Ријана со нова ревија за долна облека „Севиџ екс Фенти в. 3“


САД– Модната ревија на Ријана и нејзиниот бренд „Севиџ екс Фенти“ (Savage X Fenty), како посебна емисија ќе се емитува на 24 септември оваа 2021 година, на платформата „Амазон прајм видео“. Познатата пејачка и дизајнерка го потврди тоа на својот интернет-простор. Ова е трета модна ревија на споменатиот бренд за облека, а најавено е дека ќе …

Ријана со нова ревија за долна облека „Севиџ екс Фенти в. 3“ Read More »

Том Круз во најопасниот каскадерски потфат досега


Англија– Том Круз вчера го претстави она што тој самиот го нарече – најопасниот каскадерски трик на сите времиња. Се работи за сцена од претстојниот филм „Невозможна мисија 7“. Круз, познат по опасните сцени каде што самиот ги изведува каскадерските маневри, тука вози мотор по стрмен предел кој се спушта од џиновска карпа, во Норвешка, …

Том Круз во најопасниот каскадерски потфат досега Read More »

СВП: Кои поети се номинирани за наградата „Браќа Миладиновци“?


„Потпис: трепетлика“ на Ана Стојановска (Три), „Големата прегратка“ на Павлина Атанасова (ПНВ Публикации), „Девет преобразби во чудната шума“ на Пандалф Вулкански (Темплум) и „Сватови на песната“ на Даут Даути (Матица Македонска) се книгите што влегоа во потесниот избор за националната награда „Браќа Миладиновци“ што се доделува на „Струшките вечери на поезијата“ и кои денес беа …

СВП: Кои поети се номинирани за наградата „Браќа Миладиновци“? Read More »

Во Врање вакцинирани 13.300 Македонци, ревакцинирани вкупно 11.106 наши државјани


Србија- Вкупниот број на вакцинирани граѓани од Врање, Србија, С. Македонија и други земји во Спортската сала Врање од почетокот на вакцинацијата до четврток, 26 август, изнесува 83.905, соопштија денеска од Здравствениот центар (ЗЦ) Врање, јави дописникот на МИА од Белград. Доколку се земат предвид сите достапни вакцини, првата доза на Македонците им е дадена на …

Во Врање вакцинирани 13.300 Македонци, ревакцинирани вкупно 11.106 наши државјани Read More »

Актерката Диане Кругер се сврши со Норман Ридус


САД- Германската актерка со холивудска кариера Диане Кругер се сврши со актерот Норман Ридус , објави „Пипл“. Кругер (45) и Ридус (52) се запознале за време на снимањето на филмот Скај во 2015 година. Тие заедно го промовираа филмот на Меѓународниот филмски фестивал во Торонто, пред да излезат во јавност со нивната романса во март …

Актерката Диане Кругер се сврши со Норман Ридус Read More »

Почина поранешниот грчки министер Акис Цохаѕопулос


Грција– Поранешниот грчки министер од редовите на ПАСОК, Акис Цохаѕопулос почина на 82-годишна, додека беше на лекување во атинска болница, јави дописничката на МИА од Атина. Според грчките медиуми Цохаѕопулос починал од срцев удар, а во изминатите години се соочуваше со сериозни здравствени проблеми. Во периодот од 1981 до 2004 година беше на функција во …

Почина поранешниот грчки министер Акис Цохаѕопулос Read More »

Курц не го менува својот цврст став кон бегалците


Австрија– Австрискиот канцелар Себастијан Курц тврди дека Австрија нема да прифати нови бегалци од Авганистан. -Ситуацијата во Авганистан е драматична, но Австрија ќе ја засили својата помош на лице место и нема да ги повтори грешките од 2015 година, рече Курц за телевизијата Ое24. Тој посочи дека не видел „голема кавга“ во рамките на владејачката …

Курц не го менува својот цврст став кон бегалците Read More »

Бајден забрани иселување за време на пандемијата, Врховниот суд ја поништи неговата одлука


САД – Врховниот суд на САД го укина мораториумот за иселување што Владата на претседателот Џо Бајден го воведе во областите погодени од пандемијата на Ковид-19, поради што Белата куќа изрази жалење и повика на „итна“ акција. Врховниот суд ја прифати жалбата на Здружението на издавачи на станови и агенти за недвижности кои бараа да се укине …

Бајден забрани иселување за време на пандемијата, Врховниот суд ја поништи неговата одлука Read More »

Берлускони повторно примен во болница


Италија– Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони е примен во болницата „Сан Рафаел“ во Милано, објави неименуван извор од неговата партија Форца Италија. Тој рече дека Берлускони (84) синоќа бил примен во болница на „темелно клиничко испитување“, без да даде детали. Берлускони беше во болница во неколку наврати минатата година, откако се зарази со коронавирусот во септември …

Берлускони повторно примен во болница Read More »

За викендот умерено облачно со повремен дожд


Изминатите 24 часа најмногу дожд наврна во Крива Паланка, 17 литри на метар квадратен, а најмалку во Струмица, еден литар на единица површина. УХМР најавува дека попладнево во планинските подрачја се можни услови за краткотраен дожд. Ќе дува и слаб до умерен ветер претежно од западен правец. Максималната температура ќе се движи од 26 до …

