Адеми : Врховниот суд одбил шест жалби на разрешени судии од Судскиот совет, во тек е постапка за седма


Врховниот суд на Република Северна Македонија, односно Советот за одлучување по жалби одбил шест жалби поднесени од судиите кој од почетокот на годината беа разрешени од Судскиот совет. Претседателката на Врховен суд, Беса Адеми, во интервју за МИА, вели дека Советот за одлучување по жалби, на чии состаноци таа не учествува, од почетокот на годината […]

Леброн и Рашфорд се најомразените спортисти во светот


САД– Американскиот спортски порталот „Pickwise“ состави список на најомразени спортисти во светот во текот на изминатата година. Леброн Џејмс, кошаркар на Лос Анџелес лејкерс е на врвот на листата, откако во текот на последните 12 месеци доби над 122 000 негативни коментари на социјалните мрежи. На второто место е фудбалерот на Англија и Манчестер јунајтед, Маркус […]

Њујорк зафатен од бура: Откорнати дрвја и поплавени улици


САД– Тропската бура Елза, проследена со поројни дождови и силен ветер, го погоди американскиот град Њујорк и Нова Англија. Невремето предизвика поплави на улиците и нарушување на сообраќајот, најмногу на железничкиот, како и откорнати дрвја. Бурата го зафати градот Њујорк, еден ден откако беа поплавени градските улици и метро станиците. Се очекува денеска бурата да […]

Безос, Брансон и Маск: Kој ќе победи во трката за вселенски туризам?


Трojца милијардери претприемачи – Џеф Безос, Илон Маск и Ричард Бренсон – се борат за влез во нова ера на приватни комерцијални патувања во вселената. Следува компаративен преглед на нивните ривалски напори во трката за патувања во вселената. БИЛЕТИ Безос, Брансон и Маск инвестираат милијарди долари во своите вселенски потфати, секој ветува дека ќе превезува клиенти што […]

Кан


ЛЕЈЛА САБИТ Животот не е филм. Славата не е вечна. Секој што е млад, ќе стане стар. Да си ѕвезда, не значи и среќа. Успехот не носи секогаш пари. Јавноста значи и губење приватност. Црвениот килим си има цена. Не можете да избегате од папараци, ви ги бројат брчките и ви ги критикуваат фустанот и […]

„Брат ми брка диносауруси“ – филм за најмладите во кината


Во кино „Милениум“ викендов (сабота и недела) од 13 часот и во Кинотеката вечер од 18 часот ќе се прикажува филмот „Брат ми брка диносауруси“ наменет, пред сè, за најмладата публика. Снимен е според бестселерот на Џакомо Мацариол и ја освои наградата за најдобар филм за млада публика на Европската филмска академија во 2020 година. […]

Пораки од „Економист“: ЕУ мора да најде начин да ја продолжи евроинтеграцијата на регионот, во спротивно вакуумот во проширувањето ќе го искористат трети сили


Процесот на европска интеграција станува се помалку предвидлив. Поради тоа, да не се дозволи вакуумот во проширувањето да го пополнат трети сили, туку добри иницијативи за регионот. Состојбата на неизвесност на државите од регионот во поглед на членството во Унијата може да создаде превирања и ЕУ мора да најде начин да продолжи со процесот на […]

Состојбата со Ковид-19 стабилна, нема дополнителни рестриктивни мерки, интересот за вакцинација се зголемува


Ситуацијата поврзана со пандемијата предизвикана од коронавирусот е стабилна и нема потреба од дополнителни рестриктивни и мерки за заштита, смета министерот за здравство Венко Филипче. Според него, вакцинацијата треба да биде фокусот, а не да живееме во рестрикции. – Сега нема потреба од нови мерки, затоа што ситуацијата е прилично мирна. Политиката на затворање се […]

Бугарија во пресрет на утрешните предвремени парламентарни избори


Бугарија– Во Бугарија денеска е молк пред утрешните предвремени парламентарни избори, јави дописникот на МИА од Софија. Според поголем дел од социолошките истражувања во Бугарија, партијата на шоуменот и ТВ водител Слави Трифонов води со минимална предност пред владејачката партија во Бугарија веќе 10 години – ГЕРБ на Бојко Борисов. Последната анкета спроведена од агенцијата […]

Јаневски: Очекувам 20 до 30 отсто повеќе странски туристи од лани


Се ближи шпицот на туристичката сезона. Луѓето веќе ги користат летните одмори. Повеќето заминуваат за Грција, Албанија, Црна Гора, Хрватска, но некои патуваат и подалеку, во Турција, Египет, Италија. Според актуелните бројки, КОВИД-кризата полека стивнува, но не престануваат предупредувањата за ширењето на новиот делта сој. Каков ќе биде годинашниот туристички биланс, што ако има нови […]

