Со книгата „Италијанската литература и култура…“ студентите ќе откријат нова димензија на барокот, просветителството и неокласицизмот
Поттикнати од потребата да се збогати наставата по италијанска книжевност со дело што на едно место ќе ги обедини најзначајните италијански автори и изданија од 17 до почетокот на 19 век, професорките од Филолошкиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, проф. д-р Ева Ѓорѓиевска и проф. д-р Јована Караникиќ-Јосимовска, го создадоа делото „Италијанската литература […]