Времето променливо облачно, со локален слаб дожд


Времето денеска во претпладневните часови ќе биде променливо облачно со локален слаб дожд, информираат од УХМР. Попладне, пак, облачноста ќе се намали велат синоптичарите и додаваат дека во источните делови од земјава ќе има услови за краткотраен пороен дожд и ретки грмежи, а ќе дува и умерен до засилен северен ветер. Температурата ќе достигне до …

Времето променливо облачно, со локален слаб дожд Read More »

Зголемена фрекфенција на граничните премини


Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава …

Зголемена фрекфенција на граничните премини Read More »

Охридска промоција на зборникот „За и од Киро Глигоров“ во рамки на одбележувањето на 25-годишнината од зачленувањето на Македонија во ОН


–Киро Глигоров беше бенефит и привилегија на Република Македонија, лидер со лична филозофија упатена кон доброто на човекот и просперитетот на нацијата, придобивки остварливи само преку стабилност и безбедност на земјата, преку ингеграцијата на Македонија во светските трговски, економски, финансиски и политички процеси. Сето тоа од него правеше човек кој гледаше преку две планини, лидерство …

Охридска промоција на зборникот „За и од Киро Глигоров“ во рамки на одбележувањето на 25-годишнината од зачленувањето на Македонија во ОН Read More »

Телата на убиените во Дебар на обдукција, осомничени засега нема


Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар, по извршениот увид по убиството на тричленото семејство – маж, жена и нивната 14-годишна ќерка, наредил телата да бидат дадени на обдукција. Како што соопштија од Јавното обвинителство на РМ, издадена е наредба  и за вештачење на сите траги и материјални докази пронајдени на самото место во …

Телата на убиените во Дебар на обдукција, осомничени засега нема Read More »

„Фатиме скока“ – се скараа Фетаи и адвокатот Петар Василев на судењето за „Титаник 2“


Адвокатите на обвинетите во предметот „Титаник 2“ на високи тонови се објаснуваа со обвинителите на СЈО, Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски, за испитувањето на сведокот. Обвинителите и судијата цело време го предупредуваа адвокатот Боро Тасевски дека му поставува директни наместо вкрстени прашања на сведокот Борис Кондарко. „Петпати Ве опоменав што е вкрстено испрашување“, рече судијата …

„Фатиме скока“ – се скараа Фетаи и адвокатот Петар Василев на судењето за „Титаник 2“ Read More »

Адам Загајевски ќе стане почесен член на ДПМ


Добитникот на „Златниот венец“ на Струшките вечери на поезијата за 2018 година, полскиот поет Адам Загајевски, ќе биде прогласен за почесен член на Друштвото на писатели на Македонија. ДПМ соопшти дека во духот на долгогодишната традиција, лауреатот на СВП се прогласува за почесен член на Друштвото на писатели на Македонија. Прогласувањето на Загајевски за почесен …

Адам Загајевски ќе стане почесен член на ДПМ Read More »

ЈСП: Набавките се законски, го повикуваме ВМРО-ДПМНЕ на соочување за нашата работа


Постапките за набавка на електронски картички и избор на консултант за ревизија на електронскиот систем за наплата се во согласност со законот за јавни набавки и се реализирани поради оправдана итност, велат од ЈСП. Подетално за процедурата, објаснување за медиумите даде генералниот директор на ЈСП Скопје, Кристијан Чушков. -Јавното сообраќајно претпријатие Скопје по промената на …

ЈСП: Набавките се законски, го повикуваме ВМРО-ДПМНЕ на соочување за нашата работа Read More »

Лазаров: Сакаме да создадеме млади квалитетни ракометари


Најдобриот македонски ракометар Кирил Лазаров е убеден дека работата со младите ќе даде резултат. Следната недела стартува втората сезона од школата за ракомет „Кирил Лазаров 7“, која ќе биде проширена во три нови општини. – Наша цел е да бидеме инкубатор на млади квалитетни ракометари , отворени сме за соработка со сите клубови во кои …

Лазаров: Сакаме да создадеме млади квалитетни ракометари Read More »

Ќе се реставрира вечното почивалиште на Тоше во Крушево


Општината Крушево денеска ќе почне со активностите за изработка на проект за изградба на достоен вечен дом на Тоше Проески на Гумење. Крушевскиот градоначалник Томе Христоски информира дека Владата донела одлука за одобрување и префрлање средства од Министерството за култура на сметката на општината Крушево. – Владата на Р. Македонија на последната седница донесе одлука …

Ќе се реставрира вечното почивалиште на Тоше во Крушево Read More »

„Титаник 2“ : Дума сведочеше како Ибраими ја сменил одлуката за прегласување во Струмица на локалните избори во 2013 година


На денешното рочиште за предметот „Титаник 2“ сведокот Виолета Дума, одговараше на прашања на обвинителката на СЈО Фатиме Фетаи во врска со  приговорите на гласачкото место 1727 во општина Струмица за локалните избори во 2013 година. На прашања од обвинителката Фетаи дали виделе дека некој телефонски му се јави на Бедредин Ибраими за време на …

„Титаник 2“ : Дума сведочеше како Ибраими ја сменил одлуката за прегласување во Струмица на локалните избори во 2013 година Read More »