Османи на Дубровник форумот ќе говори на панелот „Меѓународната заедница и земјите од Западен Балкан: како да ставиме крај на карантинот?“


Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска на вториот ден од традиционалниот Дубровник форум, оваа година тематски насловен „’Пост’ – пандемиска геополитика – заедништво во поделен свет”, ќе биде говорник на панелот „Меѓународната заедница и земјите од Западен Балкан: како да ставиме крај на карантинот?“, а во агендата има и повеќе билатерални средби со високи […]

Енди Мекдауел со проседа коса во Кан: Ги прифаќам промените што доаѓаат со стареењето


Франција– Во текот на изминатата година, актерката Енди Мекдауел им дозволи на нејзините темни кадрици да растат природно, постепено откривајќи сребрен тон на косата што е дефиниција за елеганција. Мекдауел позираше на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал, дебитирајќи – за прв пат јавно – со нејзината мека, сребрена боја на коса. 63-годишната актерка и […]

Промовирана книгата „Зборови со персиско потекло во македонскиот јазик“ од Зеќир Рамчиловиќ


Во рамки на манифестацијата „Штипско културно лето“ синоќа беше промовирана книгата „Зборови со персиско потекло во македонскиот јазик” од Зеќир Рамчиловиќ.  Книгата содржи вкупно 1.141 збор поделени во три групи – зборови со персиско потекло, зборови со дискутабилно потекло и лични имиња со персиско потекло. Во првиот дел дефинирани се 343 различни видови основни зборови со […]

Претпладне сончево , попладне нестабилно со пороен дожд и засилен ветер


Времето претпладне во земјава ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Околу пладне и попладне на повеќе места ќе биде нестабилно, со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, силни електрични празнења и појава на град. Утринската температура ќе се движи од […]

Ѓоковиќ: Во тенисот најважни се грен-слем титулите


Англија – Мојот сон продолжува, изјави синоќа српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, кој со пласманот во финалето на Вимблдон се доближи на чекор до освојување на својата 20 грен-слем титула и израмнување на рекордот што го држат Швајцарецот Роџер Федерер и Шпанецот Рафаел Надал. – На оваа етапа од мојата кариера грен-слем трофеите ми значат сè […]

Филипче: Торакални хирурзи на Клиника во Виена ќе се обучуваат да трансплантираат бели дробови


Торакални хирурзи од нашата Клиника ќе испратиме на Клиниката AKХ Виена на Медицинскиот Универзитет, каде ќе се обучуваат да трансплантираат бели дробови, објави на својот фејсбук профил министерот за здравство Венко Филипче. Посочува дека тоа денеска го договориле со торакалниот хирург, проф.д-р Волтер Клепетко кој лани го предводел тимот хирурзи кои успешно извршија трансплантација на […]

Седмо финале за Ѓоковиќ на Вимблдон


Англија – Најдобриот светски тенисер, Србинот Новак Ѓоковиќ, го совлада вечерва Канаѓанецот Денис Шаповалов со 7:6, 7:5, 7:5 и по седми пат во кариерата обезбеди пласман во финалето на грен-слем турнирот во Вимблдон. На актуелниот бранител на трофејот во Вимблдон му беа потребни два часа и 47 минути игра за да го совлада Шаповалов и да дојде до […]

Најмалку 40 деца во кампови во Грција заразени со коронавирусот


Грција– Најмалку 40 деца и неколку возрасни во два летни кампови во северна Грција и на Крит се заразиле со коронавирусот, јавија денеска локалните медиуми. Првото жариште е регистрирано во камп во регионот Ханија во западниот дел на Крит, каде биле заразени повеќе од 30 деца и одреден број вработени, јави весникот „Катимерини“. Според zarpanews.gr, се верува дека вработените во […]

Д-р Стевановиќ: Со завршување на годишните одмори можноста за проширување на инфекцијата е голема


Постои можност за ширење од новиот сој на коронавирусот и далеку е од тоа дека светот може со сигурност да пресмета кога би бил и дали наскоро ќе се случи крајот на пандемијата. Се додека имаме нови соеви кои го зголемуваат бројот на новоинфицирани низ целиот свет, пандемијата уште е далеку од завршување. Со завршувањето […]

Малта од среда ги затвора границите за невакцинираните


Малта– Малта од среда ќе забрани влез за сите невакцинирани посетители на островот, изјави денеска министерот за здравство Крис Ферн. Негативен тест за коронавирус веќе нема да биде доволен за да се премине границата на овој мал медитерански остров. -Ние ќе бидеме првата земја на Европската унија што ќе донесе оваа одлука, но мора да […]