И денеска многу топло, попладне локален пороен дожд и грмежи


Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и температура до 39 степени. Попладне ќе има зголемување на облачноста проследено со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе има услови и за изолирана појава на град. УВ индекост ќе биде 7. Во Скопје сончево со мала до умерена облачност. Попладне и …

И денеска многу топло, попладне локален пороен дожд и грмежи Read More »

Запалени три куќи кај селото Побожје, уште гори во кумановскиот и прилепскиот регион


Пожарот во пехчевско-беровскиот регион е ставен под контрола, а се уште гори во Чучер Сандево во Скопје, поточно во селото Побожје, каде што се запалени три куќи. Уште гори и во кумановскиот и прилепскиот регион. Во меѓувреме, локализиран е пожарот во селото Разловци во делчевскиот регион, но и оној кај селото Герман во Крива Паланка. Како што информира …

Запалени три куќи кај селото Побожје, уште гори во кумановскиот и прилепскиот регион Read More »

АЗЛП: Проверката на сертификатите за имунизација не е злоупотреба на лични податоци


Доколку при реализација на одлуката на Владата за спречување на ширењето на Ковид-19, се врши само визуелна проверка на потврдата за извршена имунизација од вирусот SARS-CoV-2 (по принципот „приложил или не приложил потврда), таквата активност излегува надвор од опсегот на Законот за заштита на личните податоци и следствено не би претставувала злоупотреба на личните податоци, …

АЗЛП: Проверката на сертификатите за имунизација не е злоупотреба на лични податоци Read More »

„Лајка“: Тенденциозно се креира негативен ПР за претпријатието на штета на бездомните животни


Јавното претпријатие за благосостојба на бездомни животни Лајка реагира и ги отфрла обвинувањата од група граѓани по објавувањето на информацијата од страна на надлежните од Општина Гази Баба, дека во КПИ Идризово ќе се гради дополнителен капацитет на прифатилиштето, кое што е претставено како обид за затворање и мачење на бездомните кучиња. Потенцираме дека ваквото …

„Лајка“: Тенденциозно се креира негативен ПР за претпријатието на штета на бездомните животни Read More »

По речиси четири месеци повторно над 4.000 новозаразени во Грција


Грција – Зголемен е бројот како на нови случаи на Ковид-19, на пациенти приклучени на апарати, така и на направени тестови во Грција, согласно денешните податоци од Националната организација за јавно здравје, јави дописничката на МИА од Атина. По речиси четири месеци регистрирани се над 4.000 новозаразени, односно вкупно 4.181 случај, починаа 19 лица, а 219 …

По речиси четири месеци повторно над 4.000 новозаразени во Грција Read More »

Марго Роби го продаде домот во Лос Анџелес со винска визба и соба за миленици


САД– Актерката и модна икона, Марго Роби ја продаде својата куќа во Лос Анџелес на 3.300 квадратни метри во јуни за 3,4 милиони долари, само еден месец откако го стави имотот на пазарот. Поранешниот дом на Роби се наоѓа во населбата Хенкок Парк во Лос Анџелес, во кој порано живееја истакнати личности како Френсис Форд …

Марго Роби го продаде домот во Лос Анџелес со винска визба и соба за миленици Read More »

Грета Тунберг на насловницата на првиот скандинавски „Вог“: Скапите кампањи се нефер


Климатската активистка Грета Тунберг го искористи своето појавување на насловната страница на првиот број на списанието Vogue Scandinavia за да ја критикува брзата мода. Шведска– „Модната индустрија во голема мера придонесува за климатската и еколошката криза, а да не зборуваме за нејзиното влијание врз безброј работници и заедници низ целиот свет, за да можат некои …

Грета Тунберг на насловницата на првиот скандинавски „Вог“: Скапите кампањи се нефер Read More »

Чадот од пожарите во Сибир стигна до Северниот пол


Русија – Чадот од пожарите во Сибир, за првпат во историјата, стигна до Северниот пол. Пожарите во Сибир зачестија во последниве години, а екологистите го поврзуваат со климатските промени и недоволно финансираната шумарска служба, јави Би -Би -Си. Климатските експерти на ОН вчера објавија извештај кој покажува дека глобалното затоплување се случува побрзо од очекуваното и …

Чадот од пожарите во Сибир стигна до Северниот пол Read More »

Црна Гора испраќа хеликоптер Бел 412 да помогне во справувањето со пожарите


Црна Гора се придружува на напорите за гаснење на пожарите во Северна Македонија. Советот за одбрана и безбедност на Црна Гора донесе одлука да го одобри барањето на министерката за одбрана на Црна Гора, Оливера Ињац за упатување на хеликоптер Бел 412 како помош за Северна Македонија за справувањето со пожарите, соопшти Министерството за одбрана. …

Црна Гора испраќа хеликоптер Бел 412 да помогне во справувањето со пожарите Read More »

Од октомври во Австрија ќе се дава трета доза од вакцината против Ковид-19


Австрија – Кампањата за примање трета доза вакцина против Ковид-19 во Австрија ќе започне на 17 октомври. Ова во интервју за австриското радио го најави министерот за здравство Волфганг Мукштаин. Третата доза се однесува на оние кои примиле втора доза пред девет месеци – период во кој важи потврдата за вакцинација. Владата очекува во наредните недели …

Од октомври во Австрија ќе се дава трета доза од вакцината против Ковид-19 Read More »

