Јапонија и САД потпишаа договор за ретки минерали


Вашингтон – Американскиот претседател Доналд Трамп и јапонската премиерка Санае Такаичи потпишаа рамковен договор за обезбедување резерви на ретки минерали, објави денеска Белата куќа. Спогодбата беше потпишана за време на посетата на Трамп на Јапонија, дел од неговата турнеја низ Азија, насочена кон зајакнување на синџирите на снабдување со материјали критични за обновливата енергија, електрониката и […]

Промоција на книгата „Поетики на современата европска драма и театар“


Во Францускиот институт во Скопје вечер во 19 часот ќе се одржи промоција на книгата „Поетики на современата европска драма и театар“ од Деспина Ангеловска, театролог и професор на Факултетот за драмски уметности во Скопје. Книгата, објавена од издавачката куќа „Темплум“, ќе ја промовираат Бесфорт Идризи, декан на Факултетот за драмски уметности во Скопје, Лада […]

По земјотресот со јачина од 6,1 степен, повеќе од 100 последователни потреси во Турција


Анкара – Повеќе од 100 последователни потреси беа почувствувани по земјотресот со јачина од 6,1 степен што го погоди регионот Баликешир во Турција синоќа, од кој најсилниот беше со јачина од 4,4 степени. Во земјотресот беа повредени 18 лица, а турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја објави дека се примени 504 пријави, вклучувајќи 25 пријави […]

Бесплатен доплер на каротидни артерии на Неврологија во рамки на отворениот ден по повод Светскиот ден на мозочен удар


Бесплатен доплер на каротидни артерии за сите заинтересирани граѓани, без потреба од упат, ќе се врши денеска од 10 до 12 часот на Универзитетската клиниката за неврологија, во рамки на отворениот ден по повод Светскиот ден на мозочен удар.  Целта на настанот е подигнување на свесноста за превенција, препознавање на симптомите рана дијагностика и навремено […]

„Еурактив“: Србија го тестира демократскиот кредибилитет на ЕУ


Брисел – Во услови кога во Србија продолжуваат продемократските протести предводени од студентите, а довербата во Брисел еродира, ЕУ се наоѓа заглавена помеѓу демократските принципи и нејзината зелена индустриска стратегија, оценува бриселскиот портал „Еурактив“ во својот осврт на состојбите во Србија.  – Актуелните антивладини протести и контроверзиите околу отворањето на рудникот за литиум поврзан со ЕУ […]

Филхармонија гостува на престижната сцена на „Музикферајн“ во Виена


Оркестарот на Македонската филхармонија во вторник (28 октомври) ќе одржи концерт во „Златната сала“ на една од најзначајните светски концертни сцени „Музикферајн“ во Виена – дом на Виенската филхармонија и место каде што секој 1 јануари се одржува најпознатиот Новогодишен концерт во светот. Настапот на Македонската филхармонија на сцената на „Музикферајн“ во Виена претставува заокружување на […]

Без струја делови од Гази Баба и Ѓорче Петров


 Од 8 до 14.30 часот денеска без електрична енергија ќе бидат корисниците на обејктот на „Меркур Македонија“ во општина Гази Баба. Како што соопшти РЦУК-Скопје, по известување добиено од ЕВН Македонија АД, од 9 до 14.30 часот денеска струја ќе немаат и корисниците на дел од улицата „Радушка“ во општина Ѓорче Петров.

Прв лет Скопје – Мадрид


Скопје од денеска се поврзува воздушно со Мадрид, со директната авилинија што ќе ја опслужува нискобуџетната компанија „Виз ер“. Првиот лет  ќе се реализира попладне во 16:05 часот од Меѓународниот аеродром Скопје, каде по тој повод прес-конференција ќе одржат вицепремиерот Александар Николоски, амбасадорот на Шпанија  Рафаел Сориано Ортиз, и Неџат Курт, генерален директор на ТАВ […]

Во Албанија забрзано се шири австралискиот грип,12 илјади случаи неделно


Тирана – Албанија се соочува со значително зголемување на респираторните инфекции, додека австралискиот грип почна да ги загрижува здравствените власти.  Според Институтот за јавно здравје, досега се пријавуваат околу 12 илјади случаи неделно. -Пациентите кои се јавуваат во здравствените центри се со симптоми, како што се висока температура, кашлица, бронхитис и често отитис -воспаление на средното […]

Словенците и Словаците најсклони кон конспиративни мислења во Централна Европа


Виена– Истражување на Универзитетот во Салцбург и Универзитетот во Лозана открива директна врска меѓу склоноста кон верување во теории на заговор и политичката состојба во европските држави, јави австриската агенција АПА. Според студијата, луѓето кои живеат во земји со повисока корупција или послаба демократска традиција се понаклонети да прифаќаат вакви објаснувања – во Австрија тоа […]

