Општина Карпош субвенционира купување нови велосипеди и електрични тротинети


Започнувајќи од денеска, понеделник (17.03.2025 година), локалната самоуправа стартува со акцијата за субвенционирање за купување на нови велосипеди и електрични тротинети, наменета за жителите на општина Карпош. Во таа насока, Општината од својот буџет одвои финансиски средства во висина од 850.000 денари, а акцијата ќе трае до исцрпување на средствата функционирајќи според принципот „прв дојден, […]

Девет европски земји понудија помош по пожарот во Кочани


Европската Унија ја покажува својата солидарност по вчерашниот трагичен пожар во Кочани и одговори на барањето на Северна Македонија за активирање на Механизмот за цивилна заштита, информира денеска портпаролката на Европската комисија за социјални права и вештини, подготвеност, еднаквост, култура и здравство Ева Хрнчирова.  – Ние веднаш реагиравме и понудивме да евакуираме пациенти со тешки […]

Одложена промоцијата на книгата „На врв од острицата“ од Сузана В. Спасовска


Се одложува промоцијата на книгата „На врв од острицата“ од Сузана В. Спасовска во ДПМ, најавена за утре, 18.3.2025. Ќе се одржи на друг датум, за кој јавноста дополнително ќе биде известена. 

Утре студено и ветровито, претпладне дожд и снег


Времето утре ќе биде променливо облачно и студено со умерен до засилен северен ветер, над 60 километри на час. Претпладне, претежно во западните и југозападните делови ќе има врнежи од дожд и снег во пониските и од снег на повисоките места и на планините, каде ќе се формира нова снежна покривка, со висина од два […]

Влошена состојбата на Панчо, приклучен е на апарати


  Владимир Блажев – Панчо од бендот ДНК е во критична состојба откако тешко е повреден во пожар што избувна во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Здравствената состојба му се влошила во текот на ноќта и бил приклучен на апарати, во одделот на Интезивна нега во „Систина“. Ова го потврди пејачката Ребека Јанковска-Ристевски, која објави: „Да […]

Одложена „Денови на поезијата“ во Скопје Сити Мол


Поради трагедијата во Кочани, фондацијата „Ацо Шопов – Поезија“ и Скопје Сити Мол ја одложуваат манифестацијата „Денови на поезијата“, во чест на Светскиот ден на поезијата,  што требаше да се одржи од 20 до 23 март. Новот термин дополнително ќе биде соопштен. 

Состојбата на 14-те повредени од пожарот во Кочани во бугарските болници е тешка, петмина се интубирани


Бугарија прими 14 повредени во пожарот во ноќниот клуб во Кочани, кои се хоспитализирани во три болници. Според информациите од здравствените установи, сите пациенти се во тешка состојба, со изгореници и вдишување на жешки гасови, јави БТА. Во Универзитетска мултипрофилна болница за активно лекување и ургентна медицина „Н.И. Пирогов“ во Софија примени се осум пациенти, […]

Џастин Теру се ожени со Никол Брајдон Блум во Мексико


Џастин Теру е повторно оженет маж. Ѕвездата на Leftovers се венчаше со Никол Брајдон Блум во Тулум, Мексико, неколку месеци откако ја потврдија свршувачката, објави TMZ на 16 март. Невестата носеше бела невестинска тоалета без ракави со шлиц до бутовите и долг, лелеав превез. Младоженецот носеше бел смокинг со црни панталони. Теру, која претходно беше […]

МНТ ги откажа сите изведби


Македонскиот народен театар соопшти дека ги откажува сите изведби оваа недела поради трагината несреќа што се случи во Кочани, а во која загинаа 59 лица, а 155 се повредени.  – Поради тешката трагедија од големиот пожар, кој се случи во дискотеката во Кочани, сите изведби во Македонскиот народен театар во текот на оваа недела од […]

Откажан концертот Candlelight: Timeless на камерниот оркестар Профундис


Со длабока тага известуваме дека концертот Candlelight: Timeless на камерниот оркестар Профундис, закажан за 22 март 2025 година, се откажува поради трагичниот настан во Кочани што ја потресе Македонија. Во овие моменти на жалост и тага, нашите мисли се со семејствата на загинатите и повредените. Изразуваме искрено сочувство и длабока солидарност со сите погодени од […]

