ЕК ја одобри реформската агенда, Македонија добива 750 милиони евра


Европската комисија денеска ги одобри реформските агенди на пет партнери од Западен Балкан, меѓу кои и Македонија, со што се отвора пат за исплати од Инструментот за реформи и раст за Западен Балкан, во вредност од шест милијарди евра. „Комисијата денеска ги одобри реформските агенди на Албанија, Косово, Црна Гора, Северна Македонија и Србија по …

ЕК ја одобри реформската агенда, Македонија добива 750 милиони евра Read More »

Левица: Силјановска ја погази својата професија и помилува членови на наркокартели


Скандалозната одлука на претседателката Силјановска да помилува криминалци кои се дел од познати нарко групи покажува дека и новата власт има „долгови” кон криминалното подземје. Токму Силјановска во предизборието го обвинуваше Пендаровски дека помилувал член на кланот Барон, за вчера да одекне веста дека претседателката помилува уште еден криминалец од оваа група која го тероризира …

Левица: Силјановска ја погази својата професија и помилува членови на наркокартели Read More »

Славе Ѓорѓо Димоски ја прими наградата „23 Октомври“: Ако поетот замолчи, ќе замолчат и душата и јазикот


На поетот, есеист и преведувач Славе Ѓорѓо Димоски денеска му беше врачена државната награда „23 Октомври“ за долгогодишно остварување во областа на културата и уметноста. Димоски одбележува два јубилеја, 65 години од раѓањето и 45 години творештво. Неговата поезија е преведена на над 35 јазици на сите континенти. Автор е на шест книги за деца …

Славе Ѓорѓо Димоски ја прими наградата „23 Октомври“: Ако поетот замолчи, ќе замолчат и душата и јазикот Read More »

За СДСМ се шокантни скандалозните помилувања на Сиљановска Давкова


Шокантни се скандалозните помилувања од страна на претседателката Сиљановска Давкова, вели Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ . „Давкова помилувала осудени криминалци, дел од нарко кланови, уапсени во големи полициски акции со заплени на оружје, пари и дрога. Најшокантно е помилувањето на припадници на криминалниот нарко-клан „Барон“, како и роднини на познатиот Шенки. За дел од …

За СДСМ се шокантни скандалозните помилувања на Сиљановска Давкова Read More »

Голем интерес за вакцинација против сезонски грип, досега пријавени над 52 000 лица


Министерството за здравство информира дека на сајтот vakcinacija.mk досега се пријавени над 52 000 лица, што покажува голем интерес на граѓаните да се заштитат од компликации од сезонски грип. Во пунктовите за вакцинација првите два дена се вакцинирани 8 800 лица. Пријавувањето се врши со пополнување на апликацијата на vakcinacija.mk и со тоа директно се …

Голем интерес за вакцинација против сезонски грип, досега пријавени над 52 000 лица Read More »

Сараево е прогласен за најдобрата светска дестинација за 2025 година


  Сараево е прогласен за најдобрата светска дестинација за 2025 година, по избор на читателите на „Нешнал географик травел“ (National Geographic Travel). „Официјално е: Сараево е избор на победник по избор на читателите за 2025 година“, стои на профилот на Инстаграм на National Geographic заедно со листата на најдобрите на светот за 2025 година. „Главниот …

Сараево е прогласен за најдобрата светска дестинација за 2025 година Read More »

Eдриен Броди и Никол Кидман на пат да испишат историја на Оскарите


Eдриен Броди и Никол Кидман се вратија во трката за Оскар оваа година со нивните соодветни филмови „The Brutalist“ и „Babygirl“ од А24, и двајцата веќе се вртеа во трката за награди со силни фестивалски премиери. Ѕвездите сега бараат победа во нивните соодветни категории за најдобар актер и најдобра актерка, и ако тоа ви звучи …

Eдриен Броди и Никол Кидман на пат да испишат историја на Оскарите Read More »

Били Џоел по шест години го продаде замокот на Флорида за помала цена


Били Џоел конечно го продадеа замокот на Флорида откако ја намали цената за 22 милиони долари и чекаше 6 години за купувач.  Замокот, кој се наоѓа во ексклузивната област Маналапан во близина на Палм Бич, е продаден за 42,6 милиони долари – далеку под неговата оригинална побарана цена од 64,9 милиони долари. Патувањето да се …

Били Џоел по шест години го продаде замокот на Флорида за помала цена Read More »

Преспански договор: Штетен, реалност или „ремек дело“


Христијан Мицкоски пред пет години заговараше укинување на Преспанскиот договор, доколку се обезбеди двотретинско мнозинство од парламентот, а пет години подоцна бара да се примени како модел за уставни измени со одложено дејство, со цел да се надмине спорот со Бугарија и да одблокира патот на земјата кон ЕУ.  Линк до целиот текст тука

Штрајк на наставниците во Грција


Атина – Наставниците во основните и средните училишта во Грција утрово започнаа 24-часовен штрајк, што иако беше прогласен за незаконски од надлежниот суд, доби поддршка од Синдикатот на вработените во државниот сектор (АДЕДИ) и ќе се одржи регуларно, јави дописничката на МИА од Атина. Штрајкот се очекува да создаде проблеми во наставата и дел од училиштата …

