Облачно и посвежо и во наредните денови


Во следните денови ќе се задржи променливо облачно и посвежо време со слаб до умерен ветер од северен правец. Утре ќе има повремени врнежи од снег, особено во западните и јужните делови од земјава, соопшти УХМР. Утринските температури насекаде ќе бидат негативни и ќе се спуштат до минус осум, а дневните од четврток во благ […]

Скопје во ритамот на модата- Скопски моден фестивал во Сити Мол


Цел нареден месец градот Скопје ќе пулсира во ритамот на модата. Епицентар на случувањата е трговскиот центар Скопје Сити Мол, каде од овој петок (4 март) започнува првото издание на Скопски моден фестивал, нова забавна манифестација за сите љубители на убавиот дизајн, уметноста и музиката. Богатата програма на настанот е поделена во два посебни дела […]

Метаморфозис: Реализирани девет од 45 планирани активности во Акцискиот план на Стратегијата за транспарентност


Во рамки на проектот на УСАИД за граѓанско учество, Фондацијата Метаморфозис спроведе проценка на нивото на спроведување на Стратегијата за транспарентност (2019-2021) со Акциски план усвоена од Владата во ноември 2019 година. Заклучокот на Фондацијата е дека спроведувањето на Стратегијата, која е насочена кон унапредување на амбиентот за транспарентност и доверба во работата на институциите, стагнира најголем дел […]

ЕБУ ѝ забрани на Русија да учествува на Евросонг во Торино


Швајцарија– Претходно оваа недела, Европската радиодифузна унија, која го организира годишниот Избор за песна на Евровизија, објави дека Русија сепак ќе биде добредојдена на Евровизија претстојниот мај, објаснувајќи дека „Песна на Евровизија е неполитички културен настан што ги обединува нациите и ја слави различноста преку музика“. Сепак, ЕБУ исто така изјави: „Ние секако ќе продолжиме […]

Орце Камчев како медицински феномен – за еден месец два пати позитивен на Ковид-19


Орце Камчев, обвинет во случајот „Плацови на Водно” по втор пат од кога е почнато судењето за овој судски процес е позитивен на Ковид-19. Од оваа причина се одложи и денешното рочиште каде беше предвидено сослушување на повеќе сведоци. Последното рочиште кога обвинетиот Камчев отсуствуваше поради изолација од Ковид-19 беше на 28 јануари. Случајот за […]

Проклетството на Тутанкамон не постои- изложба на Универзитетот Оксфорд ја расветлува мистеријата по сто години


Англија– Проклетството на Тутанкамон ќе биде отфрлено еднаш засекогаш со изложба на Универзитетот Оксфорд во пролетта, сто години откако Хауард Картер и Лорд Карнарвон го открија гробот на младиот крал. Експонатите во библиотеката Бодлејан ќе покажат дека гласините за проклетство всушност постоеле многу пред прераната смрт на Карнарвон на 5 април 1923 година, кои ширеле […]

Фустанот на Меган Маркл од интервјуто со Опра оди во музеј


САД- Иако е секако незаборавно, дали цветниот фустан на Армани што го носеше Меган Маркл на интервјуто со Опра Винфри може да биде мем? Англискиот моден музеј Бат мисли така, па затоа фустанот треба да биде централен дел на новата изложба, A History of Fashion in 100 Objects, откако ја доби честа за Облека на […]

„Македонска глаголица. Македонска кирилица“ – изложба на Лазе Трипков и Ласко Џуровски


Во галеријата во Младинскиот културен центар (МКЦ) вечер ќе биде отворена „Македонска глаголица. Македонска кирилица“ – изложба на авторите Лазе Трипков и Ласко Џуровски. Изложбата се осврнува кон најзначајните столбови на македонскиот јазик и култура – глаголицата и кирилицата. Изложбата претставува празник, чествување на глаголицата и кирилицата. Првата – запретана во нашето далечно средновековие под […]

Пресуди за обвинетите кои признаа вина во случајот „Титаник“


Во Основниот Кривичен суд – Скопје денеска ќе бидат објавени пресудите за дел од обвинетите кои признаа вина во случајот „Титаник“. Мартин Протуѓер, Миле Јанакиески, Катерина Веловска, Гордана Јанкулоска, Мунир Пепиќ, Билјана Бришковска-Бошкоски, Кирил Тодоровски и Коста Митроски се обвинетите кои признаа вина и од судот побараа, при изрекувањето на пресудата, да ги има предвид сите […]

Атал: Исклучена е можноста Франција да испрати војници во Украина


Франција– Како што руската офанзива се интензивира во Украина, портпаролот на француската Влада, Габриел Атал, во програмата „Политички прашања“ на Франс Инфо и Франс Интер, изјави дека Франција ја исклучува можноста од испраќање француски војници во Украина, јави дописникот на МИА. Тој, меѓутоа, нагласи дека земјата веќе им дава материјална поддршка на Украинците. -Испорачавме оружје, продолжуваме […]

