Нов топол бран до крајот на неделава, од среда над 40 степени


Под влијание на топла воздушна маса од југ, од денеска до крајот на оваа седмица времето ќе биде многу топло со натпросечни температури за овој период од годината. – Во следните денови на повеќе места температурите ќе бидат над 35 степени. Најтопло ќе биде од среда до недела кога ќе биде активирано портокалово ниво на […]

Ѓоковиќ без проблеми се пласира во осминафиналето на Олимписките игри во Токио


Јапонија– Најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ обезбеди пласман во осминафиналето на Олимпијадата во Токио. Србинот претпладнево без поголема мака го победи Германецот Јан-Ленард Штруф со 2-0, по сетови 6:4 и 6:3. Во второто коло Ѓоковиќ ќе се сретне со Алехандро Давидович Фокина од Шпанија. Место помеѓу 16-те најдобри досега изборија и Медведев, Фоњини, Карено-Буста, Кепфер, […]

Кон: Ситуацијата со Ковид-19 во Србија се влошува


Србија– Српскиот епидемиолог и член на Кризниот штаб, Предраг Кон изјави денеска дека епидемиолошката состојба во државата е влошена и уште повеќе ќе се влошува, очекувајќи оваа недела бројот на новозаболени да надмине 300 лица. Тој истакна дека во следниот период сигурно ќе има четирицифрен број на нови инфекции на дневна основа, дека околу 300 […]

Меѓународен фестивал на кратки книжевни форми


Издавачката куќа „Феникс“, Фондацијата за културна и научна афирмација и презентација „Македонија презент“ и Институтот за наука, алтернатива, култура и уметност-ИНАКУ  организираат конкурс за првиот Меѓународен фестивал на кратки книжевни форми, кој ќе трае од 1 август до 1 октомври 2021. – Фестивалот ќе се одржи физички и онлајн во чест на 13 Ноември – Денот […]

При силен земјотрес на Турција и се заканува цунами


Турција– Извештај на експертска комисија презентиран пред турскиот Парламент околу мерките кои треба да се преземат со цел да се минимизираат последиците од евентуален силен земјотрес, предупредува на опасност од цунами во Турција, јави турската приватна телевизија Си-Ен-Ен-Турк. Во извештајот на повеќе од 500 страници се наведува „јасна опасност од цунами“ во земја каде што […]

„Скопје одново“ : Јавни презентации на професорките Сасен и Дескова во МСУ


Вечерва, во 20 часот, на тремот од Музејот на современата уметност – Скопје, во рамките на јавна програма со наслов „Утописки урбанизам и глобален град“ предавања ќе одржат Саскија Сасен, професорка по социологија на Универзитетот Колумбија во САД и Ана Ивановска Дескова, професорка на Архитектонски факултет при Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје. Предавањата, […]

Внуката на леди Дајана се омажи за милијардер во венчаница на „Долче и Габана“


Италија- Повеќе од три години откако се појави на свадбата на братучедот принцот Хари во 2018 година со Меган Маркл и стана баран модел, леди Кити Спенсер, најубавата од кралското семејство, се омажи. Како што пренесува „Ивнинг Стандард“, 30-годишната манекенка и внука на покојната принцеза Дајана се венчала со милијардерот Мајкл Луис (62) во саботата […]

Пресуда за „Организатори на 27 април“


Судечкиот совет од Основниот кривичен суд Скопје денеска треба да ја објави пресудата за случајот „Организатори на 27 април“. На претходите рочишта, обвинителството и одбраната ги дадоа завршните зборови. Обвинителството смета дека обвинитите се виновни за организирање на настаните на 27 април 2017 годна, а адвокатите побараа ослободителни пресуди. Обвинети во овој предмет се поранешниот […]

Од денеска пријавување за вакцинирање против Ковид во домашни услови


Граѓаните кои поради здравствени причини не се во можност да дојдат и да примат вакцина против КОВИД на вакцинален пункт, од денеска може да закажат вакцинирање во домашни услови. Закажувањето е преку директно јавување во здравствените домови, а може да го направат и директно со пријавување на пунктовите за вакцинација, соопшти Министерството за здравство. Граѓаните […]

Синот на Мик Џегер и Џери Хол се ожени за швајцарска богаташка


Англија- Има нов официјален член на семејството Џегер! Габриел Џегер, синот на фронтменот на „Ролингстоунс“ Мик agегер и на супермоделот Џери Хол, се венча со швајцарската богаташка Анук Винзенрид за време на викендот. Двојката објави официјален портрет на навидум тивката церемонија во Лондон. Џегер, 23, облече морнарски остум за таа пригода, кој го спои со […]

