Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес


ОВЕН: Прекрасен ден за практичност: доаѓате до луѓе што ќе сакаат да ги инвестираат своите средства, време и искуство и многу веројатно ќе дојде до потпишување на договори. Не брзајте сега пријатели, иако овие идеи имаат необична нота, туку добро поработете на сите детали. Ќе успеете да стигнете секаде на време. БИК: Конечно сте задоволни и зрачите […]

Денови на исчекување


Ерол Ризаов Граѓаните на Македонија се повторно во исчекување. Со децении чекаме нешто што сите ќе нè израдува, иако тоа не е можно од проста причина што за едните е добра вест, а за другите е лоша. Многу лоша. Не постои таква вест што сите ќе нè направи среќни, дури и кога има причина за […]

Ѕидот на Трамп никогаш нема да биде изграден


Нано Ружин Луѓето не ги сакаат ѕидовите, особено оние што си играат со судбините на семејствата и народите. Падот на Берлинскиот ѕид, продуктот на Студената војна, кој половина век ги делеше Германците од Источен и Западен Берлин, прерасна во симбол на слободата и на обединувањето на Европа. Меѓутоа, ѕидовите меѓу Северна и Јужна Кореја од […]

Оскари 2019: Лејди Гага испишува историја, Бредли Купер отпадна од трката за најрежисер


САД- Лејди Гага испишува историја на Оскарите. Таа е првата ѕвезда на која ѝ успеало во иста година да биде номинирана за најдобра актерка и за најдобра оригинална песна. Филмот „Ѕвездата е родена“ во кој игра заедно со Бредли Купер, кој е и режисер на остварувањето, заработи 8 номинации и тоа во главните категории. Бредли […]

Славниот виолинист Стефан Миленковиќ со концерт во март во Скопје


На 23 март во Македонската Филхармонија, светски познатиот виолинист Стефан Миленковиќ, заедно со оркестарот на Македонската Филхармонија ќе приредат концертна ноќ за паметење, во организација на „Прагма продукција“. Стефан Миленковиќ неколкупати досега имаше можност да ѝ се претстави на македонската публика, која не остана рамнодушна на ниеден негов настап. Овој мајстор на виолина ја надгради […]

7. Модна ноќ на невести на 4 февруари во Скопје


По седми пат, на 4 февруари  во „Скопје Мериот Xотел“  идните невести ќе го одбираат совршениот фустан  на ревии од затворен тип на „Модна ноќ на невести“ во организација на Моден викенд Скопје. Годинава мотото е „Уметноста на „Да“.   На вечерта која е комплетно посветена на свадбениот ден, ќе ги видиме ревиите на Златко […]

Четири концерти на Каролина во Македонска филхармонија


Поп-ѕвездата Каролина Гочева-Корубин, за прв пат во својата кариера ќе се претстави во живо на концерт, заедно со комплетниот состав на Македонската филхармонија. Концертите се закажани во деновите на љубовта, на 15-ти и 16-ти февруари , а поради големиот интерес закажани се уште два, на 20 и на 22 февруари. На репертоарот се песните од […]

„Сони“ поради Брегзит ја преместува европската централа во Холандија


Англија– Јапонскиот технолошки гигант „Сони“ одлучи својата европска централа да ја премести во Холандија од Велика Британија, поради излегувањето на земјата од Европската унија. – Ќе ја преместиме нашата европска централа во Амстердам, изјави претставник на компанијата и додаде дека целта е избегнување царински процедури. „Сони Јуроп“  така ќе премине под нова филијала основана во […]

Облачно, со повремени врнежи од дожд


Времето во Македонија ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, а на повисоките места и на планините од снег. Повеќе врнежи ќе има попладне и во текот на ноќта кон четврток, особено во јужните делови. Ќе дува умерен југоисточен ветер. Утринската температура ќе се движи од минус два до шест, а дневната од […]

Рецензија: „Аквамен“


Водата како елемент во културен поглед најчесто се поврзува со жената. Научниците ова го објаснуваат со животот, со чинот на раѓање при што се исфрла многу вода. Не би можело да се каже дека постои некоја подиректна врска при филмувањево бидејќи насловниот лик „Аквамен“ е на фирмата за стрипови „Ди-си комикс“. Овие автори се одговорни […]

