Осуммина загинати во верижен судир на автопат во Јута


САД – Во верижен судир во кој учествувале 22 автомобили во Јута загинаа осум лица, а уште неколкумина се здобиле со повреди, јавија синоќа американските медиуми. Половината од загинатите се деца.  Немилиот настан се случил на автопат во близина на градот Канош, во централниот дел на Јута, а причина за несреќата била намалената видливост предизвикана од […]

Македонците и понатаму се вакцинираат на Белградскиот саем


Србија – Освен во Бујановац, Врање, Ниш, македонските граѓани и понатаму се вакцинираат на белградскиот Саем, јави дописникот на МИА од Белград. -На пунктот на белградскиот саем дневно се вакцинираат меѓу 300 и 500 граѓани, а за време на викендите се вакцинираат меѓу 600 и 800 лица, а половината од нив се државјани на Северна Македонија […]

Претседателот Пендаровски се сретна со економските советници во Варшава, Анкара, Абу Даби и Минхен


Претседателот Стево Пендаровски денеска оствари средба со Илија Псалтиров, Сузана Тунева, Бекри Ајдини и Абдилџемил Саити, економски советници во амбасадите на Република Северна Македонија во Варшава, Анкара и Абу Даби и конзулатот во Минхен. Новоименуваните економски советници го информираа претседателот Пендаровски за своите планови за претставување на потенцијалите на Република Северна Македонија како дестинација за […]

Славниот дизајнер Марк Џејкобс се подмлади со фејслифтинг


САД- Славниот дизајнер Марк Џејкобс (58), неодамна ја документираше операцијата на подмладување на лицето на Инстаграм, објавувајќи фотографија на која се наоѓа во канцеларијата на д-р Ендру Jacеконо во Њујорк со главата завиткана во газа. Подоцна, тој сподели своја фотографија во капсула за кислород во Hyperbaric Medical Solutions, каде се опорави од операцијата. „Да си […]

МЗ: Вчера се вакцинирале 18.149 граѓани, досега вкупно 495.967 вакцинирани


Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација. На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 495.967 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 5.650 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 18.149 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 847.336 дози вакцини, а […]

Мостра е половина пат до Оскарите : Интервју со Алберто Барбера, уметнички директор


Венеција не е обична ревија на очекувани наслови од висок профил од Холивуд или Европа, туку продолжува да биде фестивал за автори и нови таленти и нашата мисија е да помогнеме да се обезбеди видливост на киното од помалку познати области, вели првиот човек на најстариот филмски фестивал пред стартот во септември   Италија– Уметничкиот […]

Се породи 52-годишна жена во Гинекологија Чаир


Во Специјалната болница по гинекологија и акушерство „Мајка Тереза“, во скопската општина Чаир, се породи 52-годишна жена од Кочани, која на свет донесе здраво женско дете, дознава „Слободен печат“. Како што пишува порталот ова за родилката било прва бременост. Целата процедура, од ин витро оплодување до породување, е извршена од страна на д-р Зоран Илиевски […]

Книжевна вечер во „Буква“ со српската поетеса Радмила Петровиќ


Издавачката куќа „Готен“ во рамки на проектот „Читајќи го Балканот“ организира претставување и разговор со писателката Радмила Петровиќ. Настанот ќе се одржи на ( среда) 28 јули во 20:30 часот во кафе-книжарницата „Буква“. Модератор на настанот ќе биде писателот Владимир Јанковски. Радмила Петровиќ во текот на јули е гостин на резиденцијалната програма за писатели, која […]

Древна сончева набљудувачница во Перу ставена под заштита на УНЕСКО


Перу– Сончевата опсерваторија Чанкиљо во Перу, стара 2.300 години, се впиша на списокот на светско наследство на УНЕСКО. Се наоѓа на 400 километри северно од главниот град Лима, на врвот од еден рид. Структурата со 13 камени кули се користела како сончев календар од засега непозната цивилизација, скоро две илјадалетија пред појавата на друг добро […]

Пинк ќе ја плати казната на норвешките ракометарки кои одбија да играат во бикини


САД– Американската поп-панк пејачка Пинк изјави дека е подготвена и сака да ја плати казната на женската ракометна репрезентација на Норвешка, која одби да игра во бикини. На Твитер, пејачката ја обвини Европската ракометна федерација за сексизам. „Горда сум на норвешките ракометарки кои протестираа против сексистичките правила што важат за нивните тимови. Европската ракометна федерација […]

