АХВ: Внимателно со чаевите за слабеење што ги купувате на Фејсбук и на Инстаграм


Сѐ почесто сме сведоци на рекламирање на производи за слабеење со тврдења кои не се научно потврдени, а понекогаш дури и опасни по здравјето. Неконтролирана употреба на чаеви и додатоци за слабеење, посебно оние набавени преку социјалните мрежи или нерегистрирани онлајн-продавници, може да доведе до сериозни здравствени компликации – од дехидратација и нарушување на електролитен […]

Во земјината орбита лансиран сателит за мониторинг на загадувањето во Европа


Брисел – Од космодромот „Кејп Канаверал“ вчера во земјината орбита успешно беше лансиран европскиот сателит „Коперник Сентинел-4“, кој ќе има задача да ги следи квалитетот на воздухот и загадувањето во Европа, соопшти денеска Европската комисија.  Како што јави дописникот на МИА од Брисел, ова е првата мисија на програмата „Коперник“ во земјината орбита посветена на следење […]

Некогашниот дом на Мајкл Џордан во Чикаго може да се изнајми на Airbnb, цените се астрономси


Луксузната резиденција во областа на Чикаго, некогаш во сопственост на легендата на сите времиња во НБА, Мајкл Џордан, сега е наведена на Airbnb, нудејќи им на заинтересираните од висока класа можност да одат на одмор како шесткратен шампион. Чемпионс Поинт е имот со седум спални соби и 17,5 бањи на 7,39 хектари, кој може да […]

Битиќи: Има ли Владата план, дефицитот е скроен на 4 проценти


  Ставајќи розеви очила пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи, на денешната комисиска расправа за ребалансот на Буџетот праша дали Владата има план што да прави со јавните финансии и рече дека овој документ е „јасно огледало на продлабочената фискална неодговорност во јавните финансии“. Наместо реално прилагодување и развојна ориентација, добиваме документ кој прикрива неизвршени ветувања […]

Националниот џез оркестар најавува концерт со Дони Мекаслин


Националниот џез оркестар на 14 јули во Македонскиот народен театар ќе одржи концерт со Дони Мекаслин, еден од најсмелите и највпечатливи саксофонисти и композитори на современата џез сцена. Диригент на концертот ќе биде маестро Владимир Николов. -Името на Дони Мекаслин (САД) стои зад едно од најзначајните музички изданија на 21. век – Blackstar, последниот албум […]

Бишев: Клучно е економското почитување на фискалните правила


Се наоѓаме во исклучително клучна точка кога треба да се оцениме дали се движиме во насоката што е усвоена со Фискалната стратегија. Клучно е економското почитување на фискалните правила, порача денеска претседателот на Фискалниот совет Глигор Бишев во обраќање на дебатата за ребалансот на Буџетот за 2025 година во матичната собраниска комисија.   Фискалниот совет до […]

Во тек е снимањето на три долгометражни играни филмови поддржани од Агенцијата за филм


Во моментов се снимаат три долгометражни играни филмови, сите финансиски поддржани од државата, кои ветуваат нови квалитетни и возбудливи приказни на големото платно, информира Агенцијата за филм на Република Северна Македонија. Во тек е снимањето на првиот долгометражен игран филм на Тамара Котевска,  насловен „Човек против јато“. Филмот се снима во рурална Македонија, „каде изградбата […]

„ЕВН Македонија“ му отстапи на Археолошкиот музеј парцела на локалитетот Тумба Маџари


Компанијата „ЕВН Македонија“ на Археолошкиот музеј на Македонија  му отстапи на долгорочно користење парцела, што е во нејзина сопственост, и се наоѓа до самиот локалитет – музеј на отворено „Неолитско село – Тумба Маџари“ во општина Гази Баба.  Парцелата има површина од 6000 квадратни метри и во иднина ќе биде истражувана со ископувања од археолозите. […]

35 прозни дела пријавени за наградата „Драги“


35 прозни дела на 33 преведувачи во превод на македонски јазик се пристигнати на конкурсот за наградата „Драги“, што ја оргзанизира издавачката куќа „Антолог“. Книгите се објавени од 18 различни издавачки куќи или поединци, а преводите се направени од 17 јазици. Опфатени се 35 странски прозни автори со романи, раскази, есеистика, дневници, итн. Тричлената комисија […]

Летно кино на отворено на руфтоп во Скопје Сити мол од 2 јули до 5 септември


Ова лето, подготви се за незаборавни кино вечери под ѕвездите! 🌟🎬 Skopje City Mall и Cineplexx ви го најавуваат Open Air Cinema Од 2 јули до 5 септември, секоја среда, петок и сабота, од 21 часот, на најубавиот rooftop во Скопје. Те очекуваат светски блокбастери и домашни филмски класици кои ќе те понесат на незабавно […]