НБ: Не се очекуваат директни, но можни се индиректни последици од случувањата во Украина


Треба да се продолжи со внимателно следење на ситуацијата, која се менува од час во час. Со оглед на малата поврзаност на нашата економија со економиите на Русија и Украина, не се очекуваат директни последици, но можни се индиректни. Најновите случувања влијаат особено на глобалните пазари на енергенси и храна, што заедно со сè поголемата […]

Итна седница на Генералното собрание на ОН за руската инвазија врз Украина


САД – Советот за безбедност на ОН за денеска свика „итна, вонредна седница“ на Генералното собрание на ОН со цел сите членки на светската организација да се изјаснат за руската инвазија врз Украина. Резолуцијата, предложена од САД и Албанија, синоќа ја усвоија 11 земји. Русија гласаше против, Обединетите Арапски Емирати, Кина и Индија беа воздржани. Вето не е можно […]

Раст на цената на нафтата на светските берзи поради војната во Украина, околу 100 долари за барел


Англија– На лондонскиот пазар во четвртокот, веднаш по рускиот напад на Украина, цената на барел нафта скокна на над 105 долари за барел, првпат по повеќе од седум години, но во петокот падна под тоа психолошки важно ниво. По големите осцилации на крајот на неделата, цената на барелот на лондонскиот пазар забележа неделен раст од 4,7 […]

Битолскиот театар со „Бакхи“ ќе настапи во Нови Сад


Ансамблот на НУ Народен театар-Битола гостува во Нови Сад каде вечер во најстариот српски професионален театар ќе ја изведе претставата „Бакхи – краток преглед на распадот“ од Еврипид, во режија на Игор Вук Торбица. Со настапот на битолските актери, во Нови Сад и Белград, се заокружува културната манифестација „Игорови денови“, омаж  посветен на прерано починатиот млад […]

По 361 недела Ѓоковиќ симнат од врвот на АТП ранг-листата, нов лидер Медведев


Англија- Рускиот тенисер Данил Медведев е нов лидер на светската ранг-листа. Здружението на тениски професионалци (АТП) денес го објави најновиот поредок на најдобрите на кој по рекордни 361 недела првото место го загуби Србинот Новак Ѓоковиќ. Новиот прв светски рекет има 8.615 бодови, додека Ѓоковиќ 8.465 бода. Во ТОП 10 тенисери на светот уште се: […]

Најстудено на Попова Шапка, најмногу снег во Маврови Анови


Најниска температура во земјава изутринава е измерена на Попова Шапка -10. Во Маврови Анови се измерени – 6, Крушево -5, Берово -3, Крива Паланка, Претор, Дебар -2 , во Охрид и  Прилеп – 1, а 0 степени во Битола, Виница и Куманово. На останатите места е секаде над нулата, а максимални 4 степени се измерени […]

Награди САГ- престижниот сребрен килим на холивудските актери (фото)


САД– Во неделата вечерта, телевизиските и филмските ѕвезди номинирани за наградите САГ за 2022, што ги доделува Здружението на филмски актери , газеа по сребрениот килим, покажувајќи ги своите гламурозни комбинации. Овие награди се сметаат за најпрестижни меѓу актерите бидејќи за нив гласаат 2.500 колеги од фелата, а исто така најчесто се барометар за оскаровците […]

Сообраќајот по влажни коловози


Сообраќајот на државните патишта се одвивa по претежно влажни коловози. На повисоките места има остатоци од кашест снег на коловозот, по интервенција на дежурните екипи на ЈП „Македонијапат“. Како што соопшти АМСМ, интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез […]

ЕУ ги повика Гугл и ЈуТјуб да ја забранат руската воена пропаганда


Белгија– Alphabet Inc. и YouTube треба да ги забранат корисниците кои поттикнуваат воена пропаганда како дел од мерките за запирање на дезинформациите по руската инвазија на Украина, им порача вчера на извршните директори на двете компании еврокомесарот за внатрешен пазар, Тиери Бретон. Гугл на Алфабет во саботата им забранија на руската државна медиумска куќа RT […]

Фон дер Лајен: Ја сакаме Украина во ЕУ


Белгија– Европската унија сака да ја види Украина и тоа ќе се случи со тек на време, изјави претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен во интервју за Еуроњуз. – Имаме процес со Украина кој е, на пример, интегрирање на украинскиот пазар во единствениот пазар. Имаме многу блиска соработка на енергетската мрежа. Толку многу теми каде што работиме […]