Велика Британија ја проширува програмата за вакцини против грип, 35 милиони бесплатни вакцини


Англија– Британската влада објави дека ќе ја прошири својата програма за вакцинирање против грип, што ќе ја направи најсеопфатна досега, сето тоа со цел да се избегне притисок врз болниците додека трае пандемијата со Ковид-19. Британската влада соопшти дека ќе понуди бесплатни вакцини против грип за 35 милиони луѓе меѓу кои и за деца од […]

Социјалните мрежи поволна почва за ширење дезинформации и лажни вести


Илјадници информации со само едно пребарување, дел од нив дезинформации, дел лажни вести, сите на штета на консументите. Дигитална ера, виртуелен свет, безброј можности на интернет-мрежата, која го олеснува секојдневниот живот правејќи со еден клик да се заврши многу работа. Истовремено, хаос од информации, кои преку, исто така, еден клик на примамливиот, најчесто сензационалистички наслов, […]

Прв случај со коронавирус во Олимпиското село во Токио


Јапонија – Во Олимпиското село Токио 2020, откриен е прв случај заразен со коронавирус. Ова го изјави извршниот директор на организацискиот комитет на Олимпијадата 2020, Тоширо Муто. Еден од членовите на странска делегација доби позитивен тест, но националноста и другите лични податоци не беа обелоденети. Според „NHK“, заразеното лице не било спортист. Веќе се пријавени случаи […]

Светот ги враќа рестриктивните мерки, вакцинираните со поголеми привилегии


Голем број земји во светот поради бавното темпо на имунизација против Ковид-19 се одлучуваат за воведување задолжителна вакцинација за одделни професии, како и рестриктивни мерки за невакцинираното население. Интересот за вакцинација се намалува, делта сојот забрзано се шири, нов бран на епидемијата се приближува, а колективниот имунитет е далеку. Со цел да се стави под […]

(Фото) Гала amfAR во Кан се врати во стил на филмска ѕвезда: Собрани над милион долари за истражување на СИДА


Франција- Шерон Стоун беше домаќин, а Алиша Кис одржа блескав перформанс кога раскошната гала амФАР која собира пари за истражување на СИДА, синоќа се врати во Кан. Една од најочекуваните вечери на фестивалот, 27-то издание беше помал поинтимен гала настан од претходните години, со ексклузивната листа на 900 гости, со ковид-протоколи . На вечерата под […]

Галичка свадба викендов, Катерина и Филип – годинашни младенци


По пауза од една година поради Ковид-19 пандемијата, во Галичник викендов се одржува традиционалната манифестација Галичка свадба на која годинава по старите галички обичаи ќе се венчаат младенците Катерина Илиевска и Филип Бундески. Младоженецот Филип потекнува од Галичник и, како што рече на нивното претставување во Скопје, многу години учествувал на свадбата во Галичник во […]

Социјалните мрежи „убиваат луѓе“ со дезинформации за вакцините, обвинува Бајден


САД – Големите оператори на социјалните мрежи што шират дезинформации за вакцините „убиваат луѓе“, обвини американскиот претседател Џо Бајден. – Тие убиваат луѓе. Единствената пандемија што ја имаме ги погодува луѓето кои не биле вакцинирани. Тие убиваат луѓе, наведе американскиот претседател. Белата куќа оваа недела значително го заостри тонот кон големите технолошки компании и ги […]

НАСА: Редовниот лунарен циклус ќе предизвикува поплави во крајбрежните подрачја меѓу 2030 и 2040 година


САД – Зачестени поплави ќе го погодуваат брегот на САД во текот на 2030-те поради редовниот лунарен циклус, што ќе го интензивира покачувањето на нивото на морето, што веќе се случува поради климатските промени, покажува студија на научниците од НАСА, чии резултати се применливи ширум светот. Клучен фактор што научниците го открија е редовното „колебање“ на […]

Државната изборна комисија ќе информира за подготовките за локалните избори


Претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Александар Даштевски денеска ќе информира за одлуката за избор на најповолен понудувач за јавната набавка на Интегриран систем за биометриска идентификација на гласачите, како и за активностите за подготовка на локалните избори. Од Државната изборна комисија вчера за МИА потвдија дека е извршен изборот на компанијата што треба да […]

Колумбијците осомничени за убиството на Моиз учествувале во американска воена обука


САД– Дел од осомничените колумбиски платеници, уапсени под сомнение за убиство на претседателот на Хаити, Жовенел Моиз, учествувале во американски воени обуки, изјави портпаролот на Пентагон. „Истрагата е во тек, нема да дадеме повеќе детали во овој момент“, изјави полковник Кен Хофман за „Вашингтон пост“. Според Пентагон, Секретаријатот за одбрана организира обуки за илјадници војници […]