Штрајк на наставниците во Грција Read More »

Ден на македонската револуционерна борба


Во земјава денеска се одбележува 23 Октомври, Денот на македонската револуционерна борба. На овој ден во 1893 година во Солун била основана Внатрешната Македонско-Одринска Револуционерна Организација (ВМОРО), со цел извојување автономија на Македонија преку револуционерна борба. Кулминација на дејноста на ВМОРО е организирањето на Илинденското востание во 1903 година во Македонија и на Преображенското востание …

Ден на македонската револуционерна борба Read More »

Руди Џулијани ги изгуби во тужба станот на Менхетен, „мерцедесот“ на Лорин Бекол и сувенири од 11 септември


  На Руди Џулијани му беше наредено да им предаде голем број луксузни предмети, вклучително и неговиот стан на Менхетен, на изборните службеници во Џорџија, Руби Фримен и Шеј Мос, за кои ширеше лаги по претседателските избори во 2020 година. Сојузниот судија на Менхетен, Луис Џ. ја донесе својата одлука во вторникот, наведувајќи дека поранешниот …

Руди Џулијани ги изгуби во тужба станот на Менхетен, „мерцедесот“ на Лорин Бекол и сувенири од 11 септември Read More »

Бил Гејтс донираше 50 милиони долари за кампањата на Камала Харис: „Овие избори се поинакви“


  Бил Гејтс донираше 50 милиони долари за кампањата на Камала Харис, политичка поддршка која првично беше наменета да биде приватна. Основачот на „Мајкрософт“ ја потврди донацијата за „Њујорк тајмс“ во вторникот, велејќи дека „овие избори се поинакви“, иако тој сè уште јавно не ја поддржува Харис. „Ги поддржувам кандидатите кои демонстрираат јасна посветеност на …

Бил Гејтс донираше 50 милиони долари за кампањата на Камала Харис: „Овие избори се поинакви“ Read More »

Во САД издадена книга мемоари од Алексеј Навални


Вашингтон – Aмериканското издаваштво Кнопф  ја промовираше автобиографијата на Алексеј Навални, руски опозициски лидер кој на почетокот на оваа година почина во затвор во Русија. Издаваштвото претходно соопшти дека книгата насловена „Патриот“ ќе биде објавена на 26 јазици, вклучувајќи го и рускиот. Според неговата сопруга, вдовицата Јулија Навалнаја, политичарот почнал да ги пишува мемоарите по …

Во САД издадена книга мемоари од Алексеј Навални Read More »

Фон дер Лајен на четиридневна турнеја низ Западниот Балкан


Брисел – Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денеска ја започнува четиридневна посета на земјите од Западниот Балкан, во чии рамки утре ќе престојува во Скопје.  Како што соопшти Еврокомисијата, за време на турнејата Фон дер Лајен ќе се сретне со лидерите на шесте земји регионот со кои ќе разговара за нивниот пат кон …

Фон дер Лајен на четиридневна турнеја низ Западниот Балкан Read More »

Стоечки овации за Симон Трпчески на концертот во Будимпешта


Маестро Симон Трпчески, одржа прекрасен концерт во Будимпешта со симфонискиот оркестар на Унгарското радио, под диригентската палка на италијанскиот диригент Рикардо Фрица. Тој го изведе Концертот за пијано и оркестар број 2 од Јоханес Брамс во првиот дел од вечерта, во свечената сала на музичката академија „Франц Лист“. „Се чувствувам прекрасно. Имав голема одговорност за оваа …

Стоечки овации за Симон Трпчески на концертот во Будимпешта Read More »

Традиционалниот Саем на студии во Франција во НУБ


Во понеделник, 28 октомври, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ во Скопје ќе се одржи традиционалниот Саем за студии во Франција, информираа од Францускиот институт во Скопје. Настанот ќе биде отворен за посетители од 11 часот, додека официјалното отворање е закажано во 12 часот. Саемот претставува настан за средба на македонските средношколци, студенти …

Традиционалниот Саем на студии во Франција во НУБ Read More »

Онкологија добила донации од лекови од половина милион евра, кои никаде не се евидентирани


Државниот завод за ревизија извршил ревизија на финансиските извештаи на Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија за 2023 година и утврдени се неправилности во спроведувањето на пописот на залихите и управувањето со истите, соопштуваат оттаму. Како што е наведено во последниот извештај за работата на Клиниката, недостасува вредносно усогласување на сметководствената евиденција за лекови и …

Онкологија добила донации од лекови од половина милион евра, кои никаде не се евидентирани Read More »

Студено утро со магла по котлините, преку денот сончево со слаб ветер


Времето денеска изутрина ќе биде студено со појава на магла по одделни котлини, а преку денот ќе биде сончево со слаб ветер претежно од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 7, а максималната ќе достигне од 19 до 24 степени Целзиусови. Во Скопје утрото ќе биде студено со појава на …

Студено утро со магла по котлините, преку денот сончево со слаб ветер Read More »

Астрономски календар


Денеска е среда, 23 октомври 2024 година, 297-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 69 дена.  Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 56 минути, а ќе зајде во 17 часот и 40 минути. Денов трае 10 часа и 43 минути. Месечината, која е во фаза на полна месечина нема да изгрее, …

Астрономски календар Read More »