Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес


ОВЕН: Оддалеку оставате впечаток дека сте среќни и задоволни, но ќе треба реално да ги погледнете работите и да ја утврдите нивната вредност, инаку би можеле да се соочите со фијаско. Со Месечината во Близнаци ќе направите неколку контакти, а Венера во Стрелец ќе ви отвори помодерна визија за животот. Идеи.

БИК: Имате незгодна навика да ја говорите вистината и да ги предизвикувате другите да размислуваат на глобален план и во име на природата. Денес ќе бидете под окото на јавноста и вашите таленти ќе бидат евалуирани, а за што би можеле да добиете и соодветна финансиска награда. Бидете задоволни и креативни. Среќа.

БЛИЗНАЦИ: Нежни, кревки и расположени, вешто ја балансирате динамиката на денот: одземате онаму каде што има отповеќе и широкоградо давате онаму каде што фали. Средби со млади личности, полни со нови идеи, како и шанса за вечерно празнување. Одамна го чекавте ова,време е да ѝ се препуштите на атмосферата.

РАК: Планетарната ситуација укажува на тоа дека сте задоволни, исполнети и среќни, можеби и премногу! Нема потреба за самобендисаност, бидете поумерени, набрзо и вашето време ќе дојде. Пратете добро како се развиваат работите на професионален, но и на интимен план и бидете отворени за сугестии. Симпатија.

ЛАВ: Веќе сте дојдени до напредната фаза во животот и правите искалкулирани чекори: доста чекавте, денес брзо ги превземате работите во своите раце. Ја користите својата моќ да воспоставите ред во целата циркуска арена и политичка хистерија. Не е време за седење во позадина, туку за разумна акција.

ДЕВИЦА: Ако го барате главниот збор за овој ден пријатели, ќе го најдете под буквата Е: ефикасност! Месечината во Близнаци ќе ви даде добар увид во ситуацијата и ќе избегнувате да превземете одговорности кои се премногу тешки или непродуктивни. Ако се соочите со груби зборови, успешно ќе се спротиставите!

ВАГА: Иако повеќе би се повлекле во богатството на својот дом, динамиката ќе добие друг тек и ќе треба брзо да реагирате за да стигнете на договорените состаноци. Работите врз креативни проекти, но бидете практични и посветете се само на деталите: како ракотворец кој што протнува конец низ игла. Балансирајте сега.

СКОРПИЈА: Со Венера и Јуптер во Стрелец доаѓате до саканиот успех. Вие знаете која е цената што треба да ја платите за да уживате во овој луксуз, затоа бидете кротки и мудри. Ако поработите на својата родителска страна, ќе увидите дека многу работи под површината се всушност исти. Ова е период за метаморфоза.

СТРЕЛЕЦ: Задоволни од постигнатото и денес се соочувате со прекрасни аспекти за напредување на поширок план. Да пријатели, светот се отвора пред вас како распослана драперија, со богат дезен и ќе дојдете до средба со поворасна машка личност, која што точно знае што сакате! Сочуствителни разговори.

ЈАРЕЦ: На вашиот шарм му нема крај, ова беше успешен почеток на Новата година и задоволно ги триете рацете од постигнатото. Имајте во предвид дека работите од дистанца изгледаат поинаку, така што ќе треба да балансирате да го постигнете саканиот статус – дома и во странство. Повеќе нема време за криење.

ВОДОЛИЈА: Сугестиите од страна не ги послушавте, зошто сега жалите за она што веќе е минато? Велат секое чудо трае три дена, па така и ова ќе мине, иако се соочивте со горчина. Барата во која што моментално се наоѓате е плитка и може лесно да останете и без она што го имате. Кармата е мистериозен феномен. Проучувајте.

РИБИ: Како лик од рененсансата ѝ приоѓате на некоја креативна госпоѓа, која е умешна во толкувањето на емоциите, но и во својата самоконтрола. Ќе научите дека модерното живеење не е мерило за успешноста. Сега сте пред избор: дали да го остварите ова пријателство и да направите чин-чин со чашите. Среќа.

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

[email protected]