Поддршката на Европејците на ЕУ и еврото на рекордни нивоа


Брисел – Вкупно 52 отсто од Европејците имаат доверба во ЕУ, што е највисоко ниво во последните 18 години, а 74 проценти го поддржуваат еврото, што е досега највисока регистрирана поддршка за заедничката европска валута, покажуваат денеска објавените резултати од најновото истражување на Евробарометар.  – Во сегашниот геополитички контекст, Европејците би сакале да видат посилна […]

Ваљбона Адили Емини од Вреди нова пратеничка во Собранието по оставката на Салим Сулејмани


Државната изборна комисија (ДИК) ќе го извести Собранието да го верификува мандатот на пратеничката Ваљбона Адили Емини, на местото на пратеникот Салим Сулејмани од коалицијата Вреди.  На денешната седница ДИК констатираше дека Адили Емини го прифаќа мандатот за што и се издава писмено уверение, а по оставката на Сулејмани.  Претходно денеска Собранието пред почетокот на […]

Цртачки концерт на францускиот стрип артист Виду во МКЦ


Спој на стрип, музика и технологија, преку цртачки концерт и интерактивна претстава на францускиот стрип артист Виктор Дулон Виду, во музичка придружба на пијанистката Марина Васиљева ќе се одржи во четврток, 29 мај,во 20 часот во Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје. За време на престојот на стрип артистот во Македонија од 26 до 30 […]

Меланија Трамп негира дека синот Барон бил одбиен од Харвард – дали зад војната се крие одмазда


Првата дама Меланија Трамп негираше вирална гласина дека нејзиниот син, Барон Трамп, бил одбиен од Универзитетот Харвард. „Барон не аплицирал на Харвард и секое тврдење дека тој, или некој во негово име, аплицирал е целосно лажно“, изјави Николас Клеменс, директор за комуникации на Меланија, за „Њујорк пост“. Теоретичарите на заговор на социјалните медиуми шпекулираат дека […]

Колкави се нето платите низ Европа: Што останува по оданочувањето?


Кога зборувате за плата во Европа, дали зборувате за бруто или нето заработка? Ова е важна разлика, бидејќи заработката што останува по даноците значително варира од земја до земја. Главните причини за овие разлики се даноците и придонесите за социјално осигурување. Во некои земји, семејните додатоци исто така имаат дополнително влијание. Колку реално останува од […]

Изложба „Жени уметници“ од колекцијата на ОСТЕН на 29 мај


Утре, четврток, 29 мај 2025 г. / 19 ч. во галерија ОСТЕН ќе се отвори изложбата на 15 македонски жени уметници со кои ОСТЕН има долгогодишна соработка. На изложбата ќе бидат претставени слики, цртежи и видеа од колекцијата на ОСТЕН од уметниците: Анка ДАНАИЛОВСКА| Евгенија ДЕМНИЕВСКА | Петра ЈОВАНОВСКА | Мирјана КРСТЕВА МАСЕТТИ | Росица ЛАЗЕСКА | Татјана […]

Бирги, село во Турција со историја од над 5.000 години, станува зелена туристичка дестинација


Една од најстарите туристички населби во Турција, селото Бирги, станува зелена дестинација. Во рамките на проектот SENTRUM (Центар за туристички практики засновани на одржлива енергија), чија цел е промоција на одржлив туризам и локален економски развој, Бирги поминува низ целосна зелена трансформација, а овој процес не само што ќе овозможи одржливост, туку и ќе ги […]

„Пролет за љубовници“: Дино Мерлин е автор на новата балада на Здравко Чолиќ (видео)


Музичката сцена во регионот е збогатена со новата балада „Пролет за љубовници“, од регионалната поп-ѕвезда – Здравко Чолиќ. „Пролет за љубовници“ не е само песна – тоа е филмска приказна, посветеност на времето и чувствата што доаѓаат со него.Песната е напишана според гласот и сензибилитетот на Чолиќ, и кантавторот Дино Мерлин, со што продолжува, со […]

„Аида“ од Џузепе Верди со солисти од Италија, Шпанија и Јужна Кореја ќе ги затвори 53. „Мајски оперски вечери“ 


На 31 мај во 20 часот, величествената „Аида“ од Џузепе Верди, традиционално ќе го затвори  53.издание на фестивалот „Мајски оперски вечери“.  Спојот на традицијата со визуелната иновација, преточена преку футуристичката виртуелна сценографија ќе ја одведат публиката на патување низ древниот Египет раскажувајќи приказна за љубовта. „Аида, магичното ремек-дело на Џузепе Верди ќе се изведе под диригентската палка […]

Литературно-музички хепенинг „Читањето е супермоќ“ на 1 јуни во „Ист гејт мол“


Литературно-музичкиот хепенинг „Читањето е супермоќ“ ќе се одржи на 1 јуни (недела), со почеток во 11 часот, на првиот кат во „Ист гејт мол“. Настанот е во организација на издавачката куќа „Арс Ламина“, во соработка со „Ист гејт мол“ и „Литература.мк“. Во рамките на хепенингот ќе бидат прогласени и наградени победниците на истоимениот литературен и […]

