НГ по Софија, го освојува и Белград со изложбата „Простори на конјукција“


По претставувањето во Културно информативниотцентар на Р.С. Македонија во Софија, наредна дестинација на проектот на Националната галерија од областа на меѓународната соработка, „Простори на конјукција“ е македонскиот Културно информативен центар во Белград. Како добар домаќин, директорот на центарот, господинот Васко Шутаров ќе се обрати пред публиката во придружба на Маја Крстевска, претставник на Националната галерија, […]

Би-Би-Си: Ова е пресвртница во тензиите на границата на НАТО


Лондон – Соборувањето на беспилотните летала што го нарушиле полскиот воздушен простор за време на рускиот напад врз соседна Украина претставува потенцијална пресвртница во тензиите на источната граница на НАТО, пишува Би-Би-Си. Доколку се потврди дека објектите се руски, тоа ќе биде првпат од почетокот на војната во Украина во 2022 година членка на Алијансата да […]

Руски дронови навлегоа во полскиот воздушен простор – Полјаците ги соборија


Варшава – Полската војска рано утринава објави дека соборила беспилотни летала што го нарушиле нејзиниот воздушен простор за време на рускиот напад врз соседна Украина. „Распоредено е оружје, а службите активно работат на лоцирање на соборените објекти“, објави Полската оперативна команда.  Оттаму додадоа дека е во тек воена операција и ги повикаа жителите да останат во […]

Случајот „Онкологија“ продолжува против поранешниот директор Васев и двајца онколози


Случајот „Онкологија“ против поранешниот директор на Клиниката за радиотерапија и онкологија Скопје, Нино Васев и тројца онколози обвинети за несовесно лекување пациенти, денеска во Основниот кривичен суд Скопје треба да продолжи без второобвинетета Мери Пешевска која призна вина. Васев и двајца обвинети Симонида Црвенкова и Драган Јакимовски, сите вработени на Клиниката за радиотерапија и онкологија […]

Изложба во МСУ по повод 30 години соработка помеѓу САД и Северна Македонија


– „Желбата можеби е, би можела да биде, како што секогаш е, блиску до љубовта“ е насловена изложбата која вечер од 19 часот ќе биде отворена во Музејот на современа уметност – Скопје (МСУ), по повод 30 години соработка помеѓу Соединетите Американски Држави и нашата земја.    Изложбата ја организираат МСУ и министерствата за култура […]

Промоција на Извештајот во сенка за слободата на медиумите во Северна Македонија во Јуроп Хаус


Денес на 10 септември, во 10 часот во Јуроп Хаус Фондацијата Метаморфозис, заедно со Osservatorio Balcani Caucaso Transeuropa ќе ја одржи Промоцијата на Извештајот во сенка за слободата на медиумите во Северна Македонија.   Настанот ќе започне со воведни обраќања и презентација на клучните наоди и препораки од извештајот, по што ќе следува панел дискусија […]

Сончево и топло


 Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 18, а максималната ќе достигне од 29 до 35 степени Целзиусови. И во Скопје ќе биде сончево и топло […]

Астрономски календар


Денеска е среда, 10 септември 2025 година, 253-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 112 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 9 минути, а ќе зајде во 18 часот и 52 минути. Денов трае 12 часа и 43 минути. Месечината, која е во фаза на полна месечина нема да изгрее, […]

Боб Дилан стана невидлив човек на сцената, а за тоа ние сме си виновни


Пред шест години, кон крајот на еден настап во Австрија, Боб Дилан толку се разбесни од обожавателите што фотографираа и снимаа видео што го запре сетот, за малку избегна лош пад и упати извонредно редок прекор до публиката. „Сликајте или не сликајте“, остро рече тој. „Можеме или да свириме или да позираме. Во ред?“ Во […]

Повторно редици пред студентскиот дом „Гоце Делчев“, од дигитализацијата нема абер


Со документи, торби и куфери во раце, стотици студенти денеска чекаа ред пред студентскиот дом „Гоце Делчев“ за да можат да се вселат во нивните соби. И годинава како и минатите, вселувањето и приемот не се дигитализирани, па примените станари се принудени физички да чекаат ред со часови, додека стасаат до своите легла. Мета поразговара […]

Септември е омилен месец за патување – понудата на турската ривиера високо на листите


Трендовите за патување сѐ повеќе се менуваат. Според последниот извештај на Европската комисија за патување (ЕТС), дури 77% од жителите на Европската унија планираат да патуваат во периодот од јуни до ноември. Истражувањето покажува дека септември е омилен месец за патување. Дури 22% од испитаниците изјавиле дека го планираат својот годишен одмор токму во овој […]

