Дебитантот Александар Тодоровски е победник на 36-то издание на „Макфест“


 Александар Тодороски е победникот на 36 то издание на Фестивалот на музика „Макфест 2021“. „Под исто небо“ беше песната која освои најмногу гласови и од публиката и од стручното жиро.  Музиката и текстот се на Ристо Самарџиев, а аранжманот е на Давор Јордановски. Тодороски во финалната вечер влезе по дебитантскиот настап на првата полуфинална вечер, кога …

Дебитантот Александар Тодоровски е победник на 36-то издание на „Макфест“ Read More »

Активни 13.261 случаи на Ковид-19, колективен имунитет ќе се постигне само со вакцинација


Со есенските месеци ризик факторите да се добие Ковид-19 ќе бидат многу високи. Нема ниту еден аргумент зошто граѓаните не би се вакцинирале, тоа е единствениот начин да постигнеме колективен имунитет, изјави вчера министерот за здравство Венко Филипче, апелирајќи до граѓаните да се вакцинираат. Според податоците од синоќа од Институтот за јавно здравје, од направени …

Активни 13.261 случаи на Ковид-19, колективен имунитет ќе се постигне само со вакцинација Read More »

Во вториот квартал 2.011 хипотеки на недвижности, 5.936 продажби и 1.740 закупи


Во периодот април – јуни годинава  се запишани вкупно 2.011 товари врз недвижности, со вкупна вредност од 412.635.034 евра, односно  3.229.174.540 денари, покажуваат податоците од кварталниот извештај на Агенцијата за катастар на недвижности. Во базата на Регистарот на цени и закупнини во вториот квартал годинава се евидентирани 7.676 трансакции, од кои 5.936 продажби на недвижности …

Во вториот квартал 2.011 хипотеки на недвижности, 5.936 продажби и 1.740 закупи Read More »

Истече рокот за потврдување на листите на кандидати за градоначалници и советници, до 23 септември жребување на нивниот редослед


Синоќа истече рокот до кој општинските изборни комисии (ОИК) официјално требаше да ги потврдат сите листи на кандидати за градоначалници и членови на општинските совети и Советот на Град Скопје поднесени од политичките партии, коалициите и групи граѓани за учество на локалните избори закажани за 17 октомври. Вака потврдените листи, ОИК ги доставува до Државната …

Истече рокот за потврдување на листите на кандидати за градоначалници и советници, до 23 септември жребување на нивниот редослед Read More »

Плевнелиев го одбил Борисов да биде претседателски кандидат на ГЕРБ за изборите во ноември


Бугарија –  Поранешниот бугарски претседател, Росен Плевнелиев, го одбил предлогот на партијата на Бојко Борисов, ГЕРБ, да биде нивни кандидат за претседател на изборите во Бугарија на 14 ноември, изјави самиот тој за телевизијата „Бугарска On Air“. Како што јави дописникот на МИА од Софија, Плевнелиев, кој беше претседател на Бугарија од 2012 до 2017 година, …

Плевнелиев го одбил Борисов да биде претседателски кандидат на ГЕРБ за изборите во ноември Read More »

Суки Меденчевиќ го предводи меѓународното жири на „Браќа Манаки“


Интернационалното жири што ќе ги оценува филмовите во натпреварувачката конкуренција на годинешното 42. издание на ИФФК „Браќа Манаки“ ќе биде предводено од Суки Меденчевиќ, американски кинематографер со потекло од Босна и Херцеговина. Во жирито се и Филип Бергсон, филмски критичар од Велика Британија, Вим Ванaкер, познат белгиски режисер, Соња Просенц, продуцент од Словенија и Димо …

Суки Меденчевиќ го предводи меѓународното жири на „Браќа Манаки“ Read More »

