Заев ќе ја предводи владината делегација на „Отворен Балкан“ во Тирана


Премиерот Зоран Заев ќе ја предводи владината делегација која ќе земе учество на редовниот состанок на иницијативата „Отворен Балкан” која ќе започне денеска со работна вечера на лидерите на трите земји и придружните делегации во Тирана. Во текот на утрешниот ден започнува официјалната агенда во која е предвиденa лидерска средба на која ќе говорат: Заев, […]

Свечен собир на МАНУ: Се роди ли нов Конески?


Чествувањето на Блаже Конески е чествување на кодот на нашата држава и нација, кодот на нашиот бит и нашиот идентитет. Денес, не е доволно само свечено да го чествуваме делото на Блаже Конески, неопходно е да ги почитуваме неговите научни придобивки за континуитет на македонскиот јазик, културна и национална историја. Тие треба да бидат суверен […]

Надал позитивен на Ковид-19


Шпанија- Рафаел Надал објави дека е позитивен на тестот за Ковид-19. – Здраво на сите. Сакав да објавам дека кога се вратив дома, откако го одиграв турнирот во Абу Даби, бев позитивен на Ковид-19 на ПЦР-тестот што ми беше направен кога пристигнав во Шпанија. И во Кувајт и во Абу Даби поминувавме проверки секој втор […]

Обилниот снег ги врати посетителите на Голак


Обилниот снег кој изминатата недела непрекинато паѓаше на планината Голак, викендов ги измами посетителите да се искачат на делчевската планинска убавица и со своите најмали да уживаат во снежната белина која отсуствуваше во градот. Според дел од граѓаните, добро е што поради проодноста на патот Делчево – Голак им било овозможено да уживаат во снегот. […]

Вакцините против Ковид-19 сами по себе нема да ја запрат пандемијата


Германија – Извршниот директор на германската компанија „Бионтек“, која е еден од производителите на вакцината против Ковид-19 – Фајзер/Бионтек, изјави дека раните податоци за ефикасност на вакцината против сојот Омикрон делуваат „смирувачки“, но предупреди дека вакцините сами по себе нема да ја запрат пандемијата. Директорот на Бионтек, Угур Шахин, за францускиот весник „Монд“ истакна дека прелиминарните […]

Студен бран, во среда и четврток температури до минус 11 степени


До сабота во државава ќе преовладува стабилно и суво време. Ведрото време, како што велат од УХМР, ќе услови во следните денови утринските температури да бидат ниски, особено во среда и четврток кога на места ќе се спуштаат и под минус 11 степени. Во петок и за време на викендот по одделни котлини ќе има […]

Брајан Меј од „Квин“ позитивен на коронавирус


Англија- Брајан Меј (74) , главниот гитарист на „Квин“ е позитивен на тестот за Ковид-19. Меј ја сподели веста преку својата страница на Инстаграм, пишувајќи: „Да. Конечно дојде шокантниот ден за мене. Страшната двојна црвена линија. И да – дефинитивно НЕ сочувство ве молам – тоа беа навистина ужасни неколку дена, но јас сум во […]

Адел и Ширан со најмногу номинации за Британските музички награди


Англија- Брит наградите, еден од најголемите музички настани во Британија, ги открија своите номинирани за 2022 година, како АББА, Адел, Ед Ширан, Манескин и Оливија Родриго. Адел и Ед Ширан добија по четири номинации и двајцата добија номинации за албум на годината, изведувач на годината, најдобар поп/R&B чин и песна на годината. Исто така, со […]

Божиќна балетска бајка „Оревокршачка“ во НОБ


По повод новогодишните празници, Националната опера и балет и оваа година на големата сцена ќе ја изведе омилената божиќна балетска бајка „Оревокршачка“, а поради големиот интерес, најавени се три изведби на 24, 25 и 28 декември со почеток во 20.00 часот. За првпат балетот „Оревокршачка“ бил поставен на сцената на Националната опера и балет (тогашна […]

МВР: Со ноќен радар 248 санкции за брзо возење на територија на цела држава


Министерството за внатрешни работи со посебно опремен радар за снимање во ноќни услови, вчера во  периодот од 18:00 до 22:00 часот спроведе зајакната акциска контрола на територијата на државата, при што санкционирани се 248 возачи, кои се движеле со брзина поголема од дозволената. -Од нив, 20 возила се движеле со брзина над 50 километри на […]

