На Света Гора од Ковид-19 починале најмалку 40 монаси


Грција – Најмалку 40 монаси на Света Гора починале од Ковид-19, од вкупно 1.800 монаси, околу 1.000 се разболеле, а само 500 се вакцинирани, пишува грчкиот весник „Та неа“, јави дописничката на МИА од Атина. Игуменот од еден од манастирите, архимандритот Вартоломеј за весникот вели дека процените се дека над 40 монаси починале од Ковид-19, […]

Утре снег во поголемиот дел од земјава


Времето денеска ќе сончево со мала локална облачност. Попладне во западните и северните делови облачноста ќе се зголеми, а во вечерните и ноќните часови ќе има врнежи, претежно од снег. До изутрина во овие делови ќе се формира нова снежна покривка. Ќе дува слаб, а во западните подрачја умерен ветер од западен правец, информираат од […]

„Галантна Индија“- концерт во Филхармонија со американската виолинистка Силверштајн


Во четврток (20.01), во 20 часот, оркестарот на Филхармонија ќе го одржи првиот концерт во вториот дел од концертната сезона, насловен „Галантна Индија“. Диригент е маестро Габриел Бебешелеа, а како солистка ќе настапи Елишија Силверштајн, една од најзначајните млади американски виолинистки. На програмата се Концертот за виолина и оркестар бр.9 од Жозеф Болоњ (Шевалие де Сан Жорж) […]

Новата етикета на Том Брејди ја враќа логоманијата на модната сцена


САД- Ерата на познати личности кои се претвораат во претприемачи станува трајна. Бијонсе го има својот моден бренд Ајви Парк, Мараја Кери го има својот ирски крем алкохол Black Irish, а сега НФЛ ѕвездата Том Брејди ја фрли својата капа во рингот со својата нова линија спортска облека соодветно насловена БРЕЈДИ. И тој се чини […]

Кипар ја намалува на три месеци валидноста на потврдата за прележан Ковид-19


Кипар– Од 180 на 90 дена се намалува потврдата за прележан Ковид-19 за граѓаните на Кипар, а одлуката на Владата стапува во сила на 31 јануари 2022 година, јави дописничката на МИА од Атина. Од Министерството за здравство на Кипар соопштуваат дека независно од тоа кога е извадена потврдата, важноста ќе биде до 90 дена […]

Андре Леон Тали почина на 73 години: „Господин, моден уредник, икона поголема од животот“


САД- Поранешниот креативен директор на Vogue, Андре Леон Тали, почина на 73-годишна возраст.  „Со голема тага ја објавуваме смртта на нашиот драг пријател и клиент, нескротливиот Андре Леон Тали на 18 јануари 2022 година во Њујорк“, соопшти ТАА ПР. „Г. Тали беше повеќе од животот, долгогодишен креативен директор во Вог за време на неговиот подем […]

Бананата помага за поздрави црева и варење на храната


САД– Покрај многуте други здравствени придобивки од бананите за телото, ново истражување покажува дека ова овошје може да биде клуч и за поздрави црева и подобро варење на храната. Научните испитувања покажуваат дека бананите носат огромен број нутритивни придобивки, на пр. антиоксидансите кои го зајакнуваат имунитетот и ја намалуваат можноста од хронични болести, според истражувањето објавено […]

„The Future was Present“- првата сезона од Скопски моден фестивал во март


Првата сезона од Скопски моден фестивал ќе се одржи во текот на март годинава под слоганот „The Future was Present“, со модни ревии и перформанси, екслузивен продажен шоурум, дигитални проекции и изложби, богата музичка програма и гала вечер со црвен килим за свеченото отворање. – Скопски моден фестивал е нова забавна манифестација за сите љубители […]

Австрискиот парламент ќе гласа за задолжителна вакцинација против Ковид


Австрија– Австрискиот парламент денеска треба да гласа за воведување задолжителна вакцинација против Ковид-19, која треба да стапи на сила на почетокот на февруари. Како што пренесуваат австриските медиуми, за предлогот се очекува јасно мнозинство, бидејќи покрај владејачката партија од Австриската народна партија и Зелените, „за“ најверојатно ќе гласаат и многу пратеници меѓу опозициските социјалдемократи и […]

Меркел ја одбила понудата на Гутереш за работа во ОН, ќе пишува мемоари


Германија– Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел, која на почетокот на декември  ја напушти функцијата по 16 години минати на нејзино чело, ја одби понудата од генерален секретар на ОН, Антонио Гутереш, да работи во ОН, соопшти денеска нејзиниот кабинет. Меркел на 8 декември дефинитивно ја напушти политичката сцена и се посвети на пишување политички мемоари, наведоа […]

Објавен трајлерот и името на ТВ серијата „Господар на прстените“- „Прстени на моќта“


