Студија: Младите можат да имаат сериозни оштетувања на органите по прележан Ковид-19


Англија- Според истражување спроведено  од седум универзитети во Велика Британија, младите хоспитализирани поради Ковид-19 се во подеднаква можност да им се искомплицира здравствената состојба како и на луѓето постари од 50 години. Четири од 10 лица на возраст меѓу 19 и 49 години имале проблеми со бубрезите, белите дробови и другите органи за време на […]

„Плацови на Водно“: Во Кривичен треба да почне судењето за Груевски, Камчев, Мијалков


Никола Груевски, Сашо Мијалков, Јордан (Орце) Камчев, неговата мајка Ратка Куновска-Камчева, Ристо Новачевски и Ненад Јосифовиќ се имињата на осомничените за кои во Основниот кривичен суд во Скопје денеска треба да започне судскиот процес во предметот познат во јавноста како „Плацови на Водно“. Груевски е во бегство во Будимпешта, а Мијалков и Камчев треба да […]

Ештон Кучер го продал билетот за Вселената поради Мила Кунис


САД- Глумецот Ештон Кучер откри дека пред 10-на години си резервирал билет за патување во Вселената, со британската приватна агенција „Вирџин галактик“ на Ричард Бренсон. Но, се откажал од таа замисла откако се оженил со Мила Кунис, па го продал билетот. – Кога се оженив и се родија децата, сопругата во основа ме охрабруваше дека не […]

Ајфеловата кула отворена по неколкумесечно затворање


Франција– Ајфеловата кула се отвора за посетителите од денеска по неколку месеци затворање како дел од епидемиолошките ограничувања.Влезниците се распродадени на интернет. Ајфеловата кула беше затворена кон крајот на минатата година поради пандемијата со Ковид-19. Атракцијата во Париз исто така беше затворена за посетителите во текот на дел од пролетта 2020 година, кога вирусот почна […]

Црна статистика за Бразил во 2020 година – Убиство на секои десет минути


Бразил– Рестриктивните мерки поради коронавирусот во Бразил не успеаја да ги запрат убиствата во земјата. Според последниот Годишен извештај на бразилските власти за 2020 година, има дури и зголемување од 4,7 отсто во споредба со претходната година. По две години во кои бројките се намалија, во последните 12 месеци има зголемување на бројот на насилни […]

Рене Дорлеак, актерка и мајка на Катрин Денев, почина на 109 години


Франција– Актерката Рене Дорлеак, ѕвезда на звучниот филм и мајка на Катрин Денев, почина во Париз на 109-годишна возраст. Нејзините деца ја потврдија нејзината смрт за „Фигаро“. Родена во регионот Нормандија во Франција на 10 септември 1911 година, Дорлеак ја започна својата професионална кариера на 7-годишна возраст и го зеде уметничкото име Рене-Жан Симоно. Додека […]

СЗО: За една недела во Африка за 43 отсто зголемен број смртни случаи од Ковид-19


Швајцарија– Смртните случаи поврзани со коронавирусот во Африка се зголемија за 43 проценти за само една недела, соопшти Светската здравствена организација, јави ДПА. – Зголемувањето на бројот на случаи со Ковид-19 е најбрзо што е регистрирано на континентот, рече регионалниот директор на СЗО, Мачидисо Моети. Недостатокот на машини за кислород и слободните  места во единиците за […]

Од денеска „Covid free“ простори во Грција


Грција– Внатрешните делови на кафулињата, рестораните, ноќните клубови, како и кината и театрите во Грција, од денеска почнуваат со работа, но само за вакцинирани гости или за лица кои прележале Ковид-19, а сертификатите ќе се проверуваат преку специјалната апликација „Covid free“, јави дописничката на МИА од Атина. Одлуката на грчката Влада стапува денеска во сила, […]

Промоција на кампања за справување со непријавената работа


Кампањата за справување со непријавената работа, под слоганот „За да имаш подобар персонал – грижи се подобро за персоналот“ ќе биде промовирана денеска. Главната цел на кампањата е подигнување на свеста во јавноста, кај работодавачите и кај работниците, за негативните последици од ангажирање на непријавени работници. На прес-конференција за промоцијата ќе се обратат министерката за […]

Заштитните маски се враќаат во Лос Анџелес поради зголемен број заразени со Ковид-19


САД- Заштитните маски се враќаат во Лос Анџелес, каде здравствените работници се борат со алармантно зголемување на бројот на луѓе кои страдаат од многу заразна варијанта Делта на коронавирусот Лос Анџелес, каде живеат 10 милиони луѓе еден од неколкуте окрузи каде властите неодамна препорачаа или наредија носење маски и други мерки против пандемијата. Одделот за […]

