Осум лица, меѓу кои четири деца евакуирани од Израел


Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека првата група македонски државјани кои побараа евакуација од територијата на Израел, синоќа безбедно пристигна на скопскиот аеродром. Станува збор за осум лица – четири деца и четири возрасни – кои, како дел од поголем организиран транспорт, ја напуштија територијата на Израел и се упатија кон Египет, […]

Без струја делови од Илинден и Аеродром


 Без електрична енергија деенска од 08:10 до 14:30 часот, ќе останат корисниците од населба Јака и село Марино, дел од корисниците од селата Белимбегово и Кадино, објектите на Гранд Експорт, Текспорт, Мак Инвест и Хавеп, трафостаниците на Мак Инвест 381720, Бела Земја 1, 2, 3, 5, 6, 7 , 8, 9 и 10, како и […]

Руте: НАТО ја исполни својата 11-годишна цел за трошоци за одбрана


Кананаскис – Додека членките на НАТО се подготвуваат за самитот во Хаг следната недела, генералниот секретар Марк Руте рече дека алијансата сега ја исполни својата 11-годишна цел за трошоци за одбрана. -Со оглед на тоа што Португалија и Канада, исто така, се обврзаа да трошат два проценти од нивниот бруто домашен производ (БДП) за одбрана оваа […]

Состанок на Г7 во Канада – несогласувања околу декларацијата за Украина, отсутни меѓулидерски забелешки за Иран, без напредок за царините


Кананаскис – Состанокот на Г7 во Кананаскис, Канада, заврши со едногласно мислење дека Иран не може да се здобие со нуклеарно оружје, но со несогласувања околу декларацијата за Украина. САД се спротивставија на заедничката изјава за Украина што би содржела строг јазик со кој ќе се осуди Русија. Тие тврдеа дека сакаат да ја зачуваат својата […]

Изложба на етно накит „Игра со стаклени монистра“ во Галерија „Ко-Ра“


Во рамките на културната понуда на Град Скопје како Европска престолнина на културата 2028, вечер во 20 часот во Галеријата „Ко-Ра” ќе биде отворена изложба на етно накит „Игра со стаклени монистра”. Истовремено ќе се биде одржана и работилница за изработка на етно накит, проект во соработка со Културниот центар од Сесвете во Загреб. Накитот […]

На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата


Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен, а на граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено […]

Сончево и топло, попладне дожд и грмежи


Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Попладне ќе има развој на нестабилна облачност со локален пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 18, а максималната ќе достигне од 28 до 35 степени. Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. […]

Судењето за убиството на Вања и Панче продолжува со завршни зборови на одбраната


 Судењето за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски продолжува денеска во Основен Кривичен суд Скопје со завршен збор на одбраната на обвинетите. На изминатото рочиште Основното јавно обвинителство во завршните зборови побара максимална казна доживотен затвор за четворицата обвинети Љупчо Палевски, Влатко Кешишев, Боре Видевски и Велибор Манев, додека, за таткото на Вања, обвинетиот Александар Ѓорчевски, […]

Ова се новите членови на уметничкиот совет на МНТ


Врз основа на член 25, став 2 од Статутот на РСМ НУ Македонски народен театар – Скопје, директорот Никола Кимовски на 17.6.2025 г. донесе Решение за формирање уметнички совет во состав: Игор Џамбазов (1963) дипломира на ФДУ, Скопје во 1987 г. на отсекот за актерска игра. Од 1987 до 1992 г. работи во Драмскиот театар […]

Астрономски календар


Денеска е среда, 18  јуни 2025 година, 169-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 196 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 4 часот и 58 минути, а ќе зајде во 20 часот и 12 минути. Денов трае 15 часа и 14 минути.  Месечината, која е во фаза на последна четвртина, ќе изгрее 20 […]

Kонгресмени се обидуваат да го спречат Трамп да го нападне Иран


Вашингтон – Американскиот портал „Аксиос“ повикувајќи се на тројца неименуван извори објави дека претседателот Доналд Трамп сериозно ја разгледува можноста САД да се приклучат во војната помеѓу Израел и Иран и да ги нападнат иранските нуклеарни објекти. Тоа би значело директен конфликт помеѓу САД и Иран. Трамп денеска го свикува Советот за национална безбедност на кој […]

