Без вода дел од корисниците на „Партизанска“


Поради дефект на затворач Ф 80мм, без вода денеска од 09:00 часот ќе бидат корисниците на дел од булевар „Партизанским одреди“, зад објектот на поранешното СЈО во Општина Центар, информира ЈП Водовод и канализација – Скопје. Водоснабдувањето ќе биде прекинато до санирање на дефектот.

На 67 години почина актерот Мајкл Мадсен, познат по улогите во филмовите на Квентин Тарантино


Почина Мајкл Мадсен, актерот познат по улогите во филмовите на Квентин Тарантино, меѓу кои и „Убиј го Бил: Томови 1 и 2“ и „Касапски кучиња“. Имаше 67 години. Мадсен беше пронајден без свест во својот дом во Малибу, а неговиот претставник рече дека се чини оти станува збор за срцев удар. „Во последните две години, […]

Министрите Перински и Љутков ќе информираат за постигнатите резултати во изминатата година


Министерот за локална самоуправа Златко Перински и министерот за култура и туризам Зоран Љутков на одвоени прес-конференции денеска ќе информираат за резултатите во нивните ресори во изминатите 12 месеци, по повод една година од формирањето на Владата.  -Под слоганот „Ги градиме темелите на промените. За твоето време кое доаѓа“, министерот Перински ќе ги презентира активностите […]

Објавен конкурсот за наградата за најдобар расказ „Живко Чинго“


Општина Охрид го распиша годинашниот Конкурс за најдобар расказ за наградата што традиционално се доделува во чест на охридскиот писател и раскажувач Живко Чинго. Според пропишаните пропозиции на Конкурсот, право на учество имааат сите полнолетни граѓани, кои своите трудови треба да ги достават во печатена форма во три примероци под шифра без лични податоци на […]

Претставничкиот дом на САД го усвои законот на Трамп за нови даночни олеснувања за богатите


Вашингтон– Претставничкиот дом на американскиот Конгрес го усвои предлог-законот на претседателот Доналд Трамп, кој предвидува значителни даночни намалувања и кратења на трошоците во износ од 4,5 трилиони долари (3,8 трилиони евра). За законот гласаа 218 пратеници, додека 214 беа против. Двајца републиканци им се придружија на демократите во противењето на предлог-законот. Трамп постави краен рок […]

Бесент: Околу 100 земји ќе се соочат со царини од 10 проценти


Вашингтон – Соединетите Американски Држави ќе воведат царини од 10 проценти за околу 100 земји, изјави синоќа американскиот секретар за финансии Скот Бесент, додавајќи дека очекува „бран“ трговски договори пред крајниот рок на 9 јули, кога царините треба драматично да се зголемат. Доколку 100 земји бидат погодени со царини од 10 проценти, тоа би било помалку […]

Претставување на невестата и зетот на годинашната Галичка свадба


Месната заедница Галичник и Пивара Скопје денеска на прес-конференција ќе ги претстават младенците за годинашната Галичка свадба и ќе ја соопштат програмата на манифестацијата.  Покрај невестата и зетот, кои ќе бидат облечени во традиционалните галички свадбарски носии, на настанот ќе говорат Огнен Караѓозовски, претседател на Месната заедница Галичник, и Марија Мининчиќ, менаџер за партнерства со […]

Од денеска помалку метеж на „Табановце“, стартува системот One Stop за интегрирана гранична контрола


На граничниот премин со Србија „Табановце-Прешево“ денеска ќе биде пуштен во употреба системот One Stop за заедничка интегрирана контрола. На официјалниот старт на One Stop системот ќе присуствуваат министрите за  внатрешни работи на Македонија и на Србија, Панче Тошковски и Ивица Дачиќ. Воведувањето на овој систем, како што изјави неодамна министерот Тошковски, ќе овозможи многу побрз […]

Сончево и многу топло, температурата до 40 степени


Времето денеска ќе биде претежно сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 20, а максималната ќе достигне од 32 до 40 степени. Во Скопје времето ќе биде сончево и многу топло со слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе се […]

Астрономски календар


Денеска е петок, 4 јули 2025 година, 185-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 180 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 4 минути, а ќе зајде во 20 часот и 13 минути. Денов трае 15 часа и 8 минути. Месечината, која е во фаза на прва четвртина, нема да изгрее,а […]

