Помалку забави и бакнежи: Канскиот фестивал почнува во сенка на строгите Ковид-протоколи


Франција – Вооружени со тестови за коронавируси и маски за лице, филмските sвезди ќе започнат да пристигнуваат во Кан денес за враќање на најголемиот филмски фестивал во светот, чија цел е да му помогне на киното да се врати од ударот што го зададе глобалната пандемија . Организаторите и локалните власти финансираат строги протоколи за […]

Диор ја врати Џенифер Лоренс на сцената: Шик за првиот црвен килим


Франција– Во интервју за насловната страница за Вог во 2017 година, Џенифер  Лоренс истакна дека откако заработи три номинации за Оскар и еден Оскар во период од само пет години, таа почна да се грижи за можноста да стане преекспонирана во јавноста. „На американската јавност – на меѓународната јавност – ќе и треба одмор“, рече […]

Почина Ричард Донер, режисерот на „Супермен“ и „Смртоносно оружје“


САД – Ричард Донер, режисерот на „Супермен“ и „Смртоносно оружје“, почина на 92-годишна возраст. Тажната вест ја потврди неговото семејство. Донер имаше богата кариера како режисер и продуцент, особено во 1970-тите и 80-тите. Заслужен е за зачнувањето на модерната ера на суперхеројски филмови, со „Супермен“ со Кристофер Рив. Тоа тогаш се сметаше за ризична авантура, поради […]

„Римац“ стана мнозински сопственик на „Бугати“


Хрватска-  Компанијата „Римац автомобили“, основана од хрватскиот претприемач и иноватор Мате Римац, објави дека станала мнозински сопственик на „Бугати“ – познатиот француски производител на тн. хиперспортски автомобили. Така, нов дом на „Бугати“ ќе биде кампусот „Римац“ во Хрватска. Според наводите, групацијата се поделува на две компании – „Бугати Римац“ и „Римац технологија“. Мате Римац ја […]

Гвен Стефани во две венчаници на Вера Ванг за тајната свадба (фото)


САД- Славната американска креаторка Вера Ванг ги дизајнираше двете венчаници за тајната свадба на поп-ѕвездата Гвен Стефани и кантри-ѕвездата Блејк Шелтон на фармата на Шелтон во Оклахома, по шест години врска. Фотографиите ексклузивно ги објави „Пипл“.  Ванг, 72, позната по своите невестински фустани, ја вметна необичната личност на Стефани во венчаниците. Едната венчаница беше конвенционална […]

Ѓоковиќ експресно до четвртфиналето на Вимблдон


Англија– Новак Ѓоковиќ експресно обезбеди пласман во четвртфиналето на Вимблдон.  Светскиот рекет број 1 Новак Ѓоковиќ денес без многу мака по само три одиграни сета против Чилеанецот, Гарин обезбеди пласман во четвртфиналето, во кое за противник ќе ги има Унгарецот, Мартон Фушович кој во пет сета го победи  (5) Русинот, Андреј Рублев. 

Почина Рафаела Кара, легендарна италијанска пејачка и ТВ-ѕвезда


Во 1984 година, неделникот „L’Espresso“ ја опиша Кара како личност која добила повеќе аплаузи од претседателот Пертини, поскапа од фудбалерот Мишел Платини и почудесна од современиот светец Падре Пио. Италија– Рафаела Кара, една од најголемите ѕвезди на италијанскиот шоубизнис почина на 78 години по тешка болест со која подолго време се бореше. Рафаела Кара беше […]

Тамара со концерти во Охрид и во Хераклеа под отворено небо


Поп-ѕвездата Тамара Тодевска, најави два спектакуларни солистички концерти под отворено небо. По големиот успех на Евровизија и година и пол без нејзините најдобри забави, конечно ќе ги пееме во живо „Proud”, „Тажна љубов, среќна песна”,„1003”, во Охрид и Хераклеа, со почитување на сите мерки против Ковид-19. Концертот во Античкиот театар во Охрид е закажан за 29.07. 2021 со почеток […]

Грција започнува доброволна вакцинација на деца од 15 до 17 години


Грција– Комисијата за вакцинација на Грција даде позитивно мислење за доброволна вакцинација на децата од 15 до 17 години со согласност од родител или старател, а следната седмица ќе биде отворена платформата за закажување термин, соопштија претседателката на комисијата Мариа Теодориду и генералниот секрар во Минстерството за здравство Мариос Темистоклеус на денешната редовна прес конференција, […]

Заев на Самитот на Берлинскиот процес: Регионалната соработка не е замена за интеграцијата во ЕУ


Регионалната соработка е основен фактор за поврзување и економски прогрес, но не е замена за членството на земјите од Западниот Балкан во ЕУ, порача премиерот Зоран Заев во обраќањето на Самитот на земјите од Западен Балкан во рамки на Белинскиот процес. – За сите нас е несомнено јасно дека само со интегриран и поврзан регион […]

