненадувачки од каде потекнува нејзиното богатство.