Меланија Трамп сака да ви продаде NFT од нејзините „кобалтно сини очи“


САД- Таа е во брак со поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп, но сега и вие можете да зјапате во „кобалт сините очи“ на Меланија Трамп со притискање на копче и со сопственото парче модерна, дигитална уметност. Поранешната прва дама влезе во најновата интернет лудост со лансирање на незаменлив токен (NFT) токму на време за […]

Општина Теарце ќе добие прва градинка


Општина Теарце денеска потпиша два договори согласно кои ќе почне да се гради прва градинка во оваа рурална локална самоуправа. Почетокот на изградбата на објектот е предвиден за две недели на локација во селото Пршовце на магистралниот пат Тетово – Јажинце. – Површината е околу 2.100 квадратни метри и капитална инвестиција од околу еден милион […]

Полицијата добила налог да го заплени телефонот на Алек Болдвин


САД– Американската полиција, која ги истражува околностите околу смртта на директорката на фотографија на сетот на филмот „Раст“, доби наредба да го одземе мобилниот телефон на актерот Алек Болдвин. Болдвин, кој ненамерно ја уби снимателката Галина Хачинс додека снимала, тврди дека не го „повлекол чкрапалото“ на пиштолот што го држел. Во судскиот налог, издаден вчера, […]

Поранешниот адвокат на Трамп поднел тужба против него, обвинителот Бар и американската Влада


САД – Поранешниот адвокат на Доналд Трамп, Мајкл Коен, поднел тужба против него и американската сојузна Влада, обвинувајќи ги дека планирале да го вратат во затвор затоа што наводно работел на книгата против поранешниот претседател, јави „Њујорк Дејли Њуз“. Коен е осуден на три години затвор за финансиски и други кривични дела. Во мај годинава тој […]

Со американска донација од 475.000 долари реновирани просториите во Полицискиот центар „Ѓорче Петров“


Со американска донација од 475.000 долари реновиран е објектот во Полицискиот центар „Ѓорче Петров“, кој е оперативен штаб на Единицата за брзо распоредување. Донирано е и едно санитетско возило за потребите на оваа Единица. На пригодната церемонија по повод пуштањето во употреба на реновираниот објект на која присуствуваше и американската амбасадорка во нашата држава Кејт […]

Охрид не очекува позначајна посетеност за претстојните новогодишни и божикни празници


Охрид и овие новогодишни празници не може да се надева на некоја позначајна посетеност, барем кога се следат информациите на сопствениците на сместувачки капацитети на ривиерата. Хотелиерите велат дека мошне е слаб интересот за закуп на соби за претстојните новогодишни и божикни празници, на прсти може да се избројат резервациите на соби на нецели две […]

Донација на ОКТА за Здружението на граѓани за поддршка на лица со ретка болест Вилсон


Компанијата ОКТА и годинава обезбеди донација за Здружението на граѓани за поддршка на лица со ретка болест Вилсон, кое го поддржува од неговото основање. Донираните средства ќе бидат искористени за набавка на реагенси неопходни за медицинските испитувања поврзани со болеста, но и за унапредување на експертизата на медицинскиот кадар во државава. Целта е да се […]

Спасовски: Борбата против тероризмот сериозен предизвик, нема индикации за нарушување на безбедносната состојба


Преземеме сериозни активности во насока на борба против тероризмот или спречување на какви било активности коишто би можеле да предизвикаат загрозување на безбедносната состојба. Во овој момент нема никакви индикации за какво било нарушување на безбедносната состојба во државата, вели министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. – Ова е сериозен предизвик и предизвик којшто не е […]

Данска ги призна македонските возачки дозволи


Од денеска нашите возачки дозволи се признати и во Данска. Последните информации кои пристигнаа од нашата амбасада во Копенхаген, е дека данските власти, а врз основа на билатералната соработка, донесоа одлука за признавање на возачките дозволи на Северна Македонија, соопшти министерот за надворешни работи Бујар Османи на Фејсбук. Со оваа одлука граѓаните на Северна Македонија, […]

Кои се Жени на годината за 2021 ?


