(Фото) Внимавајте да не ви врзат панделка: Нов моден детаљ од црвениот килим


САД- Холивудските ѕвезди ја отворија сезоната на награди и најавија дека во оваа година ќе нè следи еден моден детаљ кој веќе со сезони е многу посакуван.

Кога на доделувањето на „Златните глобуси“ во Холивуд почнаа да пристигнуваат ѕвездите, на модните експерти во око им влезе еден детаљ кој доминираше на црвениот килим. Без оглед на кој дел од креациите беше врзана, ја имаше главната улога.

Пенелопе Круз избра тоалета со ефект на изненадување – нејзината панделка се наоѓаше на грбот, додека Алисон Бри, Линда Карделини и Данаи Гурира избраа фустани чија асиметричност беше нагласена токму со тој детаљ.

Кајли Куоко носеше класичен фустан со панделка која го красеше струкот, додека Шарлиз Терон облече црно-бела тоалета со панделка околу вратот.

Панделките се посакуван моден детаљ не само на фустаните туку и во коса. Ги красат кошулите, имитираат ремен на пантолоните, ги зачинуваат и чевлите и чантите.