OБСЕ/ОДИХР ќе го следи референдумот со 270 набљудувачи


Министерот за надворешни работи на Република Македонија Никола Димитров денеска имаше средба со амбасадорот Јан Петерсен, шеф на Набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР, кој го информираше како оваа меѓународна организација ќе го следи референдумот на 30 септември годинава. Амбасадорот Петерсен, како што соопшти МНР, ги пренел основните информации за оваа мисија на ОБСЕ/ОДИХР и информирал и …

OБСЕ/ОДИХР ќе го следи референдумот со 270 набљудувачи Read More »

Неформалната средба во Драч без премиерите на Македонија, на Србија, на БиХ и на Бугарија


Албанија- На Неформалниот состанок на премиерите на земјите од Западен Балкан, на тема регионални економски интеграции, што денеска се одржува во албанскиот град Драч, не присуствуваат претседателот на Владата на Македонија, на Србија и на Босна и Херцеговина. Српската премиерка Ана Брнабиќ и претседавачот на Советот на министри на БиХ, Дениз Звиздиќ претходно најавија дека нема …

Неформалната средба во Драч без премиерите на Македонија, на Србија, на БиХ и на Бугарија Read More »

Хари и Меган во Мадам Тисо


Англија- Војводата и војвотката од Сасекс се приклучија на останатото кралско семејство во славниот музеј на восочни фигури „Мадам Тисо“ во Лондон. Меган Маркл и принцот Хари се атракција и сите посетители на музејот сакаат да се фотографираат со нив. Британската јавност не е задоволна од фигурите и веќе почнаа првите критики дека восочните Хари …

Хари и Меган во Мадам Тисо Read More »

Сите тезгаџии ќе мора да имаат легитимации за продажба на зелените пазари


Македонија се уште нема стратегија за зелените пазари, а се повеќе се намалува и бројот на закупци на тезги поради сивата економија, нелојалната конкуренција и одливот на млади од државата. Како што беше речено денеска во Стопанската комора на Македонија, и натаму е актуелна камионска продажба надвор од пазарите. Особено се интензивира на есен, но …

Сите тезгаџии ќе мора да имаат легитимации за продажба на зелените пазари Read More »

Парите за Клинички центар се враќаат без пенали, следи анализа каков клинички е потребен


Државата ќе врати 70 милиони евра во Банката на Советот на Европа, што беа наменети за проектот за изградба на Клинички центар, и од септември заедно со оваа институција и експерти од Европската комисија ќе почне да се работи на изноѓање решение за Клинички центар што ќе даде современа здравстена услуга на едно место. Ова …

Парите за Клинички центар се враќаат без пенали, следи анализа каков клинички е потребен Read More »

Лопетеги: Модриќ ќе се врати во првиот тим кога ќе биде целосно подготвен


Шпанија– Тренерот на Реал Мадрид, Хулен Лопетеги, објасни зошто Лука Модриќ не добива шанса во стартниот состав. – Лука имаше напорни настапи со хрватската репрезентација на Мундијалот во Русија. Тој подоцна се приклучи на подготовките. Нема потреба од брзање. Кога ќе биде целосно подготвен ќе се врати. Имаме одлични алтернативи, изјави Лопетеги. Покрај Модриќ, уште …

Лопетеги: Модриќ ќе се врати во првиот тим кога ќе биде целосно подготвен Read More »

Меган Маркл и принцот Хари вдомија лабрадор


Англија– Малото кученце кое го вдомија Меган и Хари е лабрадор и сега е дел од нивното семејство. Кученцето ќе живее во кралската палата, заедно со Меган и Хари, но и во нивната вила во Котсволдс. Војвотката од Сасекс е позната по обожувањето на домашни миленичиња, особено кон грижата за кучињата. Таа морала да го …

Меган Маркл и принцот Хари вдомија лабрадор Read More »

Измените и дополнувањата на Законот за здравствено осигурување поддржани од матичната комисија


Олеснување на постапката за остварување на правото на ортопедско помагало, формирање една стручна комисија наместо постоечките 14 стручни комисии, која ќе ја утврдува листата на лекови, можност за користење на општо прифатениот електронски потпис поради истекот на важноста на електронската здравствена картичка… Ова меѓу другото го предвидува Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за здравствено …

Измените и дополнувањата на Законот за здравствено осигурување поддржани од матичната комисија Read More »

Последен поздрав до актерот: Ванчо остави аманет за наредните генерации македонски глумци


Твоето ненадејно заминување од светот на македонскиот театар остави место што никогаш нема да биде пополнето, зошто твојот уникатен талент и актерското мајсторство не можат да се копираат. Ванчо, му остави непроценливо наследство, особено на Драмски театар, со твоите неповторливи ролји, истакна в.д. директорот на Драмскиот театар-Скопје Сашо Тасевски на комеморацијата за актерот Ванчо Петрушевски, кој почина завчера …

Последен поздрав до актерот: Ванчо остави аманет за наредните генерации македонски глумци Read More »

Судењето за „крвавиот четврток“ продолжува на 31 август


Судскиот процес за насилствата во Собранието на 27 април минатата година, ќе продолжи на 31 август со сослушување на сведоци предложени од обвинителството, откако на денешното рочиште обвинетите, кои се теретат за терористичко загрозување на уставниот поредок, рекоа дека го разбираат обвинението, но оти не се чувствуваат виновни. Како сведоци на 31 август се повикани …

Судењето за „крвавиот четврток“ продолжува на 31 август Read More »