Еве, колку модните куќи заработија од свадбата на Безос и Санчез


Венеција – Раскошната свадба на Лорен Санчез и Џеф Безос во Венеција генерираше вредност на медиумско влијание од околу 222 милиони долари, при што Долче и Габана се на врвот со 14,5 милиони долари, според новиот извештај на Launchmetrics. (MIV е сопствена метрика која доделува вистинска монетарна вредност на маркетинг стратегиите низ печатените, онлајн и […]

Еванс противник на Ѓоковиќ во 2. коло на Вимблдон


Лондон– Седумкратниот победник на Вимблдон, Новак Ѓоковиќ, не дозволи неговиот дуел против Александар Муле да влезе во нов ден и пред полноќ успеа да го скрши отпорот на Французинот, совладувајќи го со 3-1 во сетови (6-1, 6-7 (7), 6-2, 6-2). Шестиот тенисер во светот до победата на централниот терен на „Ол Ингланд Клуб“ дојде по […]

Крива Паланка домаќин на ексклузивната изложба посветена на ансамблот „Мањифико“


Ретроспективната изложба посветена на еден од најзначајните македонски музички состави – ансамблот „Мањифико“, кој во своето 31- годишно постоење остави длабоки траги во македонската и меѓународната музичка сцена, ќе биде отворена на 5 јули (сабота) 2025, во 20,30 часот, во уметничката галерија на ЛУ Градски музеј Крива Паланка. Изложбата е екслузивен и траен спомен и чествување на […]

Во Србија од петок поскапуваат патарините


Од петок, 4 јули, возачите во Србија ќе плаќаат нови цени за патарина, објави српското Министерство за градежништво, транспорт и инфраструктура. Во соопштението објавено на веб-страницата на Министерството се вели: „Во согласност со редовните годишни активности, износите на надоместоците во динари се прилагодени со годишниот индекс на потрошувачки цени, зголемувањето на малопродажните цени, така што […]

Калас го повика Иран да ги обнови преговорите за нуклеарната програма


Брисел – Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Каја Калас, вчера во телефонски разговор со шефот на иранската дипломатија, Абас Арагчи, го повика Техеран веднаш да ги обнови преговорите за прекин на неговата нуклеарна програма. -Заканите за повлекување од Договорот за неширење само дополнително ги зголемуваат тензиите, нагласи Калас, потсетувајќи на заканите на […]

Без струја делови од Гази баба и Кисела Вода


Поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија денеска од 08:30 до 09:30 часот ќе останат корисниците од с. Инџиково од улиците: 3, 7, 14, дел од ул. 10 и дел од ул. Маџари во Општина Гази Баба, соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје. Без струја од 08:30 до 15:30 […]

Далај Лама потврди дека по неговата смрт ќе биде назначен наследник


Дарамшала – Духовниот водач на тибетските будисти, Далај Лама, потврди дека неговиот наследник ќе биде именуван по неговата смрт, отфрлајќи ги шпекулациите дека 600-годишната институција ќе исчезне со неговото заминување. -Потврдувам дека институцијата ќе продолжи, рече Далај Лама во видео порака, објавена на почетокот на состанокот на религиозните лидери во Дарамшала, каде што моментално се одржува […]

МААЕ истражува наводен напад со беспилотни летала во Запорожје


Виена – Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) истражува извештаи за наводен напад со беспилотни летала во близина на окупираната нуклеарна централа Запорожје во Украина. Според операторот на електраната, оштетени се возила, објави агенцијата со седиште во Виена. Во извештајот за инцидентот, операторите на централата навеле дека во нападот, што наводно се случил во петокот, […]

Известителката на ПССЕ длабоко загрижена за ескалацијата на тензиите во Србија


Белград – Известителката на Парламентарното собрание на Советот на Европа за Србија, Викторија Тибло, по повод масовниот протест за Видовден во Белград, објави дека е „длабоко загрижена за ескалацијата на тензиите“ во земјата . Таа додаде дека жали што митингот завршил со судири меѓу демонстрантите и полицијата што го обезбедувала кампот на поддржувачите на владата. […]

Бурата во Сиднеј соборуваше дрвја, илјадници домови без струја, откажани многу летови


Сиднеј – Силната бура што го погоди Сиднеј два дена по ред, денеска соборуваше дрвја, оставајќи илјадници домови без електрична енергија и принудувајќи ги домашните авиокомпании да откажат десетици летови. „Квантас ервејс“ и „Вирџин Австралија“, двете најголеми авиокомпании во Австралија, заедно откажаа најмалку 55 домашни летови, според податоците од онлајн порталот на аеродромот. Некои меѓународни […]