За викендот умерено облачно со повремен дожд Read More »

Подгорица домаќин на четвртиот Дигитален самит на Западен Балкан


Во тек е регистрацијата за Дигиталниот самит на економиите на Западен Балкан (ЗБ6), што ќе се одржи во Црна Гора од 11 до 13 октомври, соопшти црногорското Министерство за јавна администрација. Како што соопштуваат од Министерството, на самитот ќе бидат разменети добри практики и достигнувања во процесот на дигитална трансформација и ќе се дефинираат идните …

Подгорица домаќин на четвртиот Дигитален самит на Западен Балкан Read More »

Сесии и трибини: Промоција на Скопје 2028- кандидат за Европска престолнина на културата


Тимот на СКОПЈЕ 2028 во соработка со градот Скопје и фондацијата „Марсел Хиктер“ од Брисел од денес почнува со реализација на серија на активности за трансфер на знаење, добри практики и вмрежување во полето на културата и развој на кандидатурата на градот Скопје за Европска престолнина на културата. Нивната организација е дел од програмата за …

Сесии и трибини: Промоција на Скопје 2028- кандидат за Европска престолнина на културата Read More »

„Здраво млади“ во МКЦ парк


Единаесеттото издание на „Здраво млади“ ќе се одржи вечер во паркот на Младинскиот културен центар. Фестивалот ќе се реализира согласно актуелните мерки/протоколи за организирање настани во отворен простор. На две бини посетитителите ќе можат да ги проследат Hercules & Love Affair, шпанските пост-панкери Belgrado, KOIKOI од Белград, Murman Tsuladze со магичниот килим од Грузија, мистериозниот …

„Здраво млади“ во МКЦ парк Read More »

Се продава легендарниот дом на Френк Синатра во Лос Анџелес, не изгубил од сјајот и комфорот


Легендарниот дом на Френк Синатра од една деценија, во текот на 50 -тите и 60 -тите години, штотуку беше ставен на продажба за сума од 21,5 милиони долари. Комплексот со седум спални соби и девет бањи е дизајниран од Переира Лакман АИА, фирмата позната по нивниот дизајн на меѓународниот аеродром во Лос Анџелес, и изградена …

Се продава легендарниот дом на Френк Синатра во Лос Анџелес, не изгубил од сјајот и комфорот Read More »

Мистериозна интернет-страна најавува враќање на „АББА“


Шведска– Шведската поп-група „АББА“ можеби подготвува изненадување за обожавателите, бидејќи Твитер-корисник под името „ABBAVoyage“ и интернет-страна со истото име се појавија на мрежата вчера. „Придружете ни се“, гласи твитер-објавата што ги повикува обожавателите да бидат „први што ќе слушнат“ повеќе за „АББА Војаж“. Агенцијата за односи со јавноста ЗАП-ПР ја потврди автентичноста на интернет-страницата, јави …

Мистериозна интернет-страна најавува враќање на „АББА“ Read More »

Американските власти забранија електронски цигари од три производители


САД – Електронските цигари од три производители не добија одобрување од здравствените власти за продажба во САД, објави вчера американската Агенција за борба против дрога. Ова прва ваква одлука што, според познавачи, значително ќе влијае на индустријата. „Знаеме дека никотинските производи со вкус се многу привлечни за младите луѓе, така што проценката на потенцијалните и реални …

Американските власти забранија електронски цигари од три производители Read More »

Белата куќа за барањата за оставка на Бајден: Не е време за политиканство


САД- Белата куќа одговори на барањата на повеќемина републикански сенатори и конгресмени за оставка на американскиот претседател Џо Бајден поради вчерашниот напад во Кабул, во кој загинаа најмалку 13 американски војници. -Ова не е ден за политиканство. Очекуваме секој Американец, избран или не, да застане рамо до рамо со нас и да ја сподели нашата решеност …

Белата куќа за барањата за оставка на Бајден: Не е време за политиканство Read More »

Во Британија со недели има висока смртност, а главната причина не е Ковид-19


Велика Британија веќе шест недели по ред бележи повисока стапка на смртност од просечната во овој период од годината. Тоа не се должи на коронавирусот, туку на други болести, пишува Дејли телеграф. Експертите велат дека една година поинаква работа во здравството поради пандемијата „пристигна на наплата“. Во текот на неделата која заврши на 13 август …

Во Британија со недели има висока смртност, а главната причина не е Ковид-19 Read More »

Поранешниот еврокомесар Мишел Барние влегува во трката за претседател на Франција


Франција –  Поранешниот еврокомесар и водечки европски преговарач за исход на Брегзит, Мишел Барние, се вклучува во претседателската трка во Франција. Човекот кој на свои плеќи ги износе тешките преговори за Брегзит, во февруари годинава ја формираше групата наречена „Патриот и Европеец“ околу која ги собера своите истомисленици. Групата беше официјално промовирана за време на состанокот …

Поранешниот еврокомесар Мишел Барние влегува во трката за претседател на Франција Read More »