ЕУ планира да замрзне дел од средствата за Украина додека не завршат реформите


Брисел –  Европската унија има намера, за првпат, да замрзне дел од средствата од ковертот наменет за Украина додека чека понатамошни реформи од страна на Киев. Таа постапка не е поврзана со борбата против корупцијата и новиот закон што предизвика жестоки контроверзии и протести во Украина минатата недела. Помошта што Европската комисија му ја дава …

ЕУ планира да замрзне дел од средствата за Украина додека не завршат реформите Read More »

ЕУ размислува за ограничување на научната соработка со Израел поради кризата во Газа


Европската комисија предложи делумна суспензија на учеството на Израел во научноистражувачката програма „Horizon Europe“, вредна 80 милијарди евра, поради како што се наведува – „тешката“ хуманитарна состојба во Појасот Газа. Овој потег е прв од ваков вид во историјата на програмата и доаѓа во време на зголемени меѓународни критики кон израелските акции во Газа, вклучително …

ЕУ размислува за ограничување на научната соработка со Израел поради кризата во Газа Read More »

Вработените во Инспекторатот за употреба на јазиците не добиле плата за три месеци


Вработените во Инспекторатот за употреба на јазиците, преку писмо кое денеска го испратија до медиумите, реагираат што за месеците април, мај и јуни, не им се исплатени плати. На прашање на Мета до Министерството за правда, под чија надлежност е Инспекторатот, одговорија дека наскоро проблемот ќе биде решен и дека вработените ќе ги добијат заостанатите …

Вработените во Инспекторатот за употреба на јазиците не добиле плата за три месеци Read More »

Каде треба да се градат двете хидроцентрали на река Дошница што ја посети и Грета Тунберг (фото)


„Баров Дол“ и „Папрад“ се локациите на реката Дошница на кои Владата одобрила да се градат две мали хидроцентрали на Кожуф планина. Овој регион, богат со ендемски видови и биолошка разновидност, веќе втор месец го штитат еко-активисти од целата земја, свесни дека изградбата ќе значи уништување на биодиверзитетот и исчезнување на уникатни животински и растителни …

Каде треба да се градат двете хидроцентрали на река Дошница што ја посети и Грета Тунберг (фото) Read More »

Ја компонирал музиката за„Кралот лав“ и „Темниот витез“. За еден филм  Ханс Зимер не очекувал да стане блокбастер


Нешто магично се случува кога ќе се појави музика од Ханс Зимер. Од емотивните теми на The Lion King, Inception и Gladiator до возбудливите звуци на  Pirates of the Caribbean, Interstellar и трилогијата  The Dark Knight , композициите на Цимер не само што ја придружуваат приказната – тие ја дефинираат. Но, и покрај тоа што има постигнато повеќе од …

Ја компонирал музиката за„Кралот лав“ и „Темниот витез“. За еден филм  Ханс Зимер не очекувал да стане блокбастер Read More »

Во кината пристига третиот дел од „Аватар“ на Џејмс Камерон , погледнете го првиот трејлер


ДИЗНИ и „20th Century Studios“ официјално го објавија првиот трејлер за третиот филм од исклучително популарната научно-фантастична франшиза на Џејмс Камерон – „Аватар: Оган и пепел“. Долгоочекуваниот филм излегува во кината на 19 декември 2025 година, три години по успехот на неговиот претходник „Аватар: Патот на водата“, кој стана третиот филм со најголема заработка на …

Во кината пристига третиот дел од „Аватар“ на Џејмс Камерон , погледнете го првиот трејлер Read More »

Заврши „Бич филм фестивал“ во Охрид – доделени наградите


Со проекции на над шеесет современи европски филмови, мастер-класови, дискусии и жив фестивалски дух покрај езерото, заврши осмото издание на Beach Film Festival – Охрид, фестивалот на нов европски филм што се одржуваше од 23 до 27 јули во Охрид. Преку внимателно одбрана програма и присуство на автори, селектори и публика од цела Европа. Ова …