(Фото) Внимавајте да не ви врзат панделка: Нов моден детаљ од црвениот килим


САД- Холивудските ѕвезди ја отворија сезоната на награди и најавија дека во оваа година ќе нè следи еден моден детаљ кој веќе со сезони е многу посакуван. Кога на доделувањето на „Златните глобуси“ во Холивуд почнаа да пристигнуваат ѕвездите, на модните експерти во око им влезе еден детаљ кој доминираше на црвениот килим. Без оглед […]

Туск побара од Париз и Берлин да не ја запостават ЕУ


Белгија– Претседателот на Европскиот Совет, Доналд Туск, се надева дека француско-германската спогодба потпишана вчера нема да ја засени европската интеграција. Ангела Меркел и Емануел Макрон вчера потпишаа билатерална спогодба за соработка помеѓу нивните две земји, кои се сметаат за моторот на европската интеграција. Туск го поздрави овој договор но побара од двете земји да испратат […]

По повеќе од десет години М-НАВ ќе школува нова класа контролори на летање


По повеќе од десет години М-НАВ ќе школува нова класа контролори на летање. Македонската навигација потпиша договор со Глобал АТС Данска, компанија што ќе ги обучува првите пет кандидати за обласни контролори на летање. Од М-НАВ соопштија дека обуката на овие кандидати ќе се спроведе во Копенхаген, од 19 февруари до средината на јули годинава, […]

Изложба на фотографии „Париски перспективи“ на Роберт Јанкулоски


Францускиот институт во Скопје организира отворање на изложбата на фотографии „Париски перспективи“ на македонскиот уметник Роберт Јанкулоски, утре, во 18 часот, во просториите на Францускиот институт во Скопје. Отворањето на изложбата ќе биде проследено со предавањето „Старата фотографија како инспирација во моите дела“, за време на кое Јанкулоски, Директор на Македонскиот центар за фотографија, еминентен […]

Џон Кери го повика Трамп да поднесе оставка


САД – Поранешниот американски државен секретар Џон Кери го повика претседателот на САД, Доналд Трамп да си поднесе оставка. Кери не исклучи можност да се кандидира на изборите за претседател на САД во 2020 година. – Во моментот не планирам таква можност, но не ја отфрлам, изјави Кери. Тој го оквалификува како срамно запирањето на работата […]

СП ракомет: Данските судии признаа дека ја оштетиле Хрватска


Германија – Данската судиска двојка Мартин Гјединг и Мадс Хансен јавно признаа дека ја оштетиле хрватската репрезентација на натпреварот со Германија. Хрватите го загубија мечот и со тоа шансите за полуфинале. Судиите во клучните моментите кога се одлучуваше победникот досудија пробивање од Карачиќ, наместо пенал за Хрватска. – Одлука која имаше големо влијание. Кога досудувате прекршок во […]

Поради магла намалена видливоста на патот Тетово-Гостивар и кај Стража


Поради појава на магла, видливоста на патниот правец Тетово – Гостивар е намалена на 50 – 100 метри, а на планинскиот премин Стража од 20 – 50 метри, информира Автомотосојузот на Македонија. Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози. На повисоките места во западниот дел од државата има остатоци од кашест снег, по […]

Во Јапонија уапсени Израелци за шверц на четири тони злато


Јапонија- Јапонската полиција уапси двајца Израелци кои се осомничени за незаконски увоз на околу четири тони злато во Јапонија. Шверцуваната стока има вредност од околу 183 милиони долари, јави телевизијата Ен-Ејч-Кеј. Израелците две години внесувале злато во сандаци со автоделови од Хонгконг преку токискиот меѓународен ареродром. Тие во Јапонија незаконски внеле злато најмалку 50 пати. Уапсените […]

Во Кривичен суд судење за изборните нерегуларности од локалните во 2013 година


Во Кривичниот суд денеска ќе се одржи рочиште за предметот „Титаник 2“ на Специјалното јавно обвинителство, што се наоѓа во доказна постапка, и се однесува на изборни нерегуларности на локалните избори во 2013 година. На последното судење беа пуштени неколку „бомби“ предложенои од СЈО на кои се слушна како поранешниот премиер Никола Груевски и новинарот […]

Бојана Скендеровски е бремена со второ дете


Поп-пејачката и водителка Бојана Атанасовска, сега Скендеровски, е бремена по вторпат. Ако првата бременост ја криеше, новата, убава вест ја сподели со фановите на социјалните мрежи објавувајќи фотографија, без да открива дополнителни детали. Авторката на емисијата „Улица Македонија“ со сопругот Васко веќе ја имаат ќерката Искра која лани во октомври наполни една година. Во интервју […]