Англија– Амазон го објави првиот трејлер и полниот назив на ТВ-серијата „Господар на прстените“, со поднаслов „Прстени на моќта“ (The Lord of the Rings: The Rings of Power). Во првичниот, кус трејлер е претставена приказната за 20-те прстени на моќта, кои им биле дадени на разните народи кои ја населуваат Средната Земја. Прикажувањето е закажано […]

Нов Зеланд ги заострува мерките поради Омикрон, но го отфрла заклучувањето


Нов Зеланд– Новозеландската премиерка Џасинда Ардерн денеска изјави дека ќе се зголемат мерките во земјата доколку Омикрон варијантата на коронавирусот се пренесе во заедницата, но го отфрли заклучувањето. Силните контроли во Нов Зеланд и неговата географска оддалеченост помогнаа Омикрон да не се шири во земјата, иако многу случаи се пријавени во карантин на границата.   […]

Османи: За неколку дена ќе има предлог за амбасадор во Бугарија


Министерот за надворешни работи Бујар Османи во изјава за БТВ најави дека за неколку дена ќе има предлог за амбасадор во Бугарија. Како што јавува дописникот на МИА од Софија, министерот Османи оценил дека е грешка што во текот на овие години Северна Македонија немала амбасадор во Бугарија, но изразил надеж дека во следните денови […]

Ќе се отвора истрага дали поранешниот папа Бенедикт XVI знаел за сексуално насилство врз деца


Германија – Во Германија денеска ќе се објави извештај што може да отвори потенцијален скандал за сексуално насилство врз деца во католичката црква,а меѓу оние кои можат да се најдат во центарот на внимението е поранешниот папа Бенедикт XVI, јавија француските медиуми. Во извештајот на адвокатската канцеларија Westpfahl Spilker Wastl (WSW) се анализира како биле разгледувани случаите на […]

Отстранета статуата на Теодор Рузвелт од Њујорк, ќе се пренесе во Северна Дакота


Градската канцеларија за култура на Њујорк минатата година донесе одлука да се отстрани статуата на поранешниот американски претседател Теодор Рузвелт, што стоеше пред Природнонаучниот музеј во „Големото јаболко“, и истата сега ќе биде преместена во претседателската библиотека на Рузвелт во Медора, во сојузната држава Северна Дакота. Работниците вчера ја демонтираа статуата на американскиот претседател, што […]

Лидерите на германските Зелени под истрага за исплатата на „корона бонуси“


Германија – Јавното обвинителство во Берлин отвори истрага против раководството на германската партија на Зелените, вклучувајќи го и новиот вицеканцелар и министер за надворешни работи, за исплата на бонуси за време на пандемијата минатата зима. Обвинителството и партијата денеска потврдија дека е покрената истрага по извештајот на неделникот Шпигел, пренесе агенцијата ДПА. Станува збор за улогата […]

Ѓоковиќ ќе бара шест милиони долари оштета од Австралија


Првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ, протеран од Австралија во пресрет на Грен слем турнирот, има намера да ја тужи владата на оваа земја.Триесет и четиригодишниот Србин ќе бара оштета 6 милиони долари, објавија британските медиуми. Ѓоковиќ ќе се жали за изгубен приход од парични награди за спортски настап, плаќања за спонзорство, како и морална штета […]

Твитер го блокираше налогот на милијардерот Плиега заради навреди кон новинарка


САД – Твитер вчера соопшти дека ја блокирал сметката на мексиканскиот милијардер Рикардо Салинас Плиего поради навредливо однесување кон мексикански новинар. Раководството на Твитер соопшти дека Салинас на неговиот налог „учествувал во вознемирувачки ситуации насочени кон едно лице“. Минатата недела Салинас, сопственик на „Banco Azteca SA“, влезе во расправија со мексиканската новинарка Дениз Дресер, коментирајќи го […]

Бајден: Првата година од претседателствувањето беше година на предизвици, но и на огромен напредок


САД– Американскиот претседател Џо Бајден на прес-конференција во Белата куќа по повод првата година од неговото претседателствување изјави дека тоа е година на предизвици, но и на огромен напредок.   Бајден особено ја наведе кампањата за масовна вакцинација против Ковид-19 и притоа истакна дека 75 отсто од возрасните Американци сега се целосно имунизирани, во споредба […]

Почина писателот Нусрет Дишо Улку


По кратко боледување вчера почина Нусрет Дишо Улку, писател од турската националност, автор за деца и млади, преведувач, соопшти Друштвото на писатели на Македонија. Роден е на 24 март 1937 година во Призрен, Косово. Член е на Друштвото на писатели на Македонија од 1967 година. Автор е на поетските збирки: „Деца и дрвја“ (1963) „Детски раце” […]