Заврши „Бич филм фестивал“ во Охрид – доделени наградите Read More »

Филмот „Отецот наш” на Горан Станковиќ со светска премиера на 50. Филмски фестивал во Торонто


Дебитанскиот игран филм на режисерот-сценарист Горан Станковиќ, снимен во копродукција со Македонската филмска продукција „Дрим фектори“ (Огнен Антов, Стојан Вујичиќ), ќе ја има својата светска премиера во програмата „Дискавери“ на Интернационалниот филмски фестивал од А-класа во Торонто, Канада, којшто ќе се одржи во септември, соопштија продуцентите. -Регионалната соработка е од клучно значење за нашите земји …

Филмот „Отецот наш” на Горан Станковиќ со светска премиера на 50. Филмски фестивал во Торонто Read More »

Аплаузи за Брамс, Шуберт и Бетовен со виолинистот Имеров и пијанистот Папиан на „Охридско лето“


Репертоарот на класична музика на „Охридско лето“ вчеравечер  продолжи со концерт на македонскиот виолинист Емир Имеров и израелскиот пијанист Ваг Папиан. Извонредните музичари ноќта ја започнаа со „Скерцо“ од Јоханес Брамс, а ја продолжија со композицијата „Фантазија во C-dur D934“ од Франц Шуберт. Репертоарот беше заокружен со  прекрасна изведба на Бетовеновата „Соната  бр.9 A-durоп.47 „Кројцер“. …

Аплаузи за Брамс, Шуберт и Бетовен со виолинистот Имеров и пијанистот Папиан на „Охридско лето“ Read More »

Кејт и Вилијам: Време е за нов дом во „готски стил“ со тениско игралиште и базен


За време на пандемијата COVID-19, Кејт Мидлтон и принцот Вилијам се преселија во „скромната“ Adelaide Cottage, во Виндзор. Подоцна беше објавено дека принцот и принцезата од Велс сакале да бидат поблиску до кралицата Елизабета II во нејзините „последни месеци“, со сугестии дека дури планирале да го „реновираат“ малиот имот. Сега, кралски извори тврдат дека Кејт …

Кејт и Вилијам: Време е за нов дом во „готски стил“ со тениско игралиште и базен Read More »

Стелан Скарсгард e добитник на „Почесното Срце на Сараево“ на 31. Сараевски филмски фестивал


Како признание за исклучителниот придонес во филмската индустрија и извонредната актерска кариера, на актерот Стелан Скарсгард ќе му биде доделено Почесното Срце на Сараево на 31. Сараевски филмски фестивал кој ќе се одржи од 15 до 22 август година. Меѓу досегашните добитници на „Почесно срце на Сараево“ се и мексиканскиот режисер, продуцент и сценарист Алехандро …

Стелан Скарсгард e добитник на „Почесното Срце на Сараево“ на 31. Сараевски филмски фестивал Read More »

Tри улици од Карпош ќе останат околу шест часа без струја


Во периодот од 08.15 до 13.30 часот, без струја ќе бидат корисниците од улиците Иван Цанкар – парни броеви, Франц Прешерн – непарни броеви и Вангел Дину ( општина Карпош ), информира ЦУК по известување добиено од ЕВН.

Четворица убиени во пукотница во Њујорк, напаѓачот исто така е мртов


Њујорк – Вооружен човек предизвика вистински ужас во облакодер во центарот на Њујорк, убивајќи четири лица, вклучувајќи и еден полицаец. Напаѓачот потоа најверојатно извршил самоубиство, сумираше градоначалникот на метрополата, Ерик Адам, објавија светските агенции. Тој го опиша инцидентот како уште еден чин на лудо насилство. Тројца мажи, вклучувајќи еден полицаец, и една жена се во критична …

Четворица убиени во пукотница во Њујорк, напаѓачот исто така е мртов Read More »

