Претпладне сончево и топло, попладне краткотраен дожд и ретки грмежи


Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 13, а максималната ќе достигне од […]

Франција и ЕУ интензивираат напори за привлекување научници од САД во Европа


Брисел– Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен денеска заедно со францускиот претседател Емануел Макрон ќе учествуваат на „Одберете Европа на науката“, што ќе се одржи на Универзитетот Сорбона во Париз.   Како што соопшти Европската комисија, Фон дер Лајен ќе има обраќање конференцијата при што ќе ја нагласи посветеноста на ЕУ кон изградба […]

Астрономски календар


Денеска е понеделник, 5 мај 2025 година, 125-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 240 ден. Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 25 минути, а ќе зајде во 19 часот и 37 минути. Денов трае 13 часа и 12 минути.  Месечината, која е во фаза на прва четвртина, нема да изгрее, […]

18 гостиварски судии тужеле по основ на погрешно пресметани додатоци за плата


Во 2024 година бројот на тужби во Гостиварскиот суд е особено зголемен и тоа – 23 тужби, од кои 18 тужби од судии по основ на погрешно пресметани додатоци на плата, односно минатиот труд, придонеси на плата на тужителите – судии, како и неисплатен регрес од минати години и 5 тужби од судски службеници по […]

На Амал Клуни може да ѝ биде забранет влез во САД, еве зошто


Филмската ѕвезда Џорџ Клуни и неговата сопруга,  адвокатка и активистка за човекови права, Амал Клуни, поседуваат домови низ целиот свет. Сепак, нов извештај покажува дека таа наскоро може да има проблеми со влегувањето во САД за да ги посети семејните домови во Калифорнија и Њујорк. На 25 април, „Фајненшл тајмс“ објави дека неколку виши адвокати […]

Стопанска банка ќе донира 250 илјади евра за семејствата погодени од пожарот во Кочани


Стопанска банка ги поддржува засегнатите од трагедијата во Кочани и продолжува посветено да обезбедува помош. Веднаш по немилиот настан, Банката им помогна на медицинските центри кои ги прифатија настраданите, а неколку дена подоцна ѝ помогна на болницата во Кочани да опреми и отвори советувалиште кое на долг рок ќеработи со настраданите, семејствата ицелата заедница. Дополнително, […]

Судскиот совет избра тројца врховни судии


Членовите на Судскиот совет на денешната седница ги избраа Зоран Димитриевски и Татјана Дуковска за кривични судии на Врховниот суд. Димитиревски и Дуковска се судии од Апелацискиот суд – Скопје. На седницата беше избрана и Маја Маркова за граѓански судија на Врховниот суд. Не се изврши избор на кандидатите Јетмир Ајдини Бошњаков, Наташа Савовска Димитровска […]

Ѕвездата на Париската опера, Роксан Стојанов, ја прими наградата „Менада“ на Танц фест Скопје


Ѕвездата на Париската опера, Роксан Стојанов, ја прими наградата „Менада“за врвни достигнувања во танцовата уметност за 2025 година, синоќа, на свеченото отварање на годинешното издание на Танц Фест 2025, кој одбележува 35 години современа танцова сцена кај нас. Наградата, во присуство на бројни гости од сите сфери на живеење, ѝ ја врачи истакнатата кореографка Рисима […]

Тамара и Билбилов ја прерабoтија „Време за плачење“ на маестро Џамбазов


„На една недела  до хуманитарниот концерт во МКЦ , заедно со мојот добар пријател и соработник Роберт Билбилов решивме да Ви подариме една нова верзија од безвременската „Време за плачење“ – една од моите омилени песни од маестро Џамбазов, сподели Тамара Тодевска, промовирајќи ја новата верзија на култната песна. Песната во 1992 година на „Макфест“ […]

Кошаркарската федерација ќе добие нов претседател ?


Иницијативниот одбор за промени во Македонската кошаркарска федерација за денес закажа Вонредно собрание на кое треба да се случат промени во раководството на организацијата. Според најавите, најпрво треба да се изгласа недоверба на досегашниот претседател на КФСМ. Перо Антиќ, а потоа да се гласа за нов предводник на македонската кошарка. Единствен кандидат за претседателското место […]

Indicta causa (Осуден во отсуство) – најнова поетска книга од Сашо Гигов-Гиш


Излезе најновата поетска збирка „Indicta causa (Осуден во отсуство)“ од Сашо Гигов-Гиш. „Во поезијата на Сашо Гигов-Гиш најарно е да се влезе со предзнаење или ич да не се влегува за да не се почувствува човек во читањето како изгубен Германец. А можеби и поарно е да се влезе без никакво знаење, со отворен ум […]

