„Во дослух со Шопов“: Средба со поети, членови на ПЕН центарот и добитници на наградата „Ацо Шопов“ во Сити мол


Владимир Мартиновски, декан на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, на отварањето на Деновите на поезијата, со фондацијата „Ацо Шопов – Поезија“ во Скопје Сити мол, ја најави средбата со современите македонски поети, членови на ПЕН центарот и добитници на наградата „Ацо Шопов“, која ќе се одржи, вечерва, среда 21 мај, од 19 до 20 часот, под наслов […]

На врвот со скулптурите како дел од етнолошката ризница: Ретроспективната изложба на Анета Светиева во Даут пашин амам


И оваа година, Националната галерија продолжува со својата мисија. Имаме особено задоволство да го најавиме претставувањето на творештвото на Анета Светиева. Изложбата ќе биде поставена во Даут пашиниот амам до крајот на месец август, а официјалното отворање ќе биде на 21 мај 2025 (среда), во 20 часот. Ретроспективната изложба на Анета Светиева е дел од […]

Останаа уште десет дена да пријавите песна за Награда Милан Младеновиќ


Задужбината на Милан Младеновиќ на 1. мај го отвори седмиот конкурс за Наградата Милан Младеновиќ 2025 година. Под слоганот „Prijavi svoju stvar“, натпреварот трае до 31.05.2025 година. Заинтересираните – побрзајте оти има уште десет дена. Право да се пријават за наградата имаат автори и изведувачи од сите земји од територијата на поранешна Југославија, со песна чиј текст е на […]

Грција ќе го надгради граничниот премин Евзони


Атина- Итна надградба на граничниот премин Евзони, со воведување дополнителни мерки што ќе ги забрзаат контролите и ќе го намалат повеќечасовното чекање за влез и излез од Грција, било одлучено на состанокот свикан од заменик-министерот за внатрешни работи надлежен за областа Македонија-Тракија Константинос Јулекас и секретарот на децентрализираната администрација на истиот регион Јоанис Савас, јави дописничката […]

Што значи осудата на Депардје и одговорот на Кан за #MeToo во Франција


Пaриз– За моќните мажи во француската филмска индустрија, ова беше недела на пресметка. Жерар Депардје – најпознатиот машки актер во земјата – беше осуден за сексуален напад. Два дена подоцна, Филмскиот фестивал во Кан му забрани на друг актер обвинет за силување да оди по црвениот тепих. Заедно, одлуките испратија порака на која Франција долго […]

Kостадиновска – Стојчевска до Минчев: Зошто нема вработување на лектори по македонски јазик?


Пратеничката на СДСМ Бисера Костадиновска – Стојчевска на денешната собраниска седница посветена на пратенички прашања, упати прашање до министерот за јавна администрација, Горан Минчев, а се однесуваше на систематизација за вработување лектори по македонски јазик. „Членот 6 став (1) од Законот за употребата на македонскиот јазик пропишува задолжителна употреба на македонскиот стандарден јазик и неговото […]

Донесен е нов закон со кој ќе може да се зема во исто време и пензија и плата


Собранието во рамки на денешната работа по дневниот ред на 49-тата седница едногласно со 73 гласа „за“ ги донесе дополнувањата на Законот за работно ангажирање на лица, со кои работно ангажирано лице може да биде лице кое не е во работен однос, вработено лице, самовработено лице, лица помлади од 18 години кои согласно општите прописи […]

Трамп иницирал набавка на претседателски авион од Катар, и покрај тврдењата дека тоа е „подарок“


Вaшингтон – Администрацијата на поранешниот претседател Доналд Трам се обратила до Катар со иницијатива да купи авион „Боинг 747“ што би се користел како привремена замена за претседателскиот авион Air Force One, што треба да биде испорачан дури во 2027 година, дознава „Си-ен-ен“. Вредноста на авионот се проценува на околу 400 милиони долари. Трамп претходно тврдеше […]

„Секс, лаги и главоболки“ премиерно во Театар Комедија на 22 мај


В четврток, на 22 мај во Театар Комедија премиерно ќе биде изведена претставата „Секс, лаги и главоболки“ во режија на Александра Кардалевска. Во претставата играат: Жаклина Петровска, Елена Кузманов, Тони Денковски и Сергеј Димовски и Жаклина Стевковска Дрнасин (глас). Во најавата за претставата, која е колективно авторство се вели дека е инспирирана од животни искуства. […]

Предавања на Универзитетот Пантеон Асас Сорбона 2 на Јордан Плевнеш


Како долгогодишен визитинг професор и член на комисија за докторски студии на Универзитетот Пантеон Асас Сорбона 2, македонскот писател со интернационално реноме Јордан Плевнеш одржа серија предавања пред судентите на постдипломски студии од областа на комуникации и хуманистички науки на тема: „Улогата на драмскиот жанр во тековите на светската историја од Антиката до денес”. Предавањата […]

