Аудио книгите „Поправање на грешките“ и „Нови авантури на близнаците“ достапни на веб платформата „Самоглас“


Аудио книгите „Поправање на грешките“ од Аријан Лека и „Нови авантури на близнаците“ од Милутин Ѓуричковиќ се објавени и достапни на мобилната апликација и веб платформата на „Самоглас“. Овие аудио книги се објавени со поддршка од Регионалната мрежа за културна разновидност – регионален проект финансиран од Европската Унија, кој се имплементира од страна на Гете-институт […]

Модата ќе доминира во Ист гејт мол: Кои нови брендови доаѓаат во Македонија?


Покрај машката колекција Hugo Boss пристига и женската колекција, Mango во Ист гејт мол , ќе биде со со двојно засилување: машка и детска колекција, а Zara се проширува со Zara Home… Како нација која тера мода, а не трпи критики за мода, која сака да се дотерува, а ретко почитува дрес-код, која се жали […]

Во продажба билетите за јубилејниот 20. ОФФ-Фест


Влезниците за јубилејното 20. издание на традиционалниот ОФФ-Фест, што годинава ќе се одржи од 9 до 13 ноември, се веќе достапни (во строго ограничен број) на билетарницата на НОБ и на mktickets.mk.  Фестивалот годинава е сочинет од 5 концертни настапи и еден документарен филм. ОФФ-Фест 2021 ќе го отвори, на 9 ноември (вторник), извонредното португалско/шпанско дуо Lina_Raül Refree, коешто испорачува […]

Во Лондон рочиште на кое САД повторно бараат екстрадиција на Асанж


Англија– Во Лондон денеска почнува дводневното рочиште на кое американската влада повторно ќе бара екстрадиција на основачот на Викиликс, Џулијан Асанж, за да му се суди за обвинение за шпионажа.   Во јануари, судија на понискиот суд во Лондон го одби американското барање за екстрадиција на Асанж, поради објавувањето илјадници тајни воени документи преку Викиликс […]

И Калифорнија има своја Бела куќа со Овална канцеларија и градина со ружи-сега се продава за 25 милиони долари


САД– Ќе беше совршен амбиент за ТВ драмата „Западното крило“, со Мартин Шин како претседателот Џед Бартлет кој чекори по светите ходници. Но, оваа Бела куќа во заспаната централна еклава во Калифорнија- Хилсборо е всушност во близина на звучните сцени на NBC во Бурбенк каде што се снимаа многу политички драми. Датира од 1878 година, […]

Регионалната соработка во фокусот на средбата Димитров – Брегу во Белград


Србија- Вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров на маргините на првиот ден од Белградскиот безбедносен форум, вчера, одржа средба со генералната секретарка на Советот за регионална соработка – РСС, Мајлинда Брегу на која главениот фокус беше унапредување на регионалната соработка како механизам за европеизација на регионот и придвижување во процесот на европска интеграција. Како што […]

Изложба на слики на Ниче Василев


Во галеријата Ел Греко вечерва во 19 часот ќе биде отворена изложба на слики на Ниче Василев. Василев е роден во Дабиље, струмичко. Академија за ликовна уметност завршил во Варшава, 1978, во класата на проф. Лудвиг Мачионг. Во 1971/72 година студирал на Националната Академија на факултетот за применети уметности во Софија. Член е на ДЛУМ […]

Поранешна соработничка на Хилари Клинтон обвини американски сенатор дека сексуално ја нападнал


САД – Поранешната блиска соработничка на Хилари Клинтон, Хума Абедин, во своите мемоари напиша дека била сексуално нападната од американски сенатор. Абедин во книгата наведува дека неименуван политичар ја нападнал во средината на 2000-тите откако ја поканил во неговата куќа, каде се обидел да ја бакне, а таа го одбила и побегнала, пренесува Гардијан. Според британскиот […]

Кина нема да учествува во руско-американските преговори за нуклеарно разоружување


Кина– Кина никогаш нема да се приклучи на разговорите со Руската Федерација и Соединетите Американски Држави за нуклеарно разоружување, изјави пензионираниот генерал-мајор и директор на Центарот за кинеско-американски односи во Академијата за воени науки при Народноослободителната војска на Кина, Јао Јунжу на меѓународен форум во Пекинг. – Мислам дека Кина никогаш нема да се согласи […]

Олимпиското село Пекинг 2022 ќе биде отворено на 27 јануари


Кина – Заменик-градоначалникот на Пекинг Џан Џиандун изјави дека отворањето на Олимпиското село за Игрите во 2022 година е закажано за 27 јануари 2022 година. – Официјалното отворање на Олимпиското село ќе се случи на 27 јануари следната година за да ги пречека спортистите од целиот свет. На 2 февруари ќе тргне штафетата на олимпискиот факел, […]