Владата ја усвои новата Стратегија за конфискација на незаконски стекнат имот


Владата на денешната седница ја усвои Стратегијата за зајакнување на капацитетите за финансиски истраги и конфискација на имот за периодот 2025–2028, заедно со Акцискиот план, соопшти вицепремиерот задолжен за политики на добро владеење, Арбен Фетаи. Овој документ, како што наведува, ја одразува непоколебливата посветеност на Владата за борба против организираниот криминал и корупцијата, преку зајакнување […]

Аксиос: Трамп го стопирал израелскиот план за атентат врз ајатолахот Хамнеи


Вашингтон – Американскиот портал Аксиос (Axios) повикувајќи се на неименувани владини претставници денеска објави дека претседателот Доналд Трамп го стопирал израелскиот план за атентат врз иранскиот врховен лидер ајатолахот Али Хамнеи за време на викендот. Израелската армија проценила дека има можност за напад, но Трамп не го прифатил планот. Според Аксиос, Белата куќа продолжува да ги […]

Данската министерка за европски прашања Мари Бјере во работна посета на Македонија


Министерката за европски прашања на Кралството Данска, Мари Бјере утре ќе престојува во работна посета на Македонија. Посетата е во пресрет на претседавањето на Данска со Советот на ЕУ. Бјере ќе се сретне со македонскиот колега, министерот за европски прашања Орхан Муртезани по што е најавена и заедничка прес-конференција. Како што информира Кабинетот на Муртезани, […]

Прва изложба на откупените и подарените дела на Националната галерија  во Чифте амам, во фокус легатот на Лазар Личеноски


Националната галерија на Македонија на 19.6.2025 година (четврток), во објектот Чифте амам во 20 часот ќе ја отвори групната изложба „Аквизиции и донации (2014 – 2024)“. Како што укажува и самиот наслов, овој проект се однесува на откупените и подарените дела на колекцијата на Националната галерија во период од 10 години и е всушност прва […]

ДПМ го одложи доделувањето на наградите на тематскиoт конкурс на  „Празник на липите 2025“


Штуро помина веста во пошироката јавност дека поради одредени некохерентности во изборниот процес (жирито е тајно), изборот на наградените и доделувањето на наградите на конкурс на тема „Помеѓу пејзажот и бетонот“, при затворањето на манифестацијата „Празник на липите 2025“  ќе се одложат за датум што ќе биде дополнително одреден од страна на Управниот одбор на […]

Се ожени синот на Џорџ Сорос, Рама беше на свадбата


Хума Абедин (48), политички стратег и поранешна блиска советничка на Хилари Клинтон, и Алекс Сорос (39), син на милијардерот филантроп Џорџ Сорос, ја крунисаа својата љубов овој викенд на елегантна церемонија во нивната резиденција во Вотер Мил (Water Mill). Двојката одржа заедничка церемонија која ги комбинираше муслиманските и еврејските обреди, почитувајќи го културното наследство на […]

Студентите во блокада поднесоа кривична пријава против Вучиќ поради посетата на повредените од пожарот во Кочани


Белград – Студентите кои се во блокада денеска поднесоа кривична пријава до Првото основно јавно обвинителство во Белград против претседателот на Србија Александар Вучиќ, обвинувајќи го дека „поради рејтинг“ ги посетил повредените од пожарот во дискотеката во Кочани, во Клиничкиот центар на Србија. „Не сакаме политички конфликти, не бараме одмазда, туку одговорност“, порачаа студентите пред […]

Диџеј Армин ван Бурен на 3 август во Битола -музички спектакл на стадионот “Петар Милошевски“


Ова лето, на 3 август, Битола ќе биде домаќин на еден од најголемите музички настани во историјата на градот. На Градскиот стадион „Петар Милошевски“ ќе настапи светската музичка ѕвезда и еден од највлијателните диџеи на сите времиња – Армин ван Бурен, во организација на Авалон продукција.  -Настапите на Армин се уникатни и од музички аспект […]

Промоција на книгата „Околу три по полноќ“ од Димитрие Дурацовски


Новата книга „Околу три по полноќ“ од Димитрие Дурацовски ќе биде промовирана на 19 јуни (четврток), во 19 часот, во „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“. Промотори на делото, кое е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, ќе бидат Влада Урошевиќ , кој го напиша пoговорот на книгата, и уредничката – Оливера […]