Искршена холивудската ѕвезда на Доналд Трамп


САД– Човек опремен со копач вчера ја искршил ѕвездата на американскиот претседател Доналд Трамп поставена на холивудскиот Булевар на славните. Инцидентот се случил рано насабајле, а полицијата била алармирана од случајни минувачи кои забележале дека од ѕвездата е останат само куп шут и копачот оставен покрај него. Полицијата информираше дека човекот што го сторил делото подоцна […]

Ексклузивно за „Пипл“: Бригит Нилсен ја покажа ќерката Фрида


САД- Бригит Нилсен ексклузивно за „Пипл“ позираше со своето петто дете, ќерката Фрида и нејзиниот сопруг Матео Деси во нивниот дом во Лос Анџелес. Славната данска актерка и манекенка го роди петтото дете не 55 годишна возраст, прво заедничко со италијанскиот манекен, во приватна клиника во Лос Анџелес. Атрактивната актерка е во брак со Матео […]

Маја Андовска- Илиевски нов директор на Центарот за култура-Битола


Маја Андоновска- Илиевски, актер во Битолскиот театар, избрана е за нов директор на НУ Центар за култура-Битола. Изборот на Андоновска Илиевски е извршен по завршениот јавен конкурс на Министерството за култура, а функцијата директор ќе ја врши со мандат од 4 години, потврди Андоновска- Илиевски на прес конференција што се одржа денес во Битола. – […]

Влатко Стефановски пред концертот во Охрид: Пеам за сите, не само за ВИП


-Во најгустото лето со настапи Охрид ми доаѓа како магија, како енергија која не можам докрај да ја одгонетнам, како кулминација на моите музички трагања. Охрид ме потсеќа на детството, на моментите кога учев да пливам, а подоцна на терасите од неговите хотели ги пишував едно од најубавите мои песни, вели гитарскиот виртуоз Влатко Стефановски […]

Инспирација или почит: Колинда во Загреб како Меланија во Вашингтон


Хрватска- Случајно, инспирација или намерно. Хрватската претседателка Колинда Грабар го повтори истиот аутфит на првата дама на САД Меланија Трамп од инаугурацијата во Вашингтон на средбата со израелскиот претседател Реувен Ривлин во Загреб. Одлично скориениот костим на Ралф Лорен во бебешко сина боја, во стилот на Џеки Кенеди е најпознат изглед на Меланија во улога […]

Се сврши топ моделот Карли Клос


САД– Топ-моделот Карли Клос (25) се сврши со Џошуа Кушнер (33) по шест години врска. Кушнер е помалиот брат на Џаред Кушнер, сопругот на Иванка Трамп, постар советник на Доналд Трамп во Белата куќа, и е менаџер и партнер во компанија за инвестиции. Таткото на Џаред и Џошуа е магнат во бизнисот на недвижности. Според […]

Маријана Ацески,топ-модел: Го ширам семејниот бизнис


По успешната манекенка кариера, Маријана Ацески-Томовска е на пат да стане и успешна бизнисменка. – Како реализирана жена, сопруга и мајка, во овој момент вниманието ми е насочено кон мојата работа.  Прекрасните моменти од мојата кариера како модел се зад мене од моментот кога ги родив Андреа (7) и Даријан (5), но тие ќе бидат […]

Директорот на Турски театар си поднесе оставка: Притисоците и обидите за партизација ме натераа на ова


В.д. директорот на Турскиот театар во Скопје, Наџи Шабан си поднесе оставка, поради, како што вели, притисоци и уцени за кадровската политика. -Притисоците, уцените за кадровската политика и обидите за партизација на Турски театар и намерната опструкција на политичката елита за непречена работа, ме натераа да си поднесам неотповиклива оставка, напиша Шабан на Фејсбук. Шабан […]

Иванка Трамп го гаси својот контраверзен моден бренд


САД–  Ќерката на Доналд Трамп и негова десна рака во Белата куќа, Иванка Трамп (36) го гаси својот контраверзен моден бренд, по една година дистанцирање од компанијата. -Кога го стартував брендот не очекувавме толку успех. Брендот бара посветување а јас по 17 месеци во Вашингтон не можам тоа да го остварувам а да не чувствувам […]

„Аделејд котиџ“: Новиот дом на Меган Маркл и принцот Хари во Виндзор


Англија – Можно е да се појави нова кралска резиденција во близина на замокот Виндзор: „Аделејд котиџ“, шармантен, историски дом. Извор за „Дејли мејл“ изјави дека кралицата го понудила имотот на кралската двојка како подарок. Додека изворите од кралската палата сè уште не ја потврдуваат новата резиденција на Хари и Меган, ајде да ја погледнеме […]

