Почнува изградбата на првиот автомобилски висечки мост „Љубљанска“ 


Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев заедно со првиот заменик–премиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби и заменик–претседателот задолжен за економски прашања Фатмир Битиќи, ќе направат увид на отпочнувањето на изградбата на мостот „Љубљанска“.  – Се работи за прв автомобилски висечки мост во Скопје вреден шест милиони евра обезбедени од програмата ТАВ, кој ќе ги …

Почнува изградбата на првиот автомобилски висечки мост „Љубљанска“  Read More »

Бјанкофјоре и Цинеге Панзова на преведувачка резиденција во Скопје


Во рамки на проектот „Превод во движење“ (Translation in Motion) Издавачката куќа „Готен“  организира претставување и разговор со преведувачките Марјанџела Бјанкофјоре и Анамарија Цинеге Панзова. Бјанкофјоре и Цинеге Панзова во август престојуваат на преведувачка резиденција во Скопје. Средбата ќе се одржи онлајн, преку платформата „Зум“. Модератор на настанот ќе биде Владимир Јанковски. „Превод во движење“ …

Бјанкофјоре и Цинеге Панзова на преведувачка резиденција во Скопје Read More »

Променливо облачно, посвежо со повремен пороен дожд и грмежи


Времето ќе биде малку посвежо особено во северните делови и ќе преовладува променливо облачно време со изолирана појава на повремен пороен дожд со грмежи, краткотрајно и како невреме со засилен ветер, и појава на град. Во западните делови ќе дува повремено засилен ветер од западен до југозападен правец. Утринската температура ќе се движи од 10 …

Променливо облачно, посвежо со повремен пороен дожд и грмежи Read More »

Почина познатиот српски актер Милан Лане Гутовиќ, познат по улогата на Шојиќ од „Тесна кожа“


Србија– Познатиот српски актер, Милан Лане Гутовиќ почина денеска на 76-годишна возраст по долго и тешко боледување, пренесува агенцијата Бета. Актерот бил примен на Воено-медицинската академија минатата недела поради проблеми со дишењето, неговата состојба одеднаш се влошила во последните два дена, а исто така бил приклучен на респиратор. За неговата болест се дозна кога мораше …

Почина познатиот српски актер Милан Лане Гутовиќ, познат по улогата на Шојиќ од „Тесна кожа“ Read More »

Петта трансплантација на срце и две трансплантации на бубрези извршени во комплексот клиники „Мајка Тереза“


Петта трансплантација на срце и две трансплантации на бубрези од починат донор се извршени денеска во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Трансплантацијата на срце е извршена кај 66-годишен пациент за кој немало друга алтернатива и чие срце работело со помалку од 20 проценти, а трансплантациите на бубрези се извршени кај двајца 40-годишни пациенти кои …

Петта трансплантација на срце и две трансплантации на бубрези извршени во комплексот клиники „Мајка Тереза“ Read More »

УСЈЕ со донација за Клиниката за хируршки болести Св. Наум Охридски од Скопје


Медицинскиот персонал од Универзитетската клиника за хируршки болести Св. Наум Охридски во Скопје доби целосно реновирани заеднички простории, со што значително ќе се подобрат условите за работа во Ковид 19. Реновирањето на просториите е реализирано со донација од компанијата УСЈЕ во висина од 30.000 евра. „Здравствената криза покажа колку е важна соработката и поддршката помеѓу …

УСЈЕ со донација за Клиниката за хируршки болести Св. Наум Охридски од Скопје Read More »

Бектеши: Проектите од ТАВ Програмата ќе го подобрат квалитетот на  животот на граѓаните во сите општини


Со реализација на проектите од ТАВ Програмата Владата има за цел да го подобри квалитетот на животот на граѓаните во сите општини, порача министерот за економија Крешник Бектеши, кој заедно со градоначалникот на општина Сарај, Блерим Беџети и заменик-министерот за транспорт и врски, Беким Реџепи денеска изврши увид во реконструкцијата на патниот правец Буковиќ-Раовиќ. Се …