„Мала шега“ освои пет награди и се прикажуваше на 18 фестивали во земјава и странство


Краткометражниот филм „Мала шега“ во режија на Трифун Ситниковски, досега се прикажуваше на 18 фестивали во Македонија и низ светот, меѓу кои во Данска, САД, Италија, Финска, Кореја, Нигерија, Бразил и Узбекистан. Филмот ја имаше својата светска премиера на престижниот „Оденсе интернационален филсмки фестивал“, каде билетите за првата проекција беа распродадени, а фестивалот го посетија […]

Без струја корисници во Аеродром и Карпош


Без струја денеска од 09 до 15 часот ќе останат дел од корисниците од улиците „Горноврановска“, „Горно Лисиче“ и „Божидар Рајковиќ“, во општина Аеродром, а од 10 до 12 часот, корисниците од с. Горно Нерези во општина Карпош. Прекинот е поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа.

Глобалните температури веројатно ќе го надминат прагот од 1,5 Целзиусови степени во следните 5 години


Глобалните температури веројатно ќе бидат повеќе од 1,5 Целзиусови степени над прединдустриските нивоа во следните пет години, предупредија научниците. Откако рекордните температури во 2024 година го надминаа – барем привремено – прагот од 1,5 степени до кој земјите се согласија да го ограничат глобалното затоплување за да ги избегнат неговите најопасни влијанија, новите климатски предвидувања […]

Трамп: Системот „Златна Купола“ бесплатен за Канада ако се приклучи на САД


Вашингтон – Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Канада би можела да се приклучи на планираниот американски одбранбен воздушен штит, познат како „Златна Купола“, или со плаќање 61 милијарда долари или со станување дел од САД. – Ѝ кажав на Канада, која многу сака да биде дел од нашиот прекрасен систем „Златна купола“, дека тоа […]

Бесир Шабани нов член на Надзорниот одбор на „Македонска Навигација“ – М-НАВ


Бесир Шабани е нов член на Надзорниот одбор на „Македонска Навигација“ – М-НАВ, објави Македонската берза. – Ве известуваме дека е извршена промена кај членовите на Надзорниот одбор на Акционерското друштво во државна сопственост за управување со воздушниот сообраќај и давање услуги во воздухопловна навигација М-НАВ АД Скопје. Со Одлука на Владата на Република Северна […]

Уставниот суд ќе ја разгледува иницијативата на Арсовска за ДУП за Градска четврт С3 16 во Ѓорче Петров


Уставниот суд денеска ќе расправа по иницијативата на Данела Арсовска, градоначалник на Град Скопје, која ја оспорува одлуката за донесување на ДУП за Градска четврт С3 16 Општина Ѓорче Петров, наведувајќи дека е спротивна на уставниот принцип на владеењето на правото. Во иницијативата се наведува дека завршната одредба од оспорената одлука за донесување на ДУП […]

Во Брисел одбележана 80-годишнината од кодификацијата на македонскиот стандарден јазик


Со пригодни обраќања, читање на стихови од поезијата на Блаже Конески и Славко Јаневски и настап на групата Љубојна синоќа во Брисел беше одбележана 80-годишнината од кодификацијата на македонскиот стандарден јазик.  – Овој ден не е само симбол на јазична норма, туку и на културна самобитност, бидејќи јазикот не е само средство за комуникација, туку […]

Зеленски во Берлин на средба со германскиот канцелар Мерц


Берлин – Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска се очекува да пристигне во Берлин на средба со новиот германски канцелар Фридрих Мерц, пренесе ДПА. Двајцата лидери планираат да разговараат за можни чекори кон понатамошни „технички“ разговори меѓу Украина и Русија, јави „Шпигел“. Посетата сè уште не е официјално потврдена ниту од Киев, ниту од Берлин. Патувањата […]

Изложба „Часови без часовник“ на Владимир Мартиновски во МКЦ


Вечерва, 28 мај (среда), во 21 часот  во Галерија 2 во МКЦ ќе се отвори изложбата „Часови без часовник“, поврзана со истоимената книга на Владимир Мартиновски. На изложбата се прикажуваат 15 негови дела во комбинирана техника на хартија, кои претставуваат илустрации во стихозбирката „Часови без часовник“ (сонетен венец во издание на Арс Ламина, 2025). Изложбата […]

Русија пресретнала над 100 украински дронови


Москва– Руската противвоздушна одбрана уништила или пресретнала над 100 украински беспилотни летала за три часа, вклучително и дронови што се движеле кон Москва, соопшти утрово руското Министерство за одбрана. Министерството на Телеграм информираше дека инцидентите се случиле помеѓу 21 часот и полноќ по московско време, при што биле соборени вкупно 112 дронови. Вкупно 59 од […]