Почнува летниот распуст за учениците 


За учениците денеска е последниот училиштен ден и почнува летниот распуст. Учебната 2018/2019 година ја завршуваат околу 270 илјади средношколци и основци, меѓу кои и 20 000 првачиња. На полуматурантите им претстои запишување во средните училишта. Првото пријавување во јунскиот уписен рок е на 17 и 18 јуни, а второто на 24 и 25 јуни. […]

Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес


ОВЕН: Убави влијанија ви ја враќаат вербата за живот: умерени и образувани, луѓето го забележуваат вашиот сјај, а вие се усогласувате со нивните потреби. Давате широкогради совети и на тој начи привлекувате нови пријателства. Малку добрина кон некој човек вреди многу повеќе отколку силна љубов кон човештвото: денес ништо не е невозможно! БИК: Чудни коинциденции […]

Китанов: Ниедна патарина нема да поскапи


Патарините нема да поскапи туку ќе поевтинат, изјави директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Зоран Китанов по нервозата што се создаде околу ова прашање. – Некој од ова сака да направи дневно-популистички настан. Луѓе задолжени да пишуваат по социјалните мрежи не прочитале за што станува збор. Нема никакво покачување, има намалување. Како има намалување? […]

Младеновиќ и Бабош ја освоија титулата во двојки на „Ролан Гарос“


Франција– Кристина Младеновиќ (Франција) и Тимеа Бабош (Унгарија) ја освоија титулата кај дамите во двојки на Отвореното првенство на Франција во тенис. Младеновиќ и Бабош победија категорично во финалето против Кинескињите Саисаи Женг и Инин Дуан со 6:2, 6:3. Така тие заслужија втор трофеј од Гренд-слем турнирите како тандем по Австралија опен минатата година. За […]

Полицијата во Москва доби 16 анонимни закани за поставени бомби


Русија– Анонимни закани за поставени бомби доби полицијата во Москва денеска меѓу кои е и катедралата Христос Спасител и телевизиската кула Останкино. -Полицијата почна со итна проверка, изјави портпарол на полицијата во Москва. Според него, веќе се проверуваат сите места за кои е добиен сигнал за поставена бомба.

Јеремиќ: Вучиќ конечно да стане сериозен и да направи платформа за преговори со Косово


Србија – Претседателот на Народната партија и еден од лидерите на Сојузот за Србија (СзС), Вук Јеремиќ, изјави денеска дека меѓународниот состанок за Косово во Париз нема да биде значително различен од претходниот во Берлин, бидејќи сè уште нема доволен интерес кај клучните меѓународни актери ниту барем делумно совпаѓање на нивните интереси, неопходни на конференцијата да […]

Се ожени фудбалерот Месут Озил, Ердоган му беше кум


Турција- Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган беше кум на свадбата на поранешниот германски репрезентативец Месут Озил, што се одржа во луксузен хотел во Истанбул. Триесетгодишниот Озил, кој има турски корени, се ожени со поранешната Мис на Турција, Амине Гулсе, по две  години врска. Озил предизвика контроверзи минатата година кога беше фотогарфиран со Ердоган, актуелизирајќи го […]

За првата книжевна награда „Пегаз“ пристигнати 77 ракописи


Седумдесет и седум ракописи пристигнале на Конкурсот за новата книжевна награда за најдобар необјавен роман на годината „Пегаз“, распишан од издавачката куќа „Арс Ламина“ и Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“. Пристигнатите ракописи ќе ги оценува тричлено жири, во состав: Димитар Башевски (писател, издавач), Иван Шопов (писател) и Бисера Бендевска (уредничка […]

Завршува учебната 2018/2019 година


За околу 270 илјади средношколци и основци, меѓу кои и 20 000 првачиња утре е последниот ден од учебната 2018/2019 година. На учениците кои завршуваат деветто одделение им претстои запишување во средно образование. Првото пријавување во јунскиот уписен рок е на 17 и 18 јуни, а второто на 24 и 25 јуни. Според Конкурсот на […]

Роденденска парада: Кралицата Елизабета Втора наполни 93 години


Англија– Британската кралица Елизабeта Втора вчера и официјално го прослави својот 93. роденден присуствувајќи на традиционалната годишна парада која првпат е одржана во 18 век. Кралицата е родена на 21 април и тогаш роденденот го прославува во кругот на семејството, но секоја втора сабота во јуни нејзиниот роденден се слави и официјално. Во чест на […]

