„Тоска“ во МОБ
Во Македонската опера и балет вечер од 20 часот ќе биде изведена операта „Тоска“ со сопранистката Весна Ѓиновска-Илкова, баритонот Борис Трајанов и романскиот тенор Калин Братеску во главните улоги, во режија на Огњан Драганов од Бугарија. Познатото оперско дело на Џакомо Пучини е приказна за трагичната љубов на Флорија Тоска и сликарот Каварадоси, прекината од злогласниот шеф […]