Љутков на ЕКСПО во Кјото – ќе ја унапредува културната соработка меѓу Македонија и Јапонија


Министерот за култура и туризам Зоран Љутков, кој е дел од владината делегација која е во посета на македонскиот павилјон во рамките на  „ЕКСПО 2025“ во Осака, Јапонија, денеска во Кјото, заедно со Игор Јанушев, генерален секретар на Владата на Македонија, и Андријана Цветковиќ, прв амбасадор на Македонија во Јапонија, оствари работна средба со комесарот за културни врски на Јапонија, г. Шуничи […]

Силен северен ветер ја зафати Грција – во одредени делови со брзина од над 100 километри на час


Атина – Во југозападниот дел на грчкиот остров Евија во изминатите два дена бил регистриран ветер со јачина од 134 и 127 километри на час, што воедно е и најсилниот во цела Грција, со оглед на тоа што земјата од понеделникот ја зафати силен северен ветер, јави дописничката на МИА од Атина. Според податоците од мрежата […]

Чудо од концерт за Кочани: Бетовен со виолинистот Роман Симовиќ и „Фејмс“ не воодушеви до болка


На јазикот на класичната музика, со звукот на автентична виолина на Страдивари од 1709 година, синоќа, во малата камерна сала на Филхармонија во Скопје, беше „allegro ma non troppo, larghetto, rondo“, а по паузата „poco sostenuto-vivace, allegrettto, presto-assai meno presto, allegro con brio“.   На јазикот на емоциите, Концертот за виолина и оркестар во Д-дур […]

Објавени конкурсите за државните награди „11 Oктомври“ и „22 Ноември“ за 2025


Министерството за култура и туризам информира дека Одборот за доделување на државната награда „11 Октомври“ распиша Конкурс за доделување на државната награда „11 Октомври“ за 2025. Со оваа награда се оддава највисоко признание за животно дело во областа на науката, уметноста, стопанството и во другите дејности од јавен интерес на Република Северна Македонија. Наградата се […]

Сатја Грабулоски направи веганска јакна со ликот на Брајан Адамс – му ја подари по концертот во Скопје


Македонскиот дизајнер Сатја Грабулоски, кој е познат по изработката на уникатни и оригинални патики за светски спортски и музички имиња, ја однесе својата работа скалико погоре. Тој и неговиот тим составија и исцртаа веганска јакна со ликот на Брајан Адамс, која канадската поп-ѕвезда  ја доби по концертот во Скопје во неделата. На јакната, тимот на […]

„Културата и траумата- Писмо до бугарскиот пријател“ – нова книга на д-р Златко Крамариќ


Во издание на „Матица македонска“ од Скопје излезе од печат книгата „Културата и траумата“ од познатиот македонист од Хрватска, д-р Златко Крамариќ. Воведниот текст од книгата  е во форма на „Писмо до бугарскиот пријател“. Како редок познавач на балканските состојби тој во овој прилог ја нагласува смислата за добрососедството и заемната почит меѓу државите, посочувајќи  дека  „еден од […]

Објавен е романот „Загубени во слободата“ од бугарскиот писател Владимир Зарев


Издавачката куќа Или-Или во едицијата ПРОаЗА го објави романот „Загубени во слободата“, најновата објава на реномираниот бугарски писател Владимир Зарев. Преводот од бугарски е на Бранислав Мирчевски а објавувањето на книгата е поддржано од „Национален фонд-Култура“ на Република Бугарија.   Во својот најнов роман, „Загубени во слободата“, големиот бугарски писател Владимир Зарев маестрално вплетува две временски линии – […]

Сѐ за Мет Гала 2025, најважната модна ноќ по Оскарите


Мет Гала 2025 е закажана за понеделник, 5 мај, во Музејот на уметност Метрополитен во Њујорк. Историски гледано, Мет Гала се одржува во првиот понеделник во мај. Секоја година, копретседавачите и спонзорите покануваат околу 450 гости да присуствуваат на новата изложба на Институтот за костими пред да се отвори за пошироката јавност. (И, тие ги […]

Бајага објави книга со сите песни што ги напишал


Музичарот Момчило Бајагиќ Бајага денес ја претстави монографијата „Песни“ на промоција во салата „Американа“ на Младинскиот центар во Белград (ДОБ). Книгата, објавена од менаџерската компанија на музичарот GMR, е со тврди корици и со над 370 страници и содржи песни што музичарот ги напишал за својот бенд „Бајага и инструктори“, како и песни напишани за […]