(Фото) Најубави тоалети во Кан


Франција– Црвениот килим на Кан стана најгледаната модна ревија. Актерки и манекенки  обично парадираат пред учесниците во филмот, а скапите тоалети со потпис на славни дизајнери внимателно се следат низ светот.

Кан го одмотува црвениот килим само за неколку десетици внимателно избрани филмови за секое фестивалско издание, и поголемиот дел од нив се дела на најпочитуваните режисери во светската кинематографија.