Спој на електро и класична музика: Концерт на Филхармонија и Јуан Аткинс во Охрид


  Во Антички театар, на 2 Август, во 22 часот, пионерот на електронската музика Juan Atkins заедно со Македонска Филхармонија под диригентската палка на маестро Џијан Емин ќе приредат  шоу, преку разни аудио-визуелни ефекти, нудејќи футуристичко, мултисензорно доживување. Забавата продолжува на плажата Парк со Jeff Mills која ќе понуди забава за сите сетила, а посетителите ќе […]

Поради лошото време во Охрид: Концертот на Цукеро префрлен во спортската сала „Билјанини извори“


Поради најавените дождови и грмежи во Охрид, концертот на италијанската поп-ѕвезда Цукеро, утревечер, во 21 часот, од Антички театар се префрла во спортската сала „Билјанини извори“. Комплетната нумерација на билетите од Антички театар се префрла во СЦ “Билјанини извори” и сите што имаат купено карти за Антички, ќе им важат за новата локација со истата […]

Свршеникот на принцезата Евгенија нема да добие кралска титула


Англија–  Свршеникот на принцезата Евгенија, ќерката на принцот Ендрју, (братот на принц Чарлс) и на Сара Фергусон, војвотката од Јорк, Џек Брусбенк нема да добие кралска титула по свадбата закажана за 12 октомври во замокот Виндзор.  Евгенија која е деветта во редот за наследство на кралската круна, ќе си остане принцеза а свршеникот ќе го […]

Изложба во Скопје: Грчка колекција во Музејот на современа уметност


Во четврток напладне, во Музејот на современата уметност во Скопје, ќе биде отворена изложбата „Грчката колекција во Музејот на современата уметност“. „Политичката и поради неа и културната разделеност помеѓу Република Македонија и Република Грција, до неодамна претставуваше нерешлива енигма, но притоа секогаш се појавуваа мигови на вистинска релација остварена преку индивидуални или институционални форми на […]

Пред утрешниот концерт: Зукеро денес со приватен лет пристига во Охрид


По концертот во Пловдив, а пред Лаухајм со 4 илјади жители во Германија, италијанската поп-ѕвезда денес пристига во Охрид со приватен лет, за утрешниот концерт од 21 часот, во спортската сала „Билјанини извори“.  Тајна е каде во Охрид ќе биде сместен Зукеро кој доаѓа со својата екипа и личната архитектка. Скромни се барањата за светски […]

Се разведува порно глумицата Сторми Даниелс


САД– Порно глумицата Сторми Даниелс се разведува од сопругот Глендон Крејн, тапанар во хеви метал група,  по три години брак. Двојката е заедно една деценија и има седумгодиншна ќерка. Како причина е наведена разлики во карактерот. Ова беше трет брак за Даниелс која се најде во фокусот на вниманието на јавноста по нејзината сѐ уште […]

Нов хит на Баленсиага: Гумени салонки


Франција– Сѐ почна со удобните гумени сандали за на плажа, па на платформа, а сега гумените салонки на „Баленсиага“ во соработка со „ Crocs“се летен но и скап хит. Модната куќа ги промовираше на Модната недела на висока мода во Париз и се дело на креативниот директор Демна Гвасалиа од Грузија, кој претходно има работено […]

Лореал ги собра холивудските дами: Храбри на 50 +


Франција– Ѕвезден тим од храбри девојки 50+ е собран за новата рекламна кампања на „L’Oréal Paris“ и едвај има жена која не сака да се приклучи кон нивните редови. Козметичкиот бренд не случајно се обложува на ѕвезди кои изгледаат одлично и покрај нивните години и покрај брчките на нивното лице. Само затоа што ги носат […]

Тениската ѕвезда Мартина Хингис повторно пред олтар


Швајцарија– Некогашната најдобра тенисерка на светот, Швајцарката Мартина Хингис се омажи за спортскиот лекар Хари Лиман. Церемонијата со 140 гости, се одржа во популарното швајцарско туристичко место „Бад Рагаз”. Славната спортистка не ја криеше својата среќа и радост, девет месеци откако го објави своето повлекување од тенисот. Таа е добитничка на 25 Гренд Слем титули. […]

Се ожени раперот Пуша Т: Фарел Вилијамс модерен кум


САД– Славниот рапер и текстописец Теренс Торнтон познат како Пуша Т се ожени со долгогодишната девојка Вирџинија Вилијамс по 11 години врска во неговиот роден град Бич во Вирџинија, во историскиот хотел „Каваљер“.  Теренс, кој е претседател на музичката компанија на музичарот Кање Вест, беше облечен во костум на „Диор“, а невестата во „Марчеза“. На […]