Во Грција повторно отвораат клиники за лекување пациенти со Ковид-19


Грција – Клиники за лекување пациенти со Ковид-19, што беа затворени по затишјето во пандемијата на почетокот на летото, од денеска се повторно отворени во Грција, изјави за Скај ТВ, Матина Пагони, претседател на Унијата на болнички лекари во Атина и Пиреја. Таа нагласи дека хоспитализациите на лица со Ковид-19 во болниците се зголемуваат и за […]

Најубавата спортистка на Олимписките игри остана без финале


Јапонија- Ѕвездата на на светскиот скејтборд, Бразилката Летиција Буфони не успеа да се пласира во финалето на Олимпискиот турнир во Токио во дисциплината стрит. Во пресрет на Олимписките игри, британскиот таблоид „Сан“ ја прогласи 28-годишната скејтбордерка за најубава спортистка на игрите. Лаетиција Буфони е шесткратна шампионка на Х-гејмс. Таа има 3,4 милиони следбеници на Инстаграм, Фејсбук […]

Светските метрополи со своите препознатливости


Канада – Секој град има свое препознатливо катче, блок, маало, улица, населба… Следуваат некои од оние населби и градови кои по својата естетика и убавина, ги знае целиот свет. 1. Кинескиот Кварт во Њујорк, САД… 2. Елегантен агол: улиците на Торонто… 3. Чикаго навечер изгледа како компјутерски чип. 4. Казабланка – можеби најпознатиот град во Мароко […]

Колку чини да се придобијат гледачите во Србија и регионот во сe поострата војна на операторите


Додека пазарот за ТВ права за спортски преноси стагнира поради пандемијата Ковид-19, а екипите на англиската Премиер лига ќе добијат помалку пари од сопствениот пазар во наредниот период отколку порано, цените на Балканот скокаат со неверојатно темпо. Според извештајот на специјализираната веб-страница Спорт Бизнис Медиа, регионот на Балканот, што ги вклучува Србија, Хрватска, Словенија, БиХ […]

Музичка вечер со Гудачкиот квинтет на Загребската филхармонија на „Охридско лето“


Прекрасната акустика што ја нуди сцената на катедралната црква „Света Софија“ за 15 ден од Фестивалот „Охридско лето“ е местото каде вечер ќе настапува гудачкиот квинтет на Филхармонијата од Загреб. Изминатата пандемиска година, кога бројни музичари беа спречени да концертираат, група членови на Загрепската филхармонија, запазувајќи ги сите мерки на заштита се собираат и одржуваат […]

Францускиот Парламент ја усвои проширената употреба на ковид-пасошот


Франција – Францускиот Парламент доцна синоќа ја усвои проширената употреба на ковид-пасошот, по викендот за време на кој се одржаа протести против таа обврска низ целата земја. Долниот дом на Парламентот со 156 гласа „за“, 60 „против“ и 14 воздржани го усвои текстот за задолжителна санитарна пропусница за влез во ресторани и превоз, како и за задолжителна […]

Поплави во Лондон, поради надојдената вода затворени осум метро станици


Англија– Пороен дожд и грмотевици го погодија Лондон и предизвикаа поплави во делови на главниот град на Велика Британија, поради што беа затворени осум метро станици, а две болници побараа од пациентите да не ги користат нивните ургентни центри. Поплавените болници „Випс Крос“ и „Њухем“ вчера побараа од пациентите да одат во други болници, доколку […]

Традиционална крводарителска акција во знак на сеќавање на катастрофалниот земјотрес во Скопје


Под мотото „За Скопје со љубов, дарувај крв-биди хуман“, Црвен крст на град Скопје денеска традиционално организира крводарителска акција во знак на сеќавање на катастрофалниот земјотрес во Скопје, и во знак на покажаната солидарноста и хуманоста на нашите сограѓани. Крводарителската акција, која е организирана со поддршка на Општинска организација на Црвен крст Кисела Вода и Институтот за трансфузиона медицина, ќе се реалаизира […]

ЕУ испраќа на Сардинија четири авиони за гаснење пожари


Белгија – Европската унија испраќа четири авиони за борба со пожари на Сардинија како одговор на барањето на Италија за помош во справување со огнена стихија што зафати голем дел од островот. Два  авиона Канадери биле доставени од Франција, а другите два од Грција, соопшти Комисијата. Во гансењето досега се вклучени седум такви авиони, соопшти италијанската […]

Тура низ Скопје инспирирана од книгата „Мистериозниот град под калето“


По повод 58 години од катастрофалниот скопски земјотрес, денеска ќе се одржи едукативна тура низ градот, насловена „Скопска авантура“. Настанот е инспириран од интерактивната книга за деца „Мистериозниот град под калето“ од авторката Александра Тодоровиќ.   Збирно место е пред Триумфалната капија, а потоа почнува обиколката низ градот. Предвидено е учесниците да се упатат на […]