Изложба „Жени уметници“ од колекцијата на ОСТЕН на 29 мај


Утре, четврток, 29 мај 2025 г. / 19 ч. во галерија ОСТЕН ќе се отвори изложбата на 15 македонски жени уметници со кои ОСТЕН има долгогодишна соработка. На изложбата ќе бидат претставени слики, цртежи и видеа од колекцијата на ОСТЕН од уметниците: Анка ДАНАИЛОВСКА| Евгенија ДЕМНИЕВСКА | Петра ЈОВАНОВСКА | Мирјана КРСТЕВА МАСЕТТИ | Росица ЛАЗЕСКА | Татјана […]

Бирги, село во Турција со историја од над 5.000 години, станува зелена туристичка дестинација


Една од најстарите туристички населби во Турција, селото Бирги, станува зелена дестинација. Во рамките на проектот SENTRUM (Центар за туристички практики засновани на одржлива енергија), чија цел е промоција на одржлив туризам и локален економски развој, Бирги поминува низ целосна зелена трансформација, а овој процес не само што ќе овозможи одржливост, туку и ќе ги […]

„Пролет за љубовници“: Дино Мерлин е автор на новата балада на Здравко Чолиќ (видео)


Музичката сцена во регионот е збогатена со новата балада „Пролет за љубовници“, од регионалната поп-ѕвезда – Здравко Чолиќ. „Пролет за љубовници“ не е само песна – тоа е филмска приказна, посветеност на времето и чувствата што доаѓаат со него.Песната е напишана според гласот и сензибилитетот на Чолиќ, и кантавторот Дино Мерлин, со што продолжува, со […]

„Аида“ од Џузепе Верди со солисти од Италија, Шпанија и Јужна Кореја ќе ги затвори 53. „Мајски оперски вечери“ 


На 31 мај во 20 часот, величествената „Аида“ од Џузепе Верди, традиционално ќе го затвори  53.издание на фестивалот „Мајски оперски вечери“.  Спојот на традицијата со визуелната иновација, преточена преку футуристичката виртуелна сценографија ќе ја одведат публиката на патување низ древниот Египет раскажувајќи приказна за љубовта. „Аида, магичното ремек-дело на Џузепе Верди ќе се изведе под диригентската палка […]

Литературно-музички хепенинг „Читањето е супермоќ“ на 1 јуни во „Ист гејт мол“


Литературно-музичкиот хепенинг „Читањето е супермоќ“ ќе се одржи на 1 јуни (недела), со почеток во 11 часот, на првиот кат во „Ист гејт мол“. Настанот е во организација на издавачката куќа „Арс Ламина“, во соработка со „Ист гејт мол“ и „Литература.мк“. Во рамките на хепенингот ќе бидат прогласени и наградени победниците на истоимениот литературен и […]

„Мала шега“ освои пет награди и се прикажуваше на 18 фестивали во земјава и странство


Краткометражниот филм „Мала шега“ во режија на Трифун Ситниковски, досега се прикажуваше на 18 фестивали во Македонија и низ светот, меѓу кои во Данска, САД, Италија, Финска, Кореја, Нигерија, Бразил и Узбекистан. Филмот ја имаше својата светска премиера на престижниот „Оденсе интернационален филсмки фестивал“, каде билетите за првата проекција беа распродадени, а фестивалот го посетија […]

Без струја корисници во Аеродром и Карпош


Без струја денеска од 09 до 15 часот ќе останат дел од корисниците од улиците „Горноврановска“, „Горно Лисиче“ и „Божидар Рајковиќ“, во општина Аеродром, а од 10 до 12 часот, корисниците од с. Горно Нерези во општина Карпош. Прекинот е поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа.

Глобалните температури веројатно ќе го надминат прагот од 1,5 Целзиусови степени во следните 5 години


Глобалните температури веројатно ќе бидат повеќе од 1,5 Целзиусови степени над прединдустриските нивоа во следните пет години, предупредија научниците. Откако рекордните температури во 2024 година го надминаа – барем привремено – прагот од 1,5 степени до кој земјите се согласија да го ограничат глобалното затоплување за да ги избегнат неговите најопасни влијанија, новите климатски предвидувања […]

Трамп: Системот „Златна Купола“ бесплатен за Канада ако се приклучи на САД


Вашингтон – Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Канада би можела да се приклучи на планираниот американски одбранбен воздушен штит, познат како „Златна Купола“, или со плаќање 61 милијарда долари или со станување дел од САД. – Ѝ кажав на Канада, која многу сака да биде дел од нашиот прекрасен систем „Златна купола“, дека тоа […]

