Мурињо: Бонучи и Киелини можат да предаваат на Харвард


Англија – Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо им оддаде признание на одбранбените фудбалери на Јувентус за прикажаната игра во победата остварена синоќа над неговиот тим со 1:0.

Мурињо имаше пофални зборови и за своите фудбалери, но беше фасциниран од тоа како Бонучи и Киелини ги одработија своите задачи.

– Господинот Бонучи и господинот Киелини можат да одат на Харвард и да држат предавања на тема „Како да се биде сјаен дефанзивец“, истакна португалскиот тренер.

Фантастични, се. Воопшто целиот тим им функционира беспрекорно. Тука се секако Роналдо и Дибала. Тие се фаворит број 1 за трофејот во Лигата на шампионите, додаде Мурињо.

Јувентус има максимални девет бода по трите рунди во Х-групата, Манчестер Јунајтед е втор со четири бода, а по нив се Валенсија со два и Јанг Бојс со еден бод.