Квалитетот на подземните води сè уште е добар, но сепак е под ризик од загадување


Скопскиот регион во целина е богат со подземни води, особено во западниот дел почнувајќи од централното градско подрачје кон Аеродром, Лисиче, Кисела Вода и реонот на вливот на реката Лепенец во Вардар. Резервите на подземни води во Скопскиот регион, што можат да бидат одржливо експлоатирани повеќекратно ги надминуваат потребите, а нивната искористеност во овој регион […]

Вакцинацијата се одвива непречено, пријавени околу 1.800 деца и млади


Вакцини против Ковид-19 во земјава има доволно, а процесот на имунизација функционира одлично. За релативно краток период вакцинирани се голем број граѓани изложени на поголем ризик на компликации од болеста. Од понеделник почнува вакцинирањето на деца и млади на возраст од 12 до 17 години, а досега се пријавени вкупно 1798. Вакцинирањето за нив ќе […]

Сончево и топло , попладне нестабилно со пороен дожд 


Времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне и кон крајот на денот ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, електрични празнења, силен ветер (на места над 90км/ч.) и услови за појава […]

АХВ ќе ја унапредува соработката со Србија на полето на безбедноста на храната


Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Николче Бабовски денеска одржа работен состанок со директорката на Институтот за хигиена и технологија на месо од Белград, Република Србија Весна Ж. Ѓорѓевиќ и генералниот директор на компанијата за производство на месни производи „Златиборац“ Душан Кнежевиќ, како претставник на српската месна индустрија. Целта, како што соопшти Агенцијата за […]

Канада наскоро ќе ги отвори границите за странски посетители 


Канада– Канада може да ги отвори границите за сите вакцинирани посетители од почетокот на септември и најверојатно ќе може да прима вакцинирани граѓани на САД од средината на август.  Ова го соопштија од кабинетот на премиерот Џастин Трудо.  Канада ги затвори копнените граници со САД лани во март, кога започна пандемијата на коронавирус. Оттогаш границите […]

В понеделник почнува вакцинацијата на деца и млади од 12 до 17 години, досега 1798 пријавени


Досега вкупно 1798 деца на возраст од 12 до 17 години покажале интерес за вакцинирање против Ковид-19. Вакцинирањето за нив ќе почне од понеделник и ќе биде во постојните вакцинални пунктови во градот што го навеле при пријавувањето.    Како што информираат за МИА од Министерството за здравство, најголем број пријавени деца и млади има […]

Спој на емоција, талент и грациозност: Охрид ја препозна магијата на балетот


Класичниот балет не е професија која буди интерес кај широките маси, но има голем број љубители и познавачи на оваа професија. А Македонија има прекрасна публика. На волшебната ноќ на отворањето на 61. Охридско лето, на сцената на Античкиот театар ги почувствува талентот, искреноста, страста, животот, емоцијата, душата, совршенството, харизмата, грациозноста, авторитетот, женственоста и оптимизмот […]

ДИК изврши избор на компанијата што ќе го набави системот за биометриска идентификација на гласачите


Државната изборна комисија (ДИК) денеска изврши избор на компанијата што треба да го набави интегрираниот систем за биометриска индентификација на гласачите, јави МИА. Според најавите, повеќе информации во врска со набавката на овој систем и подготовките за локалните избори Комисијата ќе соопшти во текот на утрешниот ден. На повторениот тендер за набавка на интергрираниот систем […]

Помалку од 1.000 луѓе ќе присуствуваат на церемонијата на отворање на Олимписките игри во Токио


Јапонија – Бројот на гости кои ќе присуствуваат на церемонијата на отворање на Летните олимписки игри во Токио ќе се намали поради епидемијата на коронавирус, јави агенцијата „Кјодо“. Организаторите на настанот планираат да примат помалку од илјада гледачи на свечениот дел, на еден или на друг начин поврзани со организацијата на Олимписките игри. Претходно, локалните власти […]

Роналдо реши да остане во Јувентус до крајот на договорот


Италија – Фудбалерот на Јувентус, Кристијано Роналдо ќе го одработи до крај договорот со клубот, информира „Ла Газета дело Спорт“. Како што е забележано, ова е конечна одлука на 36-годишниот Португалец. Неговиот договор со Јувентус истекува на 30 јуни 2022 година. Претходно беше објавено за интересот на ПСЖ за Португалецот. Спортскиот директор на францускиот клуб наводно […]