Tрпчески ќе настапува со легендарниот Максим Венгеров на концерт во Белгија


Македонскиот пијанист Симон Трпчески утре на фестивалот „Музика Мунди“ крај Брисел, ќе настапи заедно со легендарниот Максим Венгеров, кој се смета за еден од најголемите виолинисти на сите времиња. На програмата се камерни дела од Моцарт, Франк, Прокофјев и Равел. -Нашето пријателство датира веќе неколку години. Уште пред 20 години нашиот заеднички продуцент од ЕМИ […]

Центар Јадро ќе го претстави творештвото на уметницата Моника Мотеска


Од Центар Јадро информираат дека серијата презентации на македонски уметници ја продолжуваат со преглед на творештвото на визуелната уметница Моника Мотеска, авторка со богата и репрезентативна уметничка кариера со бројни самостојни и групни изложби во земјата и странство. Моника Мотеска, се вбројува меѓу значајните автори на современата македонска уметност во 21 век, со речиси две […]

САД со препораки до граѓаните: Не патувајте во Шпанија и во Португалија поради Ковид-19


САД – Американскиот Центар за контрола и превенција на болести и Стејт департментот предупредија дека не треба да се патува во Шпанија, Португалија, Кипар и Киргистан заради зголемениот број на коронавирус инфекции во тие земји. ЦДЦ го зголеми ризикот за патување за овие земји на „ниво четири: многу високо“ и им препорачува на Американците да […]

МТСП: Во тек е етапната исплата на јулските пензии


Министерството за труд и социјална политика известува дека денеска започна етапната исплата на јулските пензии.  Ќе бидат исплатени предвреме и етапно, со цел да се овозможи поголема заштита на пензионерите во услови на опасност од коронавирусот КОВИД-19. Подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките за пензионерите кои не користат картички ќе се реализира […]

Наоми Осака елиминирана на ОИ во Токио


Јапонија – Втората фаворитка за златниот медал на Олимпискиот тениски турнир во Токио, Наоми Осака е елиминирана уште во осминафиналната рунда. Јапонката утрово загуби од чешката тенисерка Маркета Вондрушова со 1:6 и 4:6. Ова е четврта победа во кариерата за Вондрушова над ривалка од Топ 10. Осака денес направи 32 неизнудени грешки и првпат по Австралија […]

Генералното собрание на ОН во септември ќе се одржи со физичко присуство на светските лидери


САД–  Организацијата на Обединетите нации одлучи да им дозволи на светските лидери да присуствуваат на годишниот состанок на Генералното собрание во септември, а оние кои нема да можат да го сторат тоа ќе можат да снимаат говори и да ги испраќаат и оваа година. Претседателот на Генералното собрание во заминување Волкан Бозкир, поддржувач на средби […]

Во Црна Гора од петок нови мерки против Ковид-19, се воведува и дигитална Ковид-потврда


Црна Гора – Црна Гора ќе добие Национален сертификат за дигитален Ковид  што би бил во употреба од петок, 30 јули, кога се очекува црногорската влада да објави коригирани мерки во борбата против коронавирусот, соопшти Министерството за здравство во Подгорица. Министерството потсетува дека е најавено дека само оние кои исполнуваат одредени услови ќе можат да посетуваат […]

Зошто леди Кити Спенсер се омажи во Италија наместо во Англија: Тажна приказна зад гламурот


Англија- Ако случајно ја видовте најавата за Твитер на Ерл Спенсер вчера, можеби ќе останете со впечаток дека тој сега има малку проблеми во неговиот живот. Неговиот последен пост, минатиот петок, беше благодарност до читателот кој ја купи неговата најнова книга, а ден пред тоа твиташе слики од Месечината, земени од неговиот имот Алторп. Не […]

Границите на САД остануваат затворени поради Ковид-19


САД – Американските граници засега остануваат затворени за меѓународните патници, без оглед дали се вакцинирани или тестирани за коронавирус, соопшти Белата куќа. – Во оваа фаза важат постојните ограничувања за патување, изјави портпаролката на Белата куќа Џен Псаки, додавајќи дека одлука е поради брзото ширење на делта сојот во САД и во странство. САД од март […]

Лилибет Дајана, ќерката на Меган и Хари ќе има право на круната


Англија– Ќерката на принцот Хари, Лилибет Дајана, официјално е додадена на кралската линија на сукцесија – седум недели по нејзиното раѓање во болницата во Санта Барбара, во Калифорнија. Официјалната веб-страница Royal.UK беше ажурирана вчера за да ја прикаже Лилибет како осма по ред на британскиот трон. Ова е едно место зад нејзиниот голем брат, Арчи, […]