Вкупно 47 повредени ќе бидат хоспитализирани во странство, на помош пристигнуваат специјалисти по изгореници


Вкупно 47 повредени лица во пожарот во Кочани ќе бидат хоспитализирани надвор од државата, соопшти вечерва министерот за здравство Арбен Таравари.  Утре на помош во државата пристигнуваат специјалисти по изгореници од Израел, Белград и Прага кои ќе им помогнат на здравствените работници во државава.  Како што изјави Таравари, според информациите со кои располага, четири до […]

ЕУ доби барање за помош од Скопје околу трагедијата во Кочани


 Eвропската Унија доби барање од Северна Македонија за помош во справување со последиците од пожарот во ноќниот клуб во Кочани, потврди за МИА портпарол на Европската комисија.  Повеќе детали за формата на помошта портпаролот најави за во текот на утрешниот ден. Претходно, Европската комисија информира дека ЕУ е подготвена да и помогне на земјава преку […]

Алкараз поразен во полуфиналето на Индијан Велс


Индијан Велс – Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз е разочаран по поразот од Британецот Џек Дрејпер во полуфиналето на турнирот во Индијан Велс (САД). Натпреварот заврши со резултат 6:1, 0:6, 6:4 во корист на 14. светски рекет. – Се разбира, сакав да победам трет натпревар по ред. Не сум толку многу разочаран што не го направив тоа, […]

Лажни линкови за донација се шират на социјалните мрежи, по трагичната несреќа во Кочани


Лажни линкови за донација се појавуваат на социјалните мрежи преку кои се бара помош за лекување или за семејствата на починатите, јави телевизија Стар. Од СВР Штип предупредуваат на внимателност и детална проверка од страна на граѓаните бидејќи во овој момент таква активност нема, пренесува телевизијата. Најмалку 59 семејства се завиени во црно откако ги […]

Загина Андреј од ДНК – се спасил од пожарот во Кочани, но се вратил да спасува девојчиња


  Македонската естрада е во шок. Андреј Ѓоргиески (1982, Скопје), еден од членовите на дуото ДНК, им подлегнал на повредите од пожарот во Кочани кој избувна утринава пред 3 часот. Од релевантни извори во јавноста се прошири дека Андреј се спасил, но се вратил да спаси девојчиња и повеќе не излегол од внатрешноста. Зад себе […]

Здравко Чолиќ ги одложи концертите во Скопје


Преку социјалните мрежи, Чолиќ објави дека концертите закажани за во Скопје се откажани поради трагедијата која и се случи на Македонија со пожарот во Кочани. Тој напиша дека истите ќе биде презакажани за некој друг датум.

Сите културни настани оваа недела се откажуваат


Министерството за култура и туризам во знак на почит кон настраданите во трагедијата што се случи рано утринава во Кочани и нивните семејства информира дека сите планирани настани во установите од областа на културата во текот на следната недела се откажуваат.   Министерот за култура и туризам Зоран Љутков по повод трагичната несреќа која рано […]

Трагедијата во ноќниот клуб во Кочани стана светска вест


Светските агенции ја пренесоа веста дека рано утринава во пожар во ноќен клуб во Кочани животот го загубија над 50 млади лица. Агенциите и медиумите се повикуваат на официјални податоци од Министерството за внатрешни работи и на податоци на релевантни македонски медиуми Би-Б и-Си, повикувајќи се на соопштерние на македонското МВР, јави дека „51 лице […]

Спектакл и емоции: Скопје ќе ја памети волшебната ноќ со Пласидо Доминго (фото)


И тоа се случи. Скопје го виде вечерва славниот шпански тенор Пласидо Доминго во живо, и Доминго го виде Скопје овие неколку дена. На сценатата во „Борис Трајковски“ со претставници од политичкиот врв, дипломатскиот кор и со публика од регионот, се случи оперска магија исполнета со емоции и драматичност, благодарејќи на професионалниот настап на Доминго, […]