Редок син дијамант продаден за 6,7 милиони долари


Швајцарија– Редок син дијамант кој изминативе 300 години ги мина во Европската кралска куќа е продаден на аукција во Женева за 6,7 милиони долари. Елизабет Фарнс, ќерка на војводата од Парма, го добила дијамантот „Фарнс блу“ во 1715 година, кога се омажила за шпанскиот крал Филип Петти, објави Би-Би-Си. Дијамантот потоа одел “од колено на […]

Фестивал на италијанскиот филм во кино „Милениум“


Утревечер  во 19 часот во кино кино „Милениум“ се отвара 18. Фестивал посветен на италијанскиот филм, организиран од Италијанската Амбасада во Скопје. Првата проекција ќе биде со филмот „Call Me by Your Name“, од 2017 година во режија на Лука Гвадањино (Luca Guadagnino), добитник на Оскар за најдобро адаптирано сценарио (Џејмс Ајвори – James Ivory) […]

(Фото) Поп-ѕвездата со врвен концерт во Македонија: Скопје го слушна моќниот глас на Анестејжа


Привилегија беше за поп-ѕвездата Анестејжа  (49) да пее во Скопје, за публиката беше привилегија да ја слушне и да ја види во живо во екот на популарноста. На прво гледање, ептен се бендисавме. Пејачката не поздрави синоќа во ВИП Арената „Борис Трајковски“  со енергичен настап и хитот од пред 14 години, „Left Outside Alone“. Скопјани […]

Премиера на „Непознато“ на Скопје танцовиот театар


Скопје танцовиот театар утревечер во 21 часот, во кино „Култура“ ќе ја одржи премиерата на претставата „Непознато“, која е трета продукција на еднинствената современа танцова компанија во Македонија за 2018 година. Претставата се состои од две кореографии, првата насловена „Чудаците“ во кореографија и режија на Матеа Киселичка и „Непознато – фрагменти на извонредна машина“ работена […]

Креаторката Антонија Ристовска за стилот на Евросонг 2018: Марија од „Ај кју“ беше заробена во оклоп


Стилот на учесниците на годинешниот 63. Евросонг во Лисабон, Португалија, беше разновиден. Од едноставни креации до мегаломански стајлинг. Дел за пофалби, дел за критики. Вокалистката Марија од „Ај кју“, нашиот претставник во Лисабон, собра негативни критики од домашната и европската јавност. Нејзиниот стајлинг го потпиша Милена Танаскоска. Каков беше досега македонскиот евровизиски стил? Владо Јаневски […]

Намалени цените на билетите за Театарот за деца и младинци


Цената на билетите за Театарот за деца и младинци се намалуваат од 200 на 150 денари. Посетителите билетите со намалена цена ќе можат да ги купуваат во периодот од 15 мај до 10 јуни. – Со цел уште поголема радост на децата, како и продолжување на уживањето на останатата публика, цената на билетите во Театарот […]

(Фото) Најубави тоалети во Кан


Франција– Црвениот килим на Кан стана најгледаната модна ревија. Актерки и манекенки  обично парадираат пред учесниците во филмот, а скапите тоалети со потпис на славни дизајнери внимателно се следат низ светот. Кан го одмотува црвениот килим само за неколку десетици внимателно избрани филмови за секое фестивалско издание, и поголемиот дел од нив се дела на […]

Слика на Модиљани продадена на аукција за над 157 милиони долари


САД– Делото на сликарот Амедео Модиљани, „Nu couche (sur le cotegauche)“ од 1917 година, беше продадено за 157,2 милиона долари на аукција во аукциската куќа Сотби’с во Њујорк. Со ова, таа се најде на четвртото место на листата најскапо платени уметнички платна на јавно наддавање. И оценките претходно се движеа околу 150 милиони долари. Сликата, […]

Хероина во Кан: Кристен Стјуарт ги соблече Лубутанките на црвениот килим


Франција– Американската актерка Кристен Стјуарт ги соблече високите потпетици на „Кристијан Лубутан“ на црвениот килим во Кан и медиумите веднаш ја прогласија за хероина. Стјуарт, која присуствуваше на премиерата на филмот „BlacKkKlansman“ , облече кратко фустанче на Шанел, и го прекрши правилото на филмскиот фестивал. Канскиот претставува ригорозно организирана железна ракавица обвиткана во гламур, една […]

Почина академик Боурек, творецот на анимираниот професор Балтазар


Хрватска-Во 89. година од животот почина хрватскиот академик Златко Боурек, сликар, вајар, костимограф, сценограф, режисер, автор на цртани и играни филмови, член на Хрватската академија на наука и уметност. Додека студирал ја основал Загребска школа за цртан филм. Тој беше и сценограф на култната анимирана серија „Професорот Балтазар” за која го креираше измислениот Балтазар град. […]