Бесир Шабани нов член на Надзорниот одбор на „Македонска Навигација“ – М-НАВ


Бесир Шабани е нов член на Надзорниот одбор на „Македонска Навигација“ – М-НАВ, објави Македонската берза. – Ве известуваме дека е извршена промена кај членовите на Надзорниот одбор на Акционерското друштво во државна сопственост за управување со воздушниот сообраќај и давање услуги во воздухопловна навигација М-НАВ АД Скопје. Со Одлука на Владата на Република Северна […]

Уставниот суд ќе ја разгледува иницијативата на Арсовска за ДУП за Градска четврт С3 16 во Ѓорче Петров


Уставниот суд денеска ќе расправа по иницијативата на Данела Арсовска, градоначалник на Град Скопје, која ја оспорува одлуката за донесување на ДУП за Градска четврт С3 16 Општина Ѓорче Петров, наведувајќи дека е спротивна на уставниот принцип на владеењето на правото. Во иницијативата се наведува дека завршната одредба од оспорената одлука за донесување на ДУП […]

Во Брисел одбележана 80-годишнината од кодификацијата на македонскиот стандарден јазик


Со пригодни обраќања, читање на стихови од поезијата на Блаже Конески и Славко Јаневски и настап на групата Љубојна синоќа во Брисел беше одбележана 80-годишнината од кодификацијата на македонскиот стандарден јазик.  – Овој ден не е само симбол на јазична норма, туку и на културна самобитност, бидејќи јазикот не е само средство за комуникација, туку […]

Зеленски во Берлин на средба со германскиот канцелар Мерц


Берлин – Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска се очекува да пристигне во Берлин на средба со новиот германски канцелар Фридрих Мерц, пренесе ДПА. Двајцата лидери планираат да разговараат за можни чекори кон понатамошни „технички“ разговори меѓу Украина и Русија, јави „Шпигел“. Посетата сè уште не е официјално потврдена ниту од Киев, ниту од Берлин. Патувањата […]

Изложба „Часови без часовник“ на Владимир Мартиновски во МКЦ


Вечерва, 28 мај (среда), во 21 часот  во Галерија 2 во МКЦ ќе се отвори изложбата „Часови без часовник“, поврзана со истоимената книга на Владимир Мартиновски. На изложбата се прикажуваат 15 негови дела во комбинирана техника на хартија, кои претставуваат илустрации во стихозбирката „Часови без часовник“ (сонетен венец во издание на Арс Ламина, 2025). Изложбата […]

Русија пресретнала над 100 украински дронови


Москва– Руската противвоздушна одбрана уништила или пресретнала над 100 украински беспилотни летала за три часа, вклучително и дронови што се движеле кон Москва, соопшти утрово руското Министерство за одбрана. Министерството на Телеграм информираше дека инцидентите се случиле помеѓу 21 часот и полноќ по московско време, при што биле соборени вкупно 112 дронови. Вкупно 59 од […]

Гаши ќе презентира Извештај по повод една година од мандатот


Претседателот на Собранието, Африм Гаши денеска ќе презентира Извештај по повод една година од мандатот. На денешен ден лани беше конституиран и новиот собраниски состав – 11. по ред од почетоците на плурализмот во земјава. За изборот на Гаши за претседател на законодавниот дом гласаа 76 пратеници, а шестминаа беа „против“.   По изборот и давањето […]

Променливо облачно со сончеви периоди


Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во крајните североисточни делови ќе има услови за локален слаб дожд. Ќе дува умерен, долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Како што соопшти Управата за хидрометеоролошки работи,  минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 14, а максималната ќе достигне од 19 до […]

Без вода дел од корисниците од улица „Црвена Вода“ во Центар


Поради изведување водоводен приклучок од Ф-80мм на ул. „Црвена Вода“ 24 во населба Центар, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од таа улица. Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:30 часот до санирање на дефектот. 

Врачување на наградата „Роман на годината“ на Калина Малеска


Во Драмскиот театар во Скопје вечерва во 20 часот ќе биде врачена наградата „Роман на годината“ за 2024 година, што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културата „Славко Јаневски“. Годинашен лауреат е романот „Светот што го избрав“ („Или-или“) од Калина Малеска, а оваа одлука ја донесе жири-комисијата во состав Лидија Димковска, Маја Бојаџиевска, […]

Пред пратениците Предлогот за именување гувернер на Народната банка


Пред пратениците во рамки на денешната 52. седница ќе биде Предлогот за именување гувернер на Народната банка на Република Северна Македонија. За иден гувернер е предложен универзитетскиот професор Трајко Славески од Економскиот факултет во Скопје, кој треба да ја замени досегашната гувернерка Анита Ангеловска-Бежоска. За избор на Славески се потребни 61 глас или просто мнозинство. […]