Бектеши: Проектите од ТАВ Програмата ќе го подобрат квалитетот на  животот на граѓаните во сите општини Read More »

Експертите очекуваат да се појави варијанта отпорна на вакцина на вирусот


САД – Извршниот директор на „Фајзер“, Алберт Бурла изјави дека експертите од светската биофармацевтска компанија сметаат дека најверојатно ќе се појави варијанта отпорна на вакцини против „Ковид-19“. – Секогаш кога ќе излезе некоја варијанта во светот, нашите научници се обединуваат против неа и проучуваат дали таа варијанта може да избега од заштитата на нашата вакцина. Се уште немаме идентификувано, но …

Експертите очекуваат да се појави варијанта отпорна на вакцина на вирусот Read More »

Теона Митевска го снима новиот филм во НУБ „Свети Климент Охридски“, следна станица-Сараево


Најновиот филм на режисерката Теона Стругар Митевска „Најсреќниот човек на светот“ се снима во просториите на Националната и универзитетска библиотека „Свети Климент Охридски“ во Скопје. Филмот е во продукција на „Брат и сестри Митевски“, поддржан е од Агенцијата за филм на Република Северна Македонија и е копродукција меѓу пет земји – С Македонија, Босна и …

Теона Митевска го снима новиот филм во НУБ „Свети Климент Охридски“, следна станица-Сараево Read More »

(Фото) Се обновува НУБ „Св. Климент Охридски“: Да го кренеме на нозе трезорот на македонското минато и иднина


НУБ не е само покривот и не се само новите столчиња. НУБ Св Климент Охридски е многу повеќе, НУБ е емоција. Затоа ги повикувам сите општествено одговорни компании и поединци да ни се приклучат да бидат дел од онаа генерација која ја ревитализирала Националната и универзитетска библиотека, истакна на денешната прес-конференција министерката за култура Ирена …

(Фото) Се обновува НУБ „Св. Климент Охридски“: Да го кренеме на нозе трезорот на македонското минато и иднина Read More »

Џезер во душа кој бегаше од светлата на славата: Што значеше Чарли Вотс за „Ролинг Стоунс“?


Англија- Секој би исчезнал во втор план во бенд, кога имате харизматични членови како Мик Џегер и Кит Ричардс. На Чарли Вотс никогаш не му сметаше да биде во сенка на големите ѕвезди. Напротив. Речиси шест децении, тој го одржуваше времето толку педантно како швајцарски часовник, без да гладува за светлата на славата на сцената …

Џезер во душа кој бегаше од светлата на славата: Што значеше Чарли Вотс за „Ролинг Стоунс“? Read More »

„Волстрит џурнал“: Разузнавачите на САД не дојдоа до дефинитивен заклучок за потеклото на Ковид-19  


САД – Новиот извештај на американските разузнавачи за потеклото на Ковид-19 синоќа беше поднесен во Белата куќа и документот не содржи еднозначна потврда за потеклото на вирусот, било да е тоа по природен пат со премин на заразата од животни или дека се појавил по случаен пробив од лабораторија.  Повикувајќи се на двајца неименувани американски извори, …

„Волстрит џурнал“: Разузнавачите на САД не дојдоа до дефинитивен заклучок за потеклото на Ковид-19   Read More »

Слово за академик Иван Доровски од МСМЈЛК при УКИМ: Изгубивме голем славист, балканист и македонист


Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (МСМЈЛК при УКИМ), со големо жалење и неверување ја прими веста за физичкото заминување на истакнатиот книжевен историчар, македонски и чешки славист, балканист и македонист, академик Иван Доровски. МСМЈЛК при УКИМ и сите лектори и семинаристи, вклучително и сите …