Состојбата на луксембуршкиот премиер Бетел е „сериозна, но стабилна“


Луксембург– Здравствената состојба на премиерот на Луксембург, Ксавиер Бетел, е во „сериозна, но стабилна“ и тој ќе остане во болница уште најмногу четири дена поради последиците на коронавирусот. Бетел на 27 јуни, веднаш по враќањето од самитот на ЕУ во Брисел, се покажа позитивен на тестот за коронавирус, а вчера е примен во болница. Бетел (48) […]

Костимот за капење кој предизвика револуција: Бикини слави 75 години


Она што инженерот Луи Реар го создаде во 1946 година го возбуди светот на модата во тоа време. Дури ни „Вог“ не сакаше да го стави бикини-костимот на насловната страница. Машинскиот инженер Луи Реар не можеше да најде професионална манекенка, па за презентацијата на својот прв бикини-костим на 5 јули 1946 година ја ангажираше стриптизетата […]

Речиси четири милиони луѓе во светот починаа од коронавирус


Франција– Во светот од коронавирус починаа три милиони и 980.935 лица, додека 183 милиони и 741.570 беа заразени, покажува најновиот биланс врз основа на податоци од земјите во светот и информации од Светската здравствена организација.   Бројот на официјално заразени не го одразува реалниот број на заразени, бидејќи многу земји тестираат само пациенти на кои […]

Ловен повторно номиниран за премиер на Шведска


Шведска – Стефан Ловен, кој минатата недела поднесе оставка од функцијата премиер на Шведска, откако на неговата Влада и беше изгласана недоверба, има можност да ја врати функцијата. Претседателот на Парламентот, Андреас Норлен, денеска на прес-конференција рече дека повторно го предлага Ловен за оваа функција и оти гласањето ќе се одржи во среда. Ловен рече дека повторно може да формира коалициска влада. Ловен на […]

Федерер го потврди настапот на ОИ во Токио


Англија– Роџер Федерер ќе ја претставува Швајцарија на тенискиот турнир на Олимписките игри во Токио, соопшти денеска Швајцарскиот олимписки одбор. Освојувачот на 20 грен-слем турнири денеска во осминафиналето на турнирот во Вимблдон за противник го има Италијанецот Лоренцо Сонего, кој исто така, ќе настапи на летната Олимпијада во јапонската престолнина. Федерер е единствениот машки член […]

Гвен Стефани тајно се омажи за Блејк Шелтон (фото)


САД- Поп-ѕвездата Гвен Стефани (51) се омажи за својот свршеник кантри-ѕвездата Блејк Шелтон (45), објави порталот „Пејџ сикс“. Музичката двојка имала интимна церемонија на фармата на Шелтон во Оклахома. Американските медиуми пишуваат дека Блејк веќе претходно изградил капела, со намера таму да се ожени со Гвен. Фотографиите од венчавката можете да ги погледнете тука. Двојката лани […]

Кејт Мидлтон во самоизолација по контакт со заразен од Ковид-19


Англија– Сопругата на британскиот принц Вилијам – војвотката од Кембриџ, Кетрин Мидлтон е во самоизолација поради контакт со лице заразено со коронавирус. Таа ги откажала сите планирани обврски. „Минатата недела војвотката од Кембриџ разговараше со човек кој подоцна беше утврден како позитивен на Ковид-19“, соопшти палатата Кенсингтон. Кејт Мидлтон сè уште не покажала никакви симптоми […]

Накитот „Шопар“ се враќа на Канскиот црвен килим


Франција– Луксузниот швајцарски производител на часовници и накит „Шопар“ (Chopard), кој полни 20 години соработува со филмската индустрија, и годинава ќе ги „накити“ ѕвездите на 74. Канскиот фестивал што во најновата колекција „Рај“ ќе продефилираат на црвениот килим. Како што прилега на гламурот на црвениот килим на Кроазета, „Шопар“ ќе ја претстави својата најнова колекција […]

Просечна оценка 3.61 од двата екстерни испита на државната матура


Средната оценка од двата екстерни испита на државната матура во јуни 2021 (5 и 11 јуни) е 3.61 и е подобра од претходната државна матура, во 2019 година, кога просечниот успех беше  3.48. Резултатите од тестовите на речиси 15 300 матуранти кои полагаа  минатиот месец денеска на прес-конференција ги соопшти директорката на Државниот испитен центар […]

Филипче: Одобрени се 498 специјализации и 87 супспецијализации


Младите лекари да не стравуваат затоа што имплементирањето на политиките што се однесуваат на нивниот стручен напредок ги правиме заедно со нив, вели министерот за здравство Венко Филипче. Тој во гостувањето на „Утрински брифинг“ посочи дека програмата за специјалистички и супспецијалистички кадри пред две недели беше усвоена на седницата на Владата. Вкупно 498 специјализации и […]