Во пријатна и опуштена атмосфера со многу позитивна енергија вчера во “Рагуза360” во Скопје, се одржа прогласувањето на победничките во македонскиот избор на “Жена на годината 2021” (www.zenanagodinata.mk), во склоп на конференцијата “Жени претприемачки”. Во онлајн номинирањето учествуваа 434 луѓе, а дамите со најмногу номинации формираа листа од 50 финалистки во вкупно 10 категории за […]

Куманово ќе добие нов кружен тек


Куманово ќе добие уште еден кружен тек, на крстосницата на двата булевари „Октомвриска револуција“ и „Трета македонска ударна бригада“, соопштија надлежните. Изградбата ќе почне во март, наредната година. Општината доби сообраќајна согласност од Секторот за внатрешни работи Куманово, со што се создадени услови за изградба на кружен тек кај „Митев мост“. Тендерската постапка, како што информираше градоначалникот […]

Франција не планира да воведе анти-ковид тестови за патниците од ЕУ


Франција– Франција не планира да воведе тестови против ковид за патниците кои доаѓаат од други земји на Европската унија (ЕУ), изјави францускиот претседател Емануел Макрон. Иако се воведени тестови за патниците кои доаѓаат надвор од ЕУ, Франција не планира да воведе тестови во рамките на Унијата, бидејќи се залага за правилно функционирање на заедничкиот простор, […]

Новогодишни честитки од СОС Детско село во бензинските станици на ОКТА


Ако верувате дека сите деца заслужуваат да бидат среќни и безгрижни, доволна е само вашата љубов и добрина. Од сега на бензинските станици на ОКТА може да купите некоја од честитките на Сос Детско село, изработени од докажани уметници кои ги донираа своите дела за СОС Детско село. „Посакајте ги Вашите новогодишни желби со овие […]

Научен собир за 650 години од Битката на Марица


Националниот комитет за византологија и медиевистика, Истражувачкиот центар за културно наследство „Цветан Грзданов“ при МАНУ и МПЦ – Охридска архиепископија денеска од 11 часот во МАНУ ќе организираат научен собир посветен на 650 години од Битката на Марица (1371-2021). Како што информира Академијата, на собирот ќе имаат излагања 14 учесници – историчари, археолози и историчари […]

ММФ од идната година нема да има канцеларија во Бразил


Бразил – Бразилскиот министер за финансии Паоло Гуедес изјави дека Влада ќе ја укине канцеларијата на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) бидејќи не е задоволна од економските прогнози. – Со години (претставниците на ММФ) не се потребни овде. Останаа бидејќи сакаат феијоада, гулаш од црн грав и месо, фудбал, пријатен разговор и од време на време да […]

Борис и Кери открија дека новородената ќерка се вика Роми Ајрис Шарлот Џонсон


Англија– Борис Џонсон и неговата сопруга Кери во четвртокот објавија дека својата новородена ќерка ја нарекле Роми Ајрис Шарлот Џонсон. Бебето, родено на 9 декември, е второто заедничко бебе на двојката по раѓањето на синот Вилфред во април 2020 година, а седмо на премиерот. Г-дин Џонсон, зборувајќи во центарот за вакцинација во Кент, го откри […]

Расте бројот на одложени натпревари во Премиер лигата


Англија– Дуелот од 18. коло меѓу лондонски Вест Хем и Норич е последниот во низата одложени натпревари во Премиер лигата овој викенд поради сè поголемиот број заразени со коронавирус во клубовите. Од порано се одложени и натпреварите Лестер – Тотенхем, Саутемптон – Брентфорд, Ватфорд – Кристал Палас и Манчестер јунајтед – Брајтон. Норич и на претходниот дуел против Астон Вила имаше […]

ЦДЦ ги препорачува вакцините на Модерна и Фајзер наместо Џонсон и Џонсон


САД– Американскиот центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) во четвртокот им препорача на Американците да изберат една од двете други овластени вакцини против Ковид-19 наместо „Џонсон и Џонсон“, поради ретки, но понекогаш фатални случаи на згрутчување на крвта.   Потегот на ЦДЦ следеше откако неговиот советодавен одбор за имунизација едногласно ја изгласа препораката […]

Ѕвездата на „Сексот и градот“, Крис Нот обвинет за сексуален напад на две жени


САД– Две жени ја обвинија ѕвездата на „Сексот и градот“, Крис Нот за сексуален напад во одделни инциденти што се случија со разлика од повеќе од една деценија, според Холивуд репортер. Двете жени, идентификувани како Зои (40) и Лили (31) (и двете псевдоними), не се познаваат и ги споделија своите приказни одделно со ТХР. И […]

Потврдени првите пет случаи на омикрон во Црна Гора


Црна Гора– Црногорските епидемиолози денеска ги потврдија првите пет случаи на инфекцијата со новиот сој омикрон на коронавирусот во земјата. Црна Гора на тој начин се приклучи на списокот земји во кои е регистрирана оваа многу заразна варијанта, соопшти Црногорскиот институт за јавно здравје, додавајќи дека сите лица со потврден омикрон се во добра општа здравствена […]