ШК Алкалоид подготвен за Европскиот Клупски Куп во Струга


Најсилното екипно шаховско натпреварување, Европскиот Клупски Куп, по едногодишна пауза, оваа година се одржува од 17 до 24 септември, при тоа, повторно после 2015 ќе бидена “наш терен” во Струга. Во 2016 година ШК Алкалоид го освои Европскиот Клупски Куп и ја понесе титулата Европски Шампион!Европското клупско злато беше освоено во годината кога клубот одбележа …

ШК Алкалоид подготвен за Европскиот Клупски Куп во Струга Read More »

Македонското знаме во холот на НАТО во Пентагон


Во холот на НАТО во Пентагон се одржа церемонија на откривање на македонското знаме кое по членството во НАТО им се придружи на 29-те знамиња на останатите земји членки на Алијансата. Знамето симболично го открија министерката Радмила Шекеринска и помошничката секретар за одбрана на САД, Лора Купер. Посочувајќи дека членството на Северна Македонија во НАТО …

Македонското знаме во холот на НАТО во Пентагон Read More »

Пендаровски на изложба во Стоби: Да не се заборави наследството на Петар Хаџи Бошков (фото)


Претседателот Стево Пендаровски  ја посети изложбата на дела од реномираниот македонски скулптор Петар Хаџи Бошков, поставена во археолошкиот локалитет Стоби, а во рамки на проектот насловен „Откривање на иднината: Археологија на модерноста“. Поставката вклучува четириесетина репрезентативни дела од повеќе творечки фази на авторот, кои опфаќаат четиридецениски период од 1962 до 2004 година. Претседателот Пендаровски изрази …

Пендаровски на изложба во Стоби: Да не се заборави наследството на Петар Хаџи Бошков (фото) Read More »

Скулптурите во Стоби на Хаџи Бошков ќе ги спојат двата света-античкиот со модерниот


Сите изложени дела авторот ги има зачувано во лична сопственост и ги оставил во наследство на неговото семејство. Овие репрезентативни дела, благодарение на неговиот син Игор Хаџи Бошков ќе бидат позајмени и директно од ателјето ќе бидат пренесени на локалитетот Стоби како спој на два света – античкиот со модерниот Денес, во 18 часот (вратите …

Скулптурите во Стоби на Хаџи Бошков ќе ги спојат двата света-античкиот со модерниот Read More »

ДЗС: Попишани вкупно 871 488 лица, 272.177 домаќинства и 368.595 станови


Вкупно 871 488 лица, 272.177 домаќинства и 368.595 станови се попишани заклучно со 20 часот вчера, објави денеска Државниот завод за статистика. Можноста за самопопишување на лица во странство, пак, досега ја искористиле – 193.236 лица. Пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, кој официјално започна на 5 септември ќе трае до …

ДЗС: Попишани вкупно 871 488 лица, 272.177 домаќинства и 368.595 станови Read More »

Стотици уапсени за време на протести против воведените мерки во Австралија


Австралија – Неколку полицајци се повредени, а стотици демонстранти беа уапсени денеска во вториот по големина град во Австралија, Мелбурн, при жестоките судири за време на протестите против воведените ограничувања. Полицијата употреби бибер спреј и уапси повеќе од 200 лица во Мелбурн, откако неколку стотини граѓани ги прекршиле наредбите да останат дома и минаа низ кварт …

Стотици уапсени за време на протести против воведените мерки во Австралија Read More »

Од Јована Филиповиќ до Тања Кокев: Заврши ЕXPO 30 – настан кој во фокусот ја прикажа македонската мода


Ветераните на модната сцена се измешаа со студентите по мода синоќа на втората и последна вечер на ЕXPO 30 во МСУ во Скопје кој во фокусот ја имаше македонската мода, заедно со промоција на диџејската домашна сцена и дегустација на македонски производи. Модниот настан, поддржан од Владата по повод 30 години независност, предизвика интерес и …

Од Јована Филиповиќ до Тања Кокев: Заврши ЕXPO 30 – настан кој во фокусот ја прикажа македонската мода Read More »

