Во тек разговорите за новиот антикризен пакет, се зголемува бројот на индустрии што бараат помош


Интензивно течат разговорите за новиот, петти антикризен пакет мерки што треба да обезбеди финансиска поддршка за граѓаните и стопанството. Отворена е широка дебата во која се вклучени синдикатите, коморите, работодавачите. Даваат предлози, сугестии и мислења кои би се разгледале од страна на Владата со цел поефективна распределба на државната помош. Според најавите, угостителството, транспортот, туризмот, […]

Инвестициската програма на ЈПДП за годинава изнесува 16,010 милијарди денари


Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) годинава за инвестиции, отплата на кредити и трошоци планира средства во вкупен износ од 23.011.500.000 денари, покажува Годишната програма за изградба, реконструкција, рехабилитација, одржување и заштита на државните патишта за 2021 на ЈПДП, објавена на веб страницата на државното претпријатие Инвестициската програма на ЈПДП изнесува 16.010.500.000 денари. По основ […]

Русија ја продолжи забраната на летовите со Велика Британија


Русија- Русија ја продолжи забраната на летовите со Велика Британија до 17 февруари поради ширењето на новиот вид на коронавирус откриен во таа земја, соопшти руската работна група за борба против Ковид-19. Русија, која веќе потврди случај на мутираниот коронавирус, ја воведе забраната на летови со Британија на 22 декември минатата година.

СЗО: Бројот на заразени во светот се намалува трета недела по ред


Швајцарија– Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека бројот на новозаразени со коронавирусот на глобално ниво се намалува трета недела по ред. Генералниот директор на СЗО, Тедрос Гебрејесус, оцени дека новиот тренд покажува оти е можно да се контролира вирусот, иако се појавуваат нови видови, со примена на мерки како физичко растојание, покривање на лицето и одржување на хигиена. Сепак, Тедрос истакна дека светот веќе […]

Ќе се конституира Интерпартиска парламентарна група за правата на лицата со хендикеп


Во Собранието денеска ќе се одржи работна средба за конституирање Интерпартиска парламентарна група (ИППГ) за правата на лицата со хендикеп. Најавени се обраќања на претседателот на Собранието, Талат Џафери и на амбасадорката на Обединетото Кралство, Рејчел Галовеј. Во рамки на средбата ќе биде презентиран краток историјат за досегашната работа на ИППГ, по што ќе биде […]

Домот на Иванка Трамп и Џаред Кушнер во Вашингтон се изнајмува за 18 илјади долари месечно


САД– Како и остатокот од кланот Трамп, Иванка Трамп и Џаред Кушнер, наводно, се преселиле на Флорида по инаугурацијата на претседателот Џо Бајден. Сега, нивниот поранешен дом во Вашингтон пак се изнајмува ама за 18 илјади долари месечно, објави „Вашингтон бизнис журнал“. Куќата од 5.000 квадратни метри е во раскошната населба Калорама во северозападен Вашингтон […]

Курц: Австрија ќе се залага за започнување на задоцнетите преговори на С.Македонија во првата половина на 2021


Србија – Австрија во потполност го поддржува европскиот пат на целиот Западен Балкан и ќе се залага за започнување пристапни преговори со Северна Македонија и Албанија во првата половина на оваа година. Наш стратешки интерес е да го внесеме регионот во ЕУ што е можно побрзо Ова го вели австрискиот канцелар Себастијан Курц во интервју за […]

Поради магла намалена видливоста кај превојот Стража


Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по местимично влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла до 50 метри има на планинскиот превој Стража, информира вечерва Диспечерскиот центар  при ЈП „Македонијапат“. На одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони. ЈП „Македонијапат“ апелира на внимателно возење и […]

Стапката на невработеност во ЕУ изнесува 7,5 отсто, во еврозоната 8,3 отсто


Белгија– Стапката на невработеност во еврозоната во декември остана стабилна, 8,3 проценти, споредбено со претходниот месец, покажуваат сезонски прилагодените податоци, додека значително е зголемена во споредба со декември 2019 година, кога беше 7, 4 проценти, соопшти денеска Бирото за статистика на ЕУ, Евростат. На ниво на цела ЕУ, стапката на невработеност во декември беше 7,5 […]

Легендарниот пејач Тони Бенет има Алцхајмер, ама не се откажува од музиката


САД- Тони Бенет откри дека му е дијагностициран Алцхајмер во напис за ААРП. „Животот е подарок – дури и со Алцхајмерова болест. Ѝ благодарам на мојата сопруга Сузан и на моето семејство за нивната поддршка и ААРП“, напиша тој на Твитер. Неговата кариера трае 60 години, добитник е на 19 Греми награди, снимил повеќе од […]