Комеморација за доајенот на Турскиот театар Салаетин Билал


По повод смртта на актерот Салаетин Билал, доајенот на НУ Турски театар, утре, во 13, 30 часот ќе се одржи комеморација на сцената на Театар „Комедија“. Роден е на 19 март 1942 година. Студирал на Театарскиот конзерваториум во Истанбул, Турција, а од 1964 година работи во Турската драма при Театарот на народностите – сегашниот НУ […]

Обвинетиот Дурловски за тероризам ќе пее на Мајски оперски вечери


Оперскиот пејач Игор Дурловски, кој е обвинет за тероризам за случувањата на 27 април во Собранието, односно на крвавиот четврток најавува дека повторно се враќа на сцената во МОБ. Според објавата на неговиот Фејсбук профил тој на 19 мај ќе настапи на Мајските оперски вечери. Дурловски ќе биде во улогата на Тимур во операта „Турандот“. […]

Пред концертот на поп-ѕвездата во „Борис Трајковски“: Анестејжа слетува денес во Скопје


Поп-ѕвездата Анестејжа со својот тим денес, во 15, 15 часот ќе слета на аеродромот „Скопје“ . Утревечер во 21 часот, и е закажан концертот во Скопје во ВИП Арената “Борис Трајковски”, во организација на „Прагма продукција“. Американската пејачка ќе биде сместена во ВИП апартман во хотелот „Александар палас“ во Скопје.  Денес ѕвездата ќе одржи проби […]

(Фото) Изложба во Скопје: Лименки како уметничко дело


Ликови од различни епохи – фараони, мислители, актери и музичари, насликани  на скулптури од метал во форма на лименка се претставени на изложбата „Магнум опус“ во Центарот за современа уметност АРТ Скопје која ќе биде отворена до 11 јули. Изложбата е заеднички проект на тројца слободни уметници – Гордана Винчиќ, Игор Љубовчевски и Владо Костов. […]

(Фото) Боливудската ѕвезда Аишвариа Раи во уникатна тоалета во Кан


Франција– Боливудската актерка и мис на светот во 1994 година Аишвариа Раи се врати на црвениот килим на Кан со уникатна тоалета на дизајнерот Мајкл Чинко. Креацијата на дизајнерот кој работи во Дубаи е замислена како трансформација на пеперутката во сите нејзини фази. Се прелива од темно сино до виолетова боја и е целата украсена […]

Поради влошено здравје: Одложен концертот на Владо Јаневски на 1 јуни


Одложен е концертот на Владо Јаневски на 1 јуни на стадионот на АРМ во Скопје, соопшти организаторот „Авалон“. Како причина се наведува влошената здравствена состојба на поп-ѕвездата. „Исто така ве информираме дека со сигурност Владо Јаневски и Авалон ќе најдат нов термин во периодот октомври-ноември за одржување на овој концерт што требаше да биде по […]

(Видео) Израел победи на Евросонг 2018


Португалија– Нета, претставничката на Израел, со песната „Toy“ синоќа победи на Евросонг 2018 во Лисабон. Таа беше и најголемиот фаворит на европските обложувалници за победа на 63-то издание на овој музички фестивал. Второто место го освои Кипар, а на третото се пласираше Австрија. Во финалната вечер настапија вкупно 26 земји, додека македонските претставници „Ај Кју“ […]

Гала


Лејла Сабит Отварање, премиера, коктел, промоција, вечера или концерт. Во долга тоалета и смокинг, сите ви се смешкаат, љубезни се, ве поздравуваат, ве канат на кафе и се сликаат со вас селфи. Убаво ви е во душата, се чувствувате како ВИП личност, газите по црвен килим и седите во прв ред. Во паузите шетате со […]

Почина Салаетин Билал, омилениот македонски актер на филмските и театарски режисери


Почина Салаетин Билал (76), македонскиот театарски, филмски и телевизиски глумец од турска националност кој играше во повеќето филмови на најпознатите македонски режисери – Милчо Манчевски, Столе Попов, Дарко Митревски. Во неговата биографија се запишани филмовите „Најдолгиот пат“ (1976), „Време води“ (1980), „Ангели на отпад“ (1995), „Џипси меџик“ (1997), „Зад непријателските линии“,  „Прашина“ (2001), преку „Илузија“ […]

Србија и Словенија во финале на Евросонг 2018


Португалија– Србија, Молдавија, Унгарија, Украина, Шведска, Австралија, Норвешка, Данска, Словенија и Холандија се десетте финалисти од синоќешната, втора полуфинална вечер кои ќе настапат на финалето на Евросонг утревечер, во 21 часот, во арената „Алтис“ во Лисабон. Десетте финалисти од 19 земји кои учествуваа во првото полуфинале се: Австрија, Естонија, Кипар, Литванија, Израел, Чешка, Бугарија, Албанија, […]