Меси од трансферот во ПСЖ ќе заработи 110 милиони евра


Франција– Вредноста на трансферот во ПСЖ на Лионел Меси, кој летово по две децении ги напушти редовите на Барселона, изнесува фантастични 110 милиони евра, објави денеска францускиот весник „Л Екип“. Изнесувајќи ги финансиските детали од тригодишниот договор, весникот наведе дека Меси ќе заработува 30 милиони евра по сезона, плус дополнителни 10 милиони евра за лојалност …

Меси од трансферот во ПСЖ ќе заработи 110 милиони евра Read More »

Невреме во Тиват, причинета голема материјална штета


Црна Гора– Големо невреме со силен југозападен ветер, дожд и град со големина на орев, утрово го погоди црногорскиот крајбрежен град Тиват и неговата околина. Градот предизвикал голема материјална штета на автомобили, згради, овоштарници и маслинови градини, пишува весникот „Вијести“. Големото количество дожд што падна за многу кратко време предизвика и мали поплави на патиштата …

Невреме во Тиват, причинета голема материјална штета Read More »

Митреска: Мерките на централната банка избалансирани ‒ за поддршка на економијата и одржување на стабилноста


Сите показатели за стабилноста на девизниот курс и банкарскиот систем и натаму се поволни. Со тоа, мерките преземени од централната банка ги оценуваме како избалансирани, со поддршка за економијата и истовремено одржување на стабилноста,  оцени вицегувернерката на Народната банка, Ана Митреска, во излагање на панел-дискусија организирана од реномираната инвестициска банка „Вуд и компанија“. На дебатата …

Митреска: Мерките на централната банка избалансирани ‒ за поддршка на економијата и одржување на стабилноста Read More »

Земјотрес го погоди Лос Анџелес


САД– Земјотрес со интензитет од 4,3 степени според Рихтерова скала го погоди синоќа јужниот дел на Калифорнија, соопшти американскиот Геолошки институт. Потресот бил почувствуван во реонот на Лос Анџелес и околните градови, вклучувајќи ги Карсон, Ломита и Торанс. Според извештајот на противпожарната служба на округот Лос Анџелес, нема информации за повредени лица или причинета материјална …

Земјотрес го погоди Лос Анџелес Read More »

Кали го отвори 36. Макфест во Штип


Вчера вечер започна триесет и шестото издание на Фестивалот на музика „Макфест“, на отворената сцена поставена во спортско-рекреативниот центар „Аква бела ресорт“ во Штип. Честа да го отвори овогодинешното издание и припадна на Калина Велковска – Кали. Кали, која веќе долги години е на музичката сцена, оваа година реши да се претстави и на Макфестовската …

Кали го отвори 36. Макфест во Штип Read More »

Михајловиќ: Пехарот од Бари „прошета“ насекаде, Панчев го носеше на свадби во Македонија


Србија– Членот на шампионската генерација на Црвена ѕвезда која го освои Купот на европските шампиони 1991 година, Синиша Михајловиќ, обелодени дека победничкиот пехар што е изложен на белградскиот стадион „Маракана“ е реплика на оригиналот од Бари. – Пехарот што го донесовме (во Белград) беше насекаде. Јас го носев во Борово, а Југовиќ го носеше во својот …

Михајловиќ: Пехарот од Бари „прошета“ насекаде, Панчев го носеше на свадби во Македонија Read More »

Во тек е пријавувањето на бруцоши за сместување во државни студентски домови 


Министерството за образование и наука ги потсетува студентите од прва година запишани на јавните и приватните високообразовани институции во државата дека во тек е аплицирањето за место во државните студентски домови и други објекти за сместување во Република Северна Македонија, за студиската 2021/2022 година. Крајниот рок за поднесување на апликациите е 24-ти месецов. Условите, критериумите …

Во тек е пријавувањето на бруцоши за сместување во државни студентски домови  Read More »