Почнува судскиот процес за нападот врз скопската градоначалничка Данела Арсовска


Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска започнува судскиот процес против лицето обвинето за напад врз градоначалничката Данела Арсовска. Инцидентот се случи на 11 јули на улицата „Севастополска“ во Скопје, додека таа со службени лица извршувала теренска проверка по пријава за бесправна градба и нелегални приклучоци. Според обвинителниот акт, обвинетиот С.Љ. извршил грубо насилство врз …

Почнува судскиот процес за нападот врз скопската градоначалничка Данела Арсовска Read More »

Без вода корисници на ул. „Пиринска“ во Центар и на крстосницата Тајмишка/ Зеничка во Железара


Корисниците на ул.„Пиринска“ бр. 52 во општина Центар денеска од 09:00 часот ќе имаат прекинато водоснабдување поради менување вентил на шахта на улицата, информира ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје. Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување со работните активности. Од ЈП „Водовод и канализација“ известуваат и дека поради уличен дефект ф-80 мм на крстосницата Тајмишка/ …

Без вода корисници на ул. „Пиринска“ во Центар и на крстосницата Тајмишка/ Зеничка во Железара Read More »

Осака ја прекина соработката со Муратоглу


Париз– Јапонската тенисерка Наоми Осака (27) одлучи да ја прекине соработката со познатиот француски тренер Патрик Муратоглу. „Ти благодарам Патрик. Беше одлично искуство да се учи од тебе. Ти си еден од најдобрите луѓе кои сум ги запознала и сигурна сум дека ќе се сретнеме повторно“, објави четирикатната грен слем шампионка. Осака и Муратоглу ја …

Осака ја прекина соработката со Муратоглу Read More »

Изменет сообраќаен режим кај надвозникот „Влајко“ поради испитување на статиката


Во населбата Влае кај надвозникот „Влајко“ од денеска ќе биде воведен изменет сообраќаен режим поради започнување на активности за статичко испитување на конструкцијата. Како што соопштуваат од Општина Карпош, работите ќе се реализираат во две фази, со затворање на делови од булеварот „Партизански одреди“ по принципот лента по лента. -Во првата фаза се предвидува затворање …

Изменет сообраќаен режим кај надвозникот „Влајко“ поради испитување на статиката Read More »

Фондот за пензиско и инвалидско осигурување воведува СМС-известувања за решенија за пензија


Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија од денеска започнува со нова услуга за известување на граѓаните преку СМС-пораки за подигнување на решенијата за пензија. Секој граѓанин што поднел барање за остварување право на пензија ќе добие порака со информации каде и кога може да го подигне изготвеното решение. Како што информираат од …

Фондот за пензиско и инвалидско осигурување воведува СМС-известувања за решенија за пензија Read More »

Пленарна седница за интерпелацијата на јавниот обвинител Коцевски, Собранието ќе ја констатира и оставката на претседателката на ДКСК Димитровска


Собранието денеска во рамки на 64. седница се очекува да ја констатира оставката на претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата, а на дневен ред на седницата е и интерпелацијата за работата на Републичкиот Јавен обвинител  – Љупчо Коцевски, поднесена од опозициската Левица. Според најавите, седницата се очекува да ја води претседателот на Собранието …

Пленарна седница за интерпелацијата на јавниот обвинител Коцевски, Собранието ќе ја констатира и оставката на претседателката на ДКСК Димитровска Read More »

Камерниот оркестар на МММ „Саша Николовски- Ѓумар“ вечерва на „Охридско лето“


Музичката програма на годинешното 65. издание на Фестивалот „Охридско лето“ продолжува со вечерашниот концерт на Камерниот оркестар на Музичката младина на Македонија „Саша Николовски – Ѓумар“. Камерниот оркестар на Музичката младина на Македонија постои 38 години и е основан како прв сегмент на Летниот музички камп на МММ во Охрид во 1986 година. Повеќе од …

Камерниот оркестар на МММ „Саша Николовски- Ѓумар“ вечерва на „Охридско лето“ Read More »