„Сите за Палестина“ на протест пред МНР: Стоп за македонскиот молк за геноцидот во Газа


Иницијативата „Сите за Палестина“ денеска во 18 часот ќе организира протест пред Министерството за надворешни работи и надворешна трговија како солидарност со палестинскиот народ пред почетокот на 80-то Генерално собрание на ОН, каде ќе учествува и македонска делегација. Од иницијативата апелираат дека треба да запре молкот пред геноцидот во Газа и повикаа граѓаните да се […]

„Силјан“ на Тамара Котевска е годинашниот македонски кандидат за „Оскар“


Македонскиот филм „Силјан“ во режија на Тамара Котевска и во продукција на Конкордиа (Concordia) е годинашниот македонски кандидат за наградата „Оскар“ за Најдобар интернационален филм. Одлуката ја донесе Комисијата за избор при Друштвото на филмските работници на Македонија, прифатена и одобрена од Американската академија за подвижни слики, уметност и наука, во состав: Томи Салковски – […]

Џоли во фустан-мантил го најави есенскиот тренд на Филмскиот фестивал во Торонто


Некогаш, кога холивудските филмови не беа толку политички коректни, еден од најзначајните моменти на секси облеката беше кога жената ќе го соблече својот класичен тренч мантил, кој беше тесен на половината, и под него ќе носеше само провокативен долен веш. Штиклите, секако, беа неопходен дел од облеката. На ова нè потсети Анџелина Џоли (50), која […]

Конџи и Фистер нови лауреати на 46.ИФФК „Браќа Манаки“


Дариус Конџи е добитник на Златна камера 300 за животно дело на 46. Интернационален фестивал на филмска камера (ИФФК) „Браќа Манаки“, што од 20 до 26 септември ќе се одржува во Битола, под мотото „Сонот на платно“. Оскаровецот Воли Фистер годинава во Битола ќе ја прими Специјалната камера 300 за особен придонес во светската филмска […]

МНТ со „Народен пратеник“ и „Бели ноќи“ на МФК „Ристо Шишков“ во Струмица


На 33. Меѓународен фестивал на камерен театар „Ристо Шишков“ во Струмица ќе бидат одиграни две претстави од репертоарот на Македонскиот народен театар. На 9 септември, во Центарот за култура „Антон Панов“, публиката ќе може да ги погледне претставите „Народен пратеник“ од 20 часот и „Бели ноќи“ од 22 часот. Фестивалот годинава свечено е отворен на 8 септември – Денот на […]

Колективниот договор за култура по втор пат се најде пред Уставниот суд, реагира СКРМ


Синдикатот на културата на РМ реагира со соопштение по  претставката поднесена до Уставен суд, со која се прави обид за скратување на стекнатите права на вработените во културата. Соопштението ви го пренесуваме интегрално.  „Почитувани, Во месец август 2025г вработените во културата го добија вториот удар – овојпат преку највисоките државни инстанци. Во својата кратка, но бурна […]

Концерт на Дорис Драговиќ и Петар Грашо на 14 март во Скопје


На 14 март 2026 година, Дорис Драговиќ и Петар Грашо за првпат ќе одржат заеднички концерт во Скопје, во арената „Борис Трајковски“, носејќи спектакл кој ќе биде симбол на љубов, емоција и чиста музичка магија. Две музички легенди, две различни генерации, една сцена и една вечер што ќе влезе во историјата. Дорис Драговиќ, дамата која […]

Премиерот на Словенија Роберт Голоб се ожени со поранешната мис Тина Габер


Љубљана – Словенечкиот премиер Роберт Голоб и неговата партнерка, поранешната мис Словенија Тина Габер, денеска се венчаа во вилата „Тартини“ во Струњан, на јадранскиот брег меѓу Изола и Пиран. Церемонијата, која словенечките медиуми ја нарекоа „свадба на годината“, ја водеше градоначалникот на Љубљана, Зоран Јанковиќ. На свадбената прослава, покрај семејството и пријателите на младенците, присуствуваа и […]

12. македонско-северноамериканска конференција за македонистика во Охрид – доаѓаат Виктор Фридман и Кристина Крамер


Од 10 до 12 септември 2025 година во Охрид, во Конгресниот центар на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, ќе се одржи 12. македонско-северноамериканска конференција за македонистика. Со ова нејзино издание се продолжува повеќе од тридецениската традиција на соработка меѓу научниците од северноамериканската и македонската академска средина, започната со одржувањето на првата конференција одржана во 1991 […]