(Видео) „Макфест“ ги обвини навивачите на „Вардар“ за сквернавење на евергринот


Безвременскиот хит на сестрите Маријана и Росана, нумерата „Признавам“ која беше изведена на фестивалот за забавни мелодии „Макфест“ во 1988 година, деновиве е повторно актуелен, но како обработка и навивачка химна на ракометниот шампион „Вардар“. Обработката е дело на екипа Асови и композиторот Александар Митевски, а е насловена „Вардаре, не те оставаме“. Сепак, песната која […]

СОНК не сака наставници да губат работа – за ученици да работат


Дуалното образование се гледа како еден од начините да се запре процесот на млади кои бегаат, односно имаат мал интерес да се запишуваат во средните стручни училишта. Претседателот на Организацијата на работодавачи, Ангел Димитров,подвлекува дека младите најчесто сакаат да се вработуваат во јавниот сектор и затоа одбираат општествени науки. Дуалното образование може да биде од помош, но […]

„Бушава азбука“ доби дигитална верзија


Генерации деца израснаа со неповторливата „Бушава азбука“. Серијата од 1985 година на режисерот Слободан Унковски и драматургот Горан Стефановски, во продукција на Македонската радио телевизија (МРТ), беше насочена кон детското образование и запознавање со македонската книжевност, култура и традиција преку музика, цртан филм, актерска игра. Серијата беше снимена по истоимената книга за која илустрациите ги […]

Ќе се носи закон за лицата без документи


Од идната недела на Единствениот национален електронски регистар на прописи ќе биде поставено предлог-законско решение за надминување на проблемите на лицата кои живеат во земјава, но немаат документи. Со него треба да се обезбедат услови тие да можат да остварат социјални, здравствени и образовни права, но и во управна постапка да им биде решен проблемот […]

Нејмар нема да се оперира


Франција – Ѕвездата на Бразил и ПСЖ, Нејмар ќе има потреба од четири недели за опоравување од повредата на глуждот, која ја доби за време на контролниот натпревар на петкратниот светски шампиони пред почетокот на Копа Америка. Напаѓачот пропушти голем дел од сезоната на ПСЖ поради повреда во глуждот, а сега повторно доби таква и ќе […]

Земјотрес со јачина од 2,4 по Рихтер почувствуван ноќеска во Охрид и околината


Земјотрес со јачина од 2,4 степени по Рихтер е регистриран ноќеска во 2:10 часот на четири километри западно од Охрид, информираат од Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. – Телеметриската сеизмолошка мрежа ноќва во 2 часот и 10 минути регистрирше земјотрес, чиј епицентар се наоѓа четири километри западно од Охрид. Неговата Рихтерова магнитуда изнесува […]

Вера, надеж, љубов: Влатко Стефановски со вонсериски концерт за пријатели


Концертот во интимна атмосфера на македонскиот вонсериски гитарист Влатко Стефановски  синоќа во луксузниот комплекс Старо Буре, во Кучково се претвори во незаборавна журка и ноќ за паметење со најмоќните негови песни отсвирени само за оние кои имаат вера, надеж и љубов. Влатко, со неговиот бенд „Влатко Стефановски Трио“ кој  го сочинуваат и Јан Стефановски (18) […]

Борис Џонсон: Нема да им платам на ЕУ 39 милијарди фунти за Брегзит


Англија– Поранешниот британски министер за надворешни работи Борис Џонсон, фаворит за нов британски премиер, рече дека ќе одбие  да плати „сметка за разводот“ од 39 милијарди фунти ако ЕУ не понуди подобри услови. – Велика Британија ќе плати „сметка“ вредна 39 милијарди само ако постои „поголема јаснотија“ во постигнувањето на договорот, изјави Џонсон во интевју […]

Градежниците тврдат дека со раст на цените на становите сите добиваат


Становите ќе поскапат, но градежниците не прецизираат колкав би бил растот. Иако вкупните трошоци за нивна изградба се зголемени за 15 отсто, Градежната комора вели дека на цената влијаат повеќе елементи: квалитетот на градбата, локацијата, инфраструктурата и поволниот деловен амбиент, но покачувањето на цените не е лошо. „Со растот на цената на недвижностите, автоматски се […]

Сончево и топло време со температура до 34 степени


Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Попладне ќе има услови за изолирана појава на краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Минималната температура ќе биде меѓу 11 и 19, а максималната од 26 до 34 степени. Во Скопје ќе биде сончево и топло […]