Римското списание Нуови аргоменти во чест на Ацо Шопов


По повод 98 години од раѓањето на Ацо Шопов, еден од основоположниците на македонската современа поезија, престижното италијанско списание за литература „Нуови аргоменти“ објави избор од девет песни од Шопов, во рубриката „Поетска работилница”. Изборот, во препев на италијанската поетеса Миа Леконт и македонската италијанистка Анастасија Ѓурчинова, ги содржи песните „Грозомор”, „Има долу една крв”, […]

Роза Вентрела онлајн ќе го промовира македонското издание на романот „Градината на олеандрите“


Онлајн промоција на интернационалниот бестселер „Градината на олеандрите“ од италијанската писателка Роза Вентрела ќе се одржи вечерва на фејсбук страницата на издавачката куќа „Арс Ламина“, каде свое обраќање ќе има авторката, но и проф. д-р Радица Никодиновска, која го преведе романот од италијански јазик. Исто така, на онлајн промоцијата ќе се вклучат и претставникот од Амбасадата […]

Анкета: Фејсбук најлоша компанија во светот за 2021 година


САД – Технолошкиот гигант Фејсбук, неодамна преименуван во Мета е „најлошата компанија“ во светот за 2021. Ова е утврдено по гласањето на повеќе од 1.500 корисници на отворена анкета на Јаху Фајненс (Yahoo Finance). Корпорацијата на Марк Закерберг доби над 50 отсто од гласовите за најлоша компанија во годината, а на второ место е кинескиот гигант […]

Зборник „Уште едно навраќање кон Конески“ од професорите Вера Стојчевска и Свето Стаменов


На стогодишнината од раѓањето на Блаже Конески, во издание на Општина Струмица од печат излезе зборникот „Уште едно навраќање кон Конески“, што го приредија проф. д-р Вера Стојчевска – Антиќ и универзитетскиот професор Свето Стаменов. – Овој зборник, со кој Општина Струмица ја одбележува стогодишнината од раѓањето на Блаже Конески и со кој се заокружуваат активностите во […]

Од Ковид почина Карлос Марин, пејачот на Ил Диво


Англија- Пејачот на Ил Диво, Карлос Марин, почина на 53-годишна возраст во неделата во Манчестер. Причината за смртта е компликации од Ковид, по неодамнешната хоспитализација. Шпанскиот Ел Паис во четвртокот објави дека Марин бил ставен во медицински индуцирана кома. Повикувајќи се на извор од издавачката куќа „Универзал“ на „Ил Диво“, весникот објави дека пејачот не […]

Османи се надева на решение во јануари, Петков истиот месец бара средба со новиот премиер


Конституирањето на новата бугарска Влада и попрагматичниот пристап, кој го најави новиот премиер Кирил Петков, со фокус на сегашноста и иднината влеваат надеж кај високите официјални претставници на земјава, но и кај дипломатите дека Северна Македонија и Бугарија наскоро би можеле да постигнат решение за спорот. И високите македонски претставници и дипломатите исто така се […]

Во Германија неколку деца се вакцинирани против Ковид-19 со неодобрена вакцина за нивна возраст


Германија– Неколку деца во Германија случајно биле вакцинирани против Ковид-19, со вакцина што не е се уште одобрена за нивната возрасна група, јави германската новинска агенција ДПА. Во Центарот за вакцинација во округот Олпе во покраината Северна Рајна-Вестфалија, на неколку деца им била инјектирана вакцината на Модерна. Досега, само вакцината на Фајзер/Бионтех е одобрена за […]

Лиз Трас ќе биде главен преговарач со ЕУ за Брегзит


Англија – Британската министерка за надворешни работи Лиз Трас ќе го замени Дејвид Фрост како главен преговарач со ЕУ во преговорите по Брегзит. Трас ќе остане и на позицијата министер за надворешни работи, јави Би-Би-Си. Фрост претходно ја најави својата неотповиклива оставка како министер за Брегзит, наведувајќи ја загриженоста за насоките на владата на премиерот Борис […]

Свечен собир во МАНУ по повод 100-годишнината од раѓањето на Блаже Конески


Во рамки на одбележувањето на „2021 – Година во чест на Блаже Конески“ по повод 100-годишнината од раѓањето, во свечената сала на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) денеска во 11 часот ќе се одржи свечен собир. Свечениот собир е составен од два дела. Во првиот дел, како што најави МАНУ, ќе се обратат […]

Сијарто во работна посета на Скопје


Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска ќе го пречека министерот за надворешни работи и трговија на Унгарија, Петер Сијарто, кој ќе престојува во еднодневна работна посета на нашата земја. Како што информираат од Министерството за надворешни работи, во фокус на разговорите ќе бидат севкупните билатерални и економско-трговски односи, како и актуелните политички случувања со […]