Мода без граници: Моден Викенд Скопје ја славеше регионалната креативност и одржливост (фото)
Третиот ден на 29-тиот Моден Викенд Скопје кој се одржува во Културниот центар Лабораториум, синоќа, беше одраз на богатата регионална соработка и креативен израз, кој ја слави поврзаноста меѓу традицијата, иновациите и одржливоста. Овој ден отвори врати кон модни приказни кои ја пренесоа културната размена меѓу земјите од Балканот, истакнувајќи ја модата како платформа која …