Високо на агендата на Словенија решавање на прашањето меѓу Скопје и Софија


Словенечкиот претседател Борут Пахор вчера изрази надеж дека до октомври, кога Словенија е домаќин на самитот на лидерите на Европската унија и Западен Балкан, може да се постигне компромис, кој ќе ја отвори вратата за почеток на преговорите за членство на Северна Македонија во ЕУ.   – Сите ја разбираме сложеноста на овој процес. Посебен […]

За вакцинација пријавени над 1600 деца и млади, најсовремена терапија за пациентите со Ковид


Од понеделник почнува вакцинирањето на деца и млади од 12 до 18 години. Според податоците од националниот систем „Мој Термин“ до вчера напладне вкупно 1623 деца и млади покажале интерес за вакцинирање, информираа за МИА од Министерството за здравство. Во земјава се активни 225 случаи на заразени со Ковид-19, а од вчера во државав е […]

Бајден и Меркел во Вашингтон разговараа за соработката, но и за разликите


САД– Претседателот на САД, Џозеф Бајден и германската канцеларка Ангела Меркел, во Вашингтон разговараа за односите меѓу двете земји, пред се за разликите околу гасоводот „Северен поток 2“ и ставовите кон Кина. За време на краткиот состанок со новинарите, и Бајден и Меркел се обидоа да ги намалат постојните разлики, јавија американските медиуми. Бајден рече дека […]

Сончево и топло, попладне дожд, грмежи и ветер


Времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Попладне, претежно во северните делови ќе има локална појава на нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималните температури ќе се движат во интервал од 14 до 23, а максималните од 31 до 38 степени. […]

Росица Мршиќ со нова капсулна колекција :„Dreamy Passage“ ве носи на медитеранска ривиера (фото)


Новата капсулна колекција „Dreamy Passage“ на Росица Мршиќ претставува пријатно сонливо патување низ нова, мека и пастелна естетика на дизајнерката. Колекцијата ја спојува женственоста карактеристична за дизајнерката со поопуштен изглед, но внимателно конструиран, воведен за да ја претстави потребата од радост и сонување.     Естетиката на колекцијата ја одразува идејата за патување низ времето […]

Продолжено работно време и работење во викенд за нови лични документи


Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска го посети Одделението за управни работи-Скопје, при Одделот за граѓански работи, кое периодов работи со продолжено работно време, вклучително и во текот на викендите, со единствена цел, граѓаните кои имаат потреба од издавање на нови лични документи да можат навремено да си го остварат своето право. Имено, од […]

Во Врање досега со прва доза се вакцинирани 11 540 македонски граѓани и 8 306 со втора доза


Србија – Во Врање досега со прва доза се вакцинирани 11 540 македонски граѓани, додека со втората доза вакцинирани се 8 306 наши државјани, јави дописникот на МИА од Белград. Како што соопшти порталот Југпрес, повикувајќи се на податоците од Здравствениот центар во Врање, до 14 јули годинава вкупниот број на дадени прва и втора доза […]

Русија не планира да ги одобри странските вакцини против Ковид-19


Русија– Кремљ денеска ја отфрли идејата за одобрување странски вакцини против Ковид-19 во Русија, иако властите се трудат да ги поттикнат сонародниците, кои имаат сомнеж кон руските производи, да се вакцинираат. – Имаме наши вакцини, ги имаме четири, зарем тоа не дава можност за избор?, праша портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков пред новинарите. Тој […]

Вардар ќе обезбеди милион евра гаранција за да добие дозвола за настап во Лигата на Шампионите


Двократниот европски првак, Вардар и следната сезона ќе игра во Лигата на шампионите. Раководството на македонскиот ракометен великан обезбеди еден милион евра, потребни како гаранција за непречен настап во елитното натпреварување за сезоната 2021/22. Повеќе македонски медиуми денеска објавија дека претседателот на „црвено-црните“ потврдил за подготвеност да се плати котизацијата во ЕХФ. Крајниот рок за […]

Донација од Кина за поликлиниката „Шуто Оризари“


Под покровителство на претседателот Стево Пендаровски, Амбасадата на Народна Република Кина во земјава донираше 1,6 милион денари  на ЈЗУ Здравствен дом Скопје за поликлиниката „Шуто Оризари“. Средствата се наменети за РТГ Кабинет, опремување со медицински мебел и реконструкција на покривот на поликлиниката. По тој повод, претседателот Пендаровски, амбасадорот на Кина, Џанг Ѕуо, и претставници на […]