Слово за академик Иван Доровски од МСМЈЛК при УКИМ: Изгубивме голем славист, балканист и македонист Read More »

Саемот на книга ќе се одржи во септември на отворено кај А1 Арената СЦ „Борис Трајковски“


Саемот на книга оваа година започнува на 8 септември, а ќе трае до 14 септември. Саемот ќе се организира на отворено, непосредно до Аква паркот кај А1 Арена „СЦ Борис Трајковски“. – Искуството од минатата година покажа дека со почитување на мерките, Саемот за книга може да се одржи во добар ред и со одлична промоција на …

Саемот на книга ќе се одржи во септември на отворено кај А1 Арената СЦ „Борис Трајковски“ Read More »

„Збунети компаси“ – нова книга од Зоран Анчевски


Објавена е новата поетска стихозбирка „Збунети компаси“ од Зоран Анчевски, како јубилејна, десетта книга во едицијата „Поеза“ на издавачката куќа „ИЛИ-ИЛИ“. Како што соопшти издавачот, збирката поезија „Збунети компаси“ од Зоран Анчевски се состои од пет циклуси песни кои градат многу занимливи меѓусебни врски, но и деликатни, дискретни, а суштински врски со претходното поетско творештво …

„Збунети компаси“ – нова книга од Зоран Анчевски Read More »

Под посебни протоколи утре почнува јубилејните 60. Струшките вечери на поезијата


Под посебни протоколи за заштита на населението од Ковид-19 и без дел од традиционалните содржини утре во Струга почнува јубилејното 60. издание на Меѓународниот поетски фестивал Струшки вечери на поезијата. Официјалното отворање ќе биде вечерта на летната тераса во хотел „Дрим“, а претходно на летната сцена во центарот за култура „Браќа Миладиновци“ ќе биде отворена …

Под посебни протоколи утре почнува јубилејните 60. Струшките вечери на поезијата Read More »

Продолжени рестриктивните мерки на Крит, воведени рестрикции и на Пелопонез


Грција– Рестриктивните мерки, односно полицискиот час и забраната за музика во угостителските објекти во три региони на грчкиот остров Крит се продолжени за уште една седмица и паралелно се воведени и во регионот Месинија на Пелопонез, јави дописничката на МИА од Атина. Градовите Ханија, Ираклио и Ретимно на Крит, што се и три четвртини од …

Продолжени рестриктивните мерки на Крит, воведени рестрикции и на Пелопонез Read More »

Бебето од омотот на „Nevermind” ја тужи „Нирвана“ за детска порнографија


САД – Бебето овековечено на омотот на албумот „Nevermind” на хеви-метал групата „Нирвана“, сега го тужи составот за детска порнографија. Албумот е издаден пред точно 30 години, во 1991., а на фотографијата, Спенсер Елден е целосно гол во вода и посегнува по банкнота-мамка од еден долар. По три децении тој смета дека тоа е силна алузија за …

Бебето од омотот на „Nevermind” ја тужи „Нирвана“ за детска порнографија Read More »

За либералната демократија вреди да се борите


Од сите празни, бесмислени изјави што повремено ги повторуваат западните политичари, ниту една не е попразна и побесмислена од оваа: „Не може да има воено решение за овој конфликт“. Тоа го кажа поранешнниот генерален секретар на ОН, Бан Ки-мун во 2013 година: „Нема воено решение за конфликтот во Сирија“. Џон Кери, тогашен државен секретар на …

За либералната демократија вреди да се борите Read More »

Кој е поканет на Мет Гала 2021?


САД– Со оглед на тоа што се очекува многу од Мет Гала во септември, многумина се љубопитни за ексклузивната листа на гости на гал-настанот. Обично се одржува секоја година во првиот понеделник во мај, и има хумана цел- за собирање средства за Музејот на Метрополитен во Њујорк. Годинешната Мет Гала ќе се одржи на 13 …

Кој е поканет на Мет Гала 2021? Read More »