САД размислуваат за укинување на визите за Израел, Романија, Бугарија и Кипар


САД– Американскиот министер за внатрешна безбедност Алехандро Мајоркас изјави дека Соединетите Американски Држави размислуваат да додадат четири земји во програмата за укинување на визите, дозволувајќи им да останат во САД до 90 дена без виза. – Имаме четири кандидати: Израел, Кипар, Бугарија и Романија. Ние сме многу, многу фокусирани на програмата, рече Мајоркас на настан […]

Австралија ја укинува забраната за патување во странство на своите граѓани


Австралија – Австралија ќе ја укине забраната за патување во странство без дозвола, соопшти денеска владата, а до крајот на годината треба да бидат отворени и границите на земјата за квалификувани работници и странски студенти. Повеќе од 18 месеци по затворањето на меѓународните граници на Австралија, во иднина целосно вакцинираните граѓани нема да мора да бараат […]

Постхумна награда за Сабина Ајрула-Тозија на „Киненова“


Во кино „Милениум“ вечер ќе биде отворено шестото издание на Меѓународниот филмски фестивал „Киненова“. На отворањето на фестивалот ќе биде доделена наградата за особен придонес на филмската уметност на актерот Мето Јовановски и постхумно на Сабина Ајрула Тозија. Исто така, ќе биде прикажан филмот „Страхиња Бановиќ“ на Стефан Арсенијевиќ. -„Киненова“ и оваа година им отстапува […]

Доделувањето на Нобеловата награда за мир за 2021 година ќе биде со лично присуство во Осло


Норвешка – Церемонијата на доделување на Нобеловата награда за мир годинава ќе се одржи во живо, во декември, во потесен круг лица на Осло, објави вчера Нобеловиот комитет. „На свеченоста ќе бидат присутни двајцата годинашни добитници на Нобеловата награда за мир, Марија Реса и Дмитриј Муратов, како и претставник на минатогодишниот лауреат – Светската програма за […]

Промоција на книгата „Антонио Митрикески: Хроника на еден филмски сон“


Кинотека на Северна Македонија ќе го одбележи Светскиот ден на аудиовизуелното наследство со промоција на книгата „Антонио Митрикески: Хроника на еден филмски сон“. Книгата е издание на Кинотеката, а автор е Стојан Синадинов. Книгата е микс од монографија, биографија, мемоарска проза и критички осврти. Водена од мотото на оваа глобална манифестација – „Вашиот прозорец кон […]

Трудо ја претстави новата канадска Влада, еколошки активист стана министер за животна средина


Канада– Канадскиот премиер Џастин Трудо, кој вчера ја претстави новата влада, на само неколку дена пред почетокот на климатскиот самит COP26, за нов министер за животна средина го избра еколошкиот активист, Стивен Гилбо, долгогодишен велосипедист и поранешен функционер на Гринпис, кој голем дел од својата кариера посвети на прашањата за животната средина. Во 2019 година […]

Прекин на водоснабдувањето на неколку улици во Центар


ЈП „Водовод и канализација“ Скопје известува дека, поради уличен дефект на булевар „Македонско Косовска Бригада“ бб кај Стовариштето, денеска од 9 часот без вода ќе бидат корисниците од улиците „376“, „Самоилова“, „Банатска“, потоа Американската Амбасада, Турската Амбасада и „Јоаким Крчоски“. Водоснабдувањето ќе биде прекинато до санирање на дефектот.

Одбележување на Светскиот ден на пчелите во Кочани


Традиционален словенечки пчеларник, донација од Амбасадата на Република Словенија, ќе биде денеска свечено поставен во Земјоделскиот институт-Одделение за ориз во Кочани. Настанот под мотото „Пчелите се таму каде што е и пријателството“, како што информираат од амбасадата на Словенија, е во рамки на одбележувањето на Светскиот ден на пчелите, во соработка со Земјоделскиот институт, општина […]

Вицепремиерот Димитров ќе се обрати на Белградскиот безбедносен форум


Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров денеска ќе се обрати на панелот „Берлински процес – Што следи?“ во рамки на дводневниот Белградскиот безбедносен форум, што започна вчера. Како што соопшти Секретаријатот за европски прашања, Димитров учествува на Форумот на покана на Белградскиот центар за безбедносни политики, како дел од организаторската тројка. […]

Се зголемува интересот за трета доза од вакцината против Ковид-19, но не и за првата


Бројот на активни ковид случаи во земјава изнесува 6.191 од кои најголем број 3177 се во Скопје. Во Куманово има 433 активни случаи, во Велес 316, во Прилеп 243, во Битола 207, во Кавадарци 196, во Штип 191, во Охрид 183, во Кочани 166… Според вчера објавените податоци од Институтот за јавно здравје за изминати […]