Мицкоски: Очекувам предлог за министер за здравство


Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски очекува предлог за министер за здравство, за кој најавува дека ќе се проценува според квалификациите на кандидатот. Одговарајќи на новинарски прашања премиерот рече дека најдоцна до наредната недела до пратениците ќе бидат доставени имиња за членови на Владата, по повлекувањето на Арбен Таравари од АА и неговите кадри.   -Јас очекувам […]

Ѓоковиќ: Сè уште имам желба да освојувам Гренд слем титули


Женева – Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ, кој го започнува своето учество на тенискиот турнир во Женева против Унгарецот Мартон Фучович во среда, изјави дека сè уште се смета себеси за кандидат за сите големи титули. -Моите подготовки во Белград поминаа добро. Имаше многу добри денови, но и некои тешки. Сега сум возбуден што ќе […]

„Меморија“ го промовира својот троен албум во живо од ланскиот концерт во арената „Борис Трајковски“


По концертот, лани, во арената „Борис Трајковски“ во Скопје, „Меморија“ реши целиот материјал да го издаде на носач на звук во вид на жив албум. И тоа во двоен формат – на ЛП плоча и на ЦД. Велат, се работи за вистински уникат, каков што во Македонија никогаш досега не е издаден, а е вистински […]

Од јуни бродска линија од Солун за островите Скијатос, Скопелос и Алонисос


Кон крајот на јуни се очекува одново да биде воведена бродската линија од Солун до Спорадите, односно до островите Скијатос, Скопелос и Алонисос што ќе функционира во текот на летниот период, јави дописничката на МИА од Атина. Градоначалникот на Скијатос Тодорис Ѕумас преку социјалните мрежи информираше дека „по неколкумесечни напори, одобрено е финансирање на морското […]

Во наредните денови променливо време со дожд, грмежи, силен ветер и локално невреме


Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса времето во следните денови ќе биде променливо облачно и топло со сончеви периоди. Наместа ќе биде нестабилно со врнежи од дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер (над 60 km/h) и изолирана појава на град, […]

Изабел Ипер во Кан во смел дизајн од коњски влакна на Баленсијага


Изабел Ипер, 72, ги воодушеви обожавателите во светл0-зелена тоалета со реси на 78-от годишен Кански филмски фестивал кој е во тек. Иконската француска актерка, позната по наградуваните филмови „Ел“ и „Учителката по пијано“, прошета по црвениот тепих носејќи смел дизајн од коњски влакна на Баленсијага. Ипер е глобален амбасадор на луксузната модна линија. Ипер беше […]

Дензел Вашингтон доби почесна Златна палма во Кан


Кан — Дензел Вашингтон организираше бурно патување на Канскиот филмски фестивал, помеѓу настапите на Бродвеј, за премиерата на „ Highest 2 Lowest“ на Спајк Ли во понеделник — и беше награден со изненадување: почесна Златна палма. Кан го смени дел од својот распоред за да го приспособи брзото патување на Вашингтон во Франција, кое се […]

Бремената Ријана во стилот на Штрумфета прошета по црвениот килим на Кан


Кан- Ријана беше визија во сино на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал во 2025 година. Пејачката на „Umbrella“ носеше светло син фустан со ѓердан – инспирирана од Штрумфета откако го позајми гласот на иконскиот анимиран лик во претстојниот филм „Штрумфови“. Поп-ѕвездата избра смела тоалета од тиркизен свилен жоржет, дизајниран од Питер Мулиер. Таа ја […]

Допирот на генерациите на „Денови на поезијата“ со фондацијата „Ацо Шопов – Поезија“


Со стихови од Григор Прличев и Константин Миладинов, како и од Адем Гајтани, Саме Лимани Жарноски, Гого Ивановски, Игор Исаковски, Абдулазис Ислами, Славко Јаневски, Фахри Каја, Бистрица Миркуловска, Георги Сталев и Лилјана Чаловска вчера беше отворено второто издание на Деновите на поезијата, во организација на фондацијата „Ацо Шопов – Поезија“ и Скопје Сити Мол. „Овие […]

Трамп ќе побара истрага за учеството на Спрингстин, Бијонсе и Опра во кампањата на Камала Харис


Критиките на Брус Спрингстин кон Доналд Трамп минатата недела се чини дека го разгореа американскиот tпретседател уште повеќе, бидејќи сега тој повикува на истрага за поддршката на суперѕвездите за Камала Харис за време на претседателската кампања. Еве што напиша Трамп на својата платформа „Трут соушал“: „КОЛКУ КАМАЛА ХАРИС МУ ПЛАТИ НА БРУС СПРИНГСТИН ЗА НЕГОВИОТ […]