Поради влошено здравје: Одложен концертот на Владо Јаневски на 1 јуни


Одложен е концертот на Владо Јаневски на 1 јуни на стадионот на АРМ во Скопје, соопшти организаторот „Авалон“. Како причина се наведува влошената здравствена состојба на поп-ѕвездата.

„Исто така ве информираме дека со сигурност Владо Јаневски и Авалон ќе најдат нов термин во периодот октомври-ноември за одржување на овој концерт што требаше да биде по повод 25 години од соло кариерата на Владо Јаневски, во ВИП арена.Сите оние кои имаат купено влезници досега, ќе можат да ги вратат веднаш на продажните места каде што ги имаат набавено, соопштија од „Авалон“.