Кристина Еплгејт на 49 години заболе од мултипла склероза


САД– На американската актерка, добитничка на Еми, Кристина Еплгејт (49), ѝ беше дијагностицирана мултипла склероза (МС) и ја опиша нејзината состојба како „тежок пат“. “Пред неколку месеци ми беше дијагностициран МС. Тоа беше чудно патување. Но,добив голема поддршка од луѓе кои исто така ја имаат оваа состојба. Тоа беше тежок пат. Но, како што сите …

Кристина Еплгејт на 49 години заболе од мултипла склероза Read More »

Виетнамец си направи „Ферари“ од дрво


Виетнам– Милијардерот Дејвид Мекнил пред извесно време, за 70 милиони долари, си купи „Ферари 250 ГТО“. Од ова возило, произведени се само 36 примероци, така што цената и не е големо изненадување. Сепак, еден јутјубер од Виетнам одлучи да направи мала копија на ова „Ферари“ – од дрво. Возилото е наменето за неговиот син, и изгледа …

Виетнамец си направи „Ферари“ од дрво Read More »

Лашет: Вакцинацијата е единствено решение или ќе следи карантин


Германија – Германската Влада поради ситуацијата со Ковид-19 во земјата и во светот соопшти дека вакцинацијата е единствено решение или ќе следи карантин. Претседателот на Христијанско-демократската унија (ЦДУ) и премиер на Северна Рајна-Вестфалија, Армин Лашет денеска изјави дека Германија мора да ги зголеми тестирањата и вакцинацијата за да избегне уште едно затворање поради Ковид-19. На …

Лашет: Вакцинацијата е единствено решение или ќе следи карантин Read More »

Го игнорирав моето име: Никол Кидман објаснува зошто останува во ликот пет месеци за новите филмови


САД– Никол Кидман (54) толку се навлече на ликот за време на снимањето на филмот „”Nine Perfect Strangers,”, што таа одби да одговори на сопственото име. Оскаровката остана целосно во карактер како Маша, директор на велнес центар, цели пет месеци додека ја снимаше претстојната драма -серија „Хулу“, откри таа за време на неодамнешниот панел на …

Го игнорирав моето име: Никол Кидман објаснува зошто останува во ликот пет месеци за новите филмови Read More »

УНЕСКО бара до 1 февруари да се изготви извештај за неговите препораки за Охридскиот регион


Северна Македонија и Албанија како држави што управуваат со Охридскиот регион како светско културно-историско и природно богатство ќе мора до 1 февруари наредната година до УНЕСКО да достават извештај со реализиран напредок во спроведувањето на активностите посочени во препораките за заштита на Охридскиот регион. Во ревидираните одлуки што ги донесе Комитетот за Светско наследство при …

УНЕСКО бара до 1 февруари да се изготви извештај за неговите препораки за Охридскиот регион Read More »

МНР: Од Евиа во неделата безбедно заминале 38 наши државјани


Министерството за надворешни работи соопшти дека грчкиот остров Евиа каде беснеат пожари во неделата безбедно го напуштиле 38-мина од 39-те туристи наши државјани, а еден останал и е сместен во безбедниот јужен дел од островот. – Амбасадата на Република Северна Македонија во Атина стапи во контакт со неколку тур-оператори од Република Северна Македонија кои оперираат …

МНР: Од Евиа во неделата безбедно заминале 38 наши државјани Read More »

Десетдневен карантин за туристите што ќе добијат позитивен резултат при тестирање во Грција


Грција– Десетдневна изолација во хотелите карантин предвидено е за туристите во Грција, доколку бидат тестирани и добијат позитивен резултат, согласно новите, ажурирани упатства на Националната организација за јавно здравје на Грција во однос на карантинот на позитивни случаи и нивните блиски контакти , јави дописничката на МИА од Атина. Поконкретно, доколку посетителот е позитивен и …

Десетдневен карантин за туристите што ќе добијат позитивен резултат при тестирање во Грција Read More »

Фондот им исплати 121 милион долари на жртвите на Епштајн


САД – Фондот за надомест кон жртвите на сексуална злоупотреба на Џефри Епштајн ја заврши својата работа со плаќање на 121 милион американски долари, како компензација за 150 лица, објави во понеделникот Би-Би-Си. Фондот го објави ова речиси две години по самоубиството на Епштајн во затворот во Њујорк, додека чекаше судење. Независниот менаџер на фондови, …

Фондот им исплати 121 милион долари на жртвите на Епштајн Read More »

Нова едиција „Безвременски“ – Книжевните класици на Фицџералд, Вајлд и Достоевски во ново, модерно издание


Во книжарниците на Издавачкиот центар Три пристигна најпознатата книга од Морис Леблан „Авантурите на Арсен Лупен, крадецот џентлмен“ која го означува почетокот на една нова несекојдневна едиција насловена како „Безвременски“. „Безвременски“, како што посочуваат од Три, ќе ги шири книгите кои важат за основа на целата книжевност – класични дела од истакнати автори, нивните најпознати, …

Нова едиција „Безвременски“ – Книжевните класици на Фицџералд, Вајлд и Достоевски во ново, модерно издание Read More »

Британскиот принц Ендрју осомничен за сексуална злоупотреба


САД – На британскиот принц Ендрју ќе му се суди во Њујорк за наводна сексуална злоупотреба на жена која тврди дека била „најмена“ за секс кога била малолетничка, со посредство на починатиот американски финансиер Џефри Епштајн. Во обвинението поднесено до Окружниот суд во Менхетн, се наведува дека Вирџинија Џуфре е тужителка во случајот против обвинетиот, …

Британскиот принц Ендрју осомничен за сексуална злоупотреба Read More »