Париски „Ла кроа“: Северна Македонија конечно ќе ги преброи своите жители


Франција– Францускиот демохристијански весник „Ла кроа“ во опширна статија се осврнува на идниот попис во Северна Македонија. Пописот, што не се одржуваше 19 години поради политички тензии, сега, според парискиот весник, конечно треба да се одржи во април, откако на 21 јануари со тесно мнозинство е донесен Законот за попис, јави дописникот на МИА. -Колку жители […]

Таблоид му се извини на принцот Хари за приказната дека ѝ свртел грб на војската


Англија – Британскиот принц Хари доби извинување и значителна оштета од издавачите на „ Mail on Sunday“ откако тој го тужеше таблоидот за клевета во врска со тврдењата дека и свртел грб на војската кога ја завршил својата кралска улога. Хари започна со правна постапка откако во октомври напис во весникот рече дека изгубил контакт […]

Во светот до денеска од коронавирус умреле 2.227.605 лица


Франција– Од последици на коронавирусот до денеска во светот умреле 2.227.605 лица, додека заразени биле 102.788.810 лица, сооопшти денеска Франс прес за новиот биланс поврзан со пандемијата. Од официјалниот број на заразени, досега 62.454.800 лица се сметаат за излекувани. Експертите наведуваат дека бројот на официјално заразени не го одразува вистинскиот број на заразени, бидејќи многу […]

Анџелина Џоли ја продава сликата што Черчил му ја подари на Рузвелт


Англија – Слика од сер Винстон Черчил, која е дел од политичката и холивудската историја, оди  на аукција. Аукциската куќа Кристи соопшти денес дека мароканскиот пејзаж „Кула на џамијата Кутубија“ – подарок од Черчил на американскиот претседател Френклин Д. Рузвелт – се продава од Анџелина Џоли следниот месец со проценета цена од 1,5 милиони фунти […]

Во Кина уапсени 80 лица кои неколку месеци продавале лажни вакцини


Кина  – Кинеската полицијата од септември досега во три града уапсила повеќе од 80 лица вклучени во продажбата на фалсификувани вакцини, јавија денеска кинеските државни медиуми. Апсењата биле извршени во градовите Џангсу, Пекинг и Сандонг, а кинеската агенција Ксинхуа соопшти дека биле запленети 3.000 лажни вакцини. Ксинхуа наведе дека кинеското Министерство за јавна безбедност отворило истрага […]

Мета: Албанија е прва во Европа по бројот на починати од Ковид-19


Албанија – Албанскиот претседател Илир Мета денеска изјави дека земјата е прва во Европа по број на смртни случаи од коронавируси и оти владините мерки за спречување на ширење на вирусот не успеале. Тој на својот Фејсбук напиша дека албанската Влада не успеала да заштити човечки животи. Во исто време, тој ја повика албанската влада да […]

Знаменитостите и атракциите на Охрид на првата мобилна апликација „Discover Ohrid“


Центарот за интегриран развој Охрид – ЦИРО, со поддршка на Германското друштво за меѓународна соработка ГИЗ ја креира првата туристичка мобилна апликација „Discover Ohrid“. Проектот и плаикацијата се осмислени да придонесат кон зголемување на конкурентноста и одржливоста на охридскиот туристички сектор преку дигитализација на туристичките потенцијали и услуги. Истовремено се очекува апликацијата да ја подигне […]

Почина Борис Ноневски, поранешен директор на Кинотеката


По долго боледување завчера почина Борис Ноневски, политиколог, социолог на културата, истакнат проучивач на кинематографската и историјата на фотографијата на нашите простори и поранешен директор на Кинотеката на Македонија.   Роден е во 1948 година. По завршувањето на Факултетот за политички науки во Белград, работи во Институтот за социолошки и политичко – правни истражувања во […]

„Skopje Frames“ – меѓународен фестивал на краток филм во МКЦ


„Skopje Frames“ е меѓународен фестивал на краток филм што денеска и утре по првпат ќе се одржи во Младинскиот културен центар (МКЦ) во кино Фросина. Како што соопштија организаторите, фестивалот се стреми да инспирира, унапреди и овозможи поддршка за креирање кратки филмови, особено во време кога пандемијата КОВИД-19 има значително влијание врз филмската индустрија. Целта […]

Цените на бензините и дизелот останаа непроменети, поевтинува екстра лесното масло


Малопродажните цени на бензините и дизелот остануваат непроменети, од ноќеска на полноќ нова пониска цена ќе има Ексстра лесното масло за домаќинство за половина денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги. Според одлуката малопродажните цени на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 и малопродажната цена на Еуродизел (Д-Е V) остануваат на исто […]