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд


Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 6, а максималната ќе достигне од 10 до 17 степени. Во Скопје променливо облачно, претпладне со повремени локални врнежи од дожд. Ќе […]

Астрономски календар


Денеска е вторник, 28 октомври 2025 година, 301-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 64  дена. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 2 минути, а ќе зајде во 16 часот и 33 минути. Денов трае 10 часа и 31 минутa. Месечината, која е во фаза на млада месечина ќе изгрее во […]

Земјотрес со јачина од 6,1 степен го погоди западниот дел на Турција


Анкара – Земјотрес со јачина од 6,1 степен вечерва го погоди округот Синдирги во западната турска провинција Баликесир, соопшти Управата за катастрофи и вонредни ситуации на Турција (АФАД). Според АФАД, земјотресот се случил во 22:48 часот по локално време (19:48 по Гринич), на длабочина од 5,99 километри. Бил почувствуван и во околните провинции, меѓу кои […]

Во Националната опера и балет одбележан Националниот ден на Австрија


Честитки до Владата и коалициските партнери за успехот на последните избори вечерва упати амбасадорот на Австрија во земјава Мартин Памер на свечениот прием во Националната опера и балет по повод Националниот ден на Австрија. Тој порача дека двете држави имаат многу заеднички ставови што, според него, се рефлектира и во одличните билатерални односи на сите […]

Анархист понудил 45 000 долари за убиство на обвинителката Бонди, ФБИ експресно го уапсило


Вашингтон – Утрово ФБИ изврши апсење во врска со награда за убиство, насочено кон државната обвинителка Памела Бонди. Уапсен е 29-годишент маж од Минесота кој понудил награда од 45.000 долари за убиство на државната обвинителка. Сè започнало на ТикТок кога објава со наградата почнала да се шири вирално пред да започне брза федерална истрага. Според американските […]

Велика Британија и Турција потпишаа договор вреден над 10 милијарди долари за продажба на 20 борбени авиони „Тајфун“


Анкара – Велика Британија се согласи да ѝ продаде 20 борбени авиони „Тајфун“ на Турција во договор вреден до осум милијарди фунти (10,7 милијарди долари). Британскиот премиер Кир Стармер го потпиша договорот за време на посетата на Анкара денеска, опишувајќи го како „победа за британските работници, победа за нашата одбранбена индустрија и победа за безбедноста […]

Колеги и пријатели се сеќаваат на Жарко Лаушевиќ, меѓу нив и Милчин и Унковски


Во Белград е објавена нова монографија за Жарко Лаушевиќ, кој во 2023 почина на 63-годишна возраст, по кратко и тешко боледување. Легендарниот црногорски актер и писател и еден од најпопуларните екс-ју глумци, беше познат по филмовите како „Хасанагиница“, „Игмански марш“, „Лазар“, „Јагоди во грло“, „Доброволци“, „Убавината на порокот“, „Шмекер“ „Сив дом“, „Офицер со роза“, „Лето“, […]

Клуни: Грабежот во Лувр беше кул…


Париз- Џорџ Клуни, чии филмови за крадецот-џентлмен Дени Оушн потсетија многумина на најновиот грабеж во Лувр во Париз, го опиша настанот како кул, но и страшен. „Беше навистина кул“, изјави тој за списанието „Варајети“, но потоа се поправи и додаде дека тоа е и страшен настан. „Но, кога си професионален крадец како мене, навистина си […]

Кир Стармер во Турција на разговори за продажба на авиони „Еурофајтер“


Анкара – Премиерот на Велика Британија, Кир Стармер денеска пристигна во посета на Турција, каде ќе разговара за продажба на воени авиони „Еурофајтер тајфун“ (Eurofighter Typhoon). Турција и Велика Британија во јули потпишаа прелиминарен договор за авионите „Еурофајтер тајфун“, во вредност од повеќе милијарди евра. „Еурофајтер тајфун“ ги произведува конзорциум, составен од Велика Британија, Германија, Италија […]

ЕУ би можела да ја намали помошта за глобалните фондови за имунизација


Брисел – Европската комисија би можела да го следи примерот на САД и на Велика Британија и до 2030 година да го намали финансирањето на организациите за имунизација „Гави“ и „Глобалниот фонд“, со цел да пренасочи средства за зголемување на влијанието на ЕУ во странство во други области.  Ваквата можност е наведена во документ подготвен за […]