Вимблдон: Чилиќ го совлада четвртиот носител


Лондон – Хрватскиот тенисер и финалист на Вимблдон од 2017 година Марин Чилиќ успеа да го совлада во второто коло четвртиот носител Британецот Џек Дрејпер со 3:1 во сетови (6:4; 6:3; 1:6 и 6:4).  Во текот на мечот Чилиќ имаше целосна контрола и доминација, а Дрејпер иако бодрен од домашната публика тешко успеавше да влезе во […]

Една година од реализацијата на проектот „Копродукција помеѓу Франција и земјите од Западен Балкан“


Амбасадата на Франција и Францускиот институт во Скопје, денеска, одржаа прес-конференција по повод една година од реализацијата на проектот за поддршка на филм и развој на копродукциски проекти помеѓу Франција и земјите од Западен Балкан, на која свои обраќања имаа организаторката на Фестивалот на креативен документарен филм „Македокс“, Сара Ферро, директорот на Фестивалот на филмска […]

Мајли Сајрус, Тимоти Шаламе и Деми Мур ќе добијат ѕвезди на Холивудската патека на славните


Можат ли да си купат… ѕвезди на Холивудската патека на славните? Мајли Сајрус, Тимоти Шаламе и Деми Мур беа меѓу 35-те добитници на наградите објавени во среда наутро од Еуџенио Дербез и Ричард Блејд. Прифатените беа избрани во пет категории: филмови, телевизија, театар во живо и настапи во живо, снимање и спортска забава. Немаше добитници […]

Топлотен бран во регионот, издадени црвени метео-аларми


Бањалука – Во земјите од регионот денеска е најавено многу топло време. Во Република Српска и делови од Хрватска во сила е црвен метео-аларм, додека во Федерацијата БиХ е портокалов аларм, со температури кои ќе достигнат и до 40 степени Целзиусови. Српскиот републички хидрометеоролошки завод (РХМЗ) денеска соопшти дека во првата декада од јули на […]

Рајанер откажа 170 летови поради штрајк на француските контролори на летање


Лондон– Повеќе од 30.000 патници се погодени откако нискобуџетната авиокомпанија Рајанер соопшти дека е принудена да откаже повеќе од 170 летови поради штрајк на француските контролори на летање. Ирскиот превозник соопшти дека откажувањата денеска и утре ќе влијаат на летовите до и од Франција, како и на летовите над земјата до дестинации како што се […]

„Човек против јато“: Тамара Котевска во Македонија го снима првиот игран филм


Тамара Котевска, корежисерката на „Медена земја“ што доби историски две номинации за Оскар во 2020, за најдобар странски филм и за најдобар документарец,  и со награди на фестивалот „Санденс“, очна да го снима дебитантскиот игран филм „„Човек против јато“. Играното деби на Котевска со 325.000 евра го поддржа и македонската Агенција за филм на конкурсот […]

Том Брејди и Ким Кардашијан? „Не е негов тип“


Џеф Безос и Лорен Санчез го започнаа својот среќен живот со нивната венчавка од соништата во Венеција. На церемонијата што се одржа на 27 јуни присуствуваа бројни познати личности, вклучувајќи ги Ким Кардашијан и Том Брејди. Според „извор“, бизнисменката наводно била видена како покажува интерес за поранешниот фудбалски квотербек. Сепак, Том Брејди наводно нема да […]

Шон Диди се спаси од доживотен затвор, еве со која казна се соочува


Њујорк – Американскиот рапер Шон Комбс, попознат како „Диди“, беше прогласен за виновен за обвиненијата за проституција, а е ослободен од најтешките обвиненија за рекетирање и трговија со луѓе. Комбс, имено, е прогласен за виновен по две точки од обвинението за пренесување, со цел вршење проституција. Поранешниот федерален обвинител и правен коментатор, Неама Рахмани за […]

Данска го отвора своето шестмесечно претседателство со Советот на ЕУ со официјална церемонија во Орхус


Копенхаген– Данска го отвора своето шестмесечно претседателство со Советот на ЕУ денеска со официјална церемонија во вториот по големина град во Данска, Орхус. Владата на данската премиерка Мете Фредериксен ги покани претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и нејзиниот тим, како и претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта, на оваа пригода. Данската влада […]

Ана Дурловски: Секоја изведба има свој живот, а оваа, во Солун, беше со свои уникатни обележја


Да се најдеме на иста сцена со колеги од различни земји, а да зборуваме на ист јазик, јазикот на музиката, е потсетување дека припадноста на Балканот не мора да значи поделба, туку богатство на различности, изјави сопранистката Ана Дурловски за МИА по заедничкиот концерт на нашата и филхармониите на Софија и Солун. Околу 250 музичари […]