Благотворните дејства на мандарините


Сезоната на мандарини почна, па лекарите и познавачите советуваат ова вкусно овошје да се јаде секој ден. Пред сѐ, затоа што се богати со витамините А, Б и Ц, со калиум, фолна киселина, магнезиум, калциум и железо,  а сето тоа го зајакнува имунитетот и штити од настинка и грип. Доколку, пак, имате проблеми со варењето …

Благотворните дејства на мандарините Read More »

„Пласибо“ доаѓаат во Скопје следната година, вели „Авалон“


После откажувањето на нивната европска турнеја во 2019 година која ги опфаќаше и Скопје и Македонија, Авалон Продукција  го потврди доаѓањето на PLACEBO, на 16 јули 2022 година, на стадионот на АРМ во Скопје.  -Само неколку дена по објавувањето на една од најубавите нивни песни досега, новиот сингл „Beautiful James“, најава за новиот албум – …

„Пласибо“ доаѓаат во Скопје следната година, вели „Авалон“ Read More »

Облачно и студено со повремен дожд и утре, од сабота стабилизација на времето и пораст на температурата


Времето утре ќе биде облачно и студено со повремени врнежи од дожд кои пообилни ќе бидат во југоисточните делови од земјава, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Од сабота ќе настапи стабилизација на времето со пораст на дневната температура. За време на викендот ќе биде пооблачно и ветровито, а од понеделник ќе има повеќе сончеви периоди, информираат …

Облачно и студено со повремен дожд и утре, од сабота стабилизација на времето и пораст на температурата Read More »

Македонија и Британија отвораат ново поглавје во односите


Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, заедно со министерката за Европа и Америките на Обединетото Кралство, Венди Мортон, денеска во Скопје го одржаа и заеднички копретседаваа со  првиот инаугуративен состанок на Советот за партнерство, трговија и соработка помеѓу Северна Македонија и Обединетото Кралство. Двајцата министри овој свечен чин помеѓу двете држави го окарактеризираа како нова …

Македонија и Британија отвораат ново поглавје во односите Read More »

Фотоизложбата „Таму” на Милчо Манчевски по Софија, во Бургас


Изложбата „Таму” на Милчо Манчевски по успешното претставување во Софија, в петок, на 15 октомври ќе биде поставена и во Бургас, во Центарот за современа уметност и библиотека и ќе биде достапна за публиката до 31 октомври Реализацијата на оваа изложба е плод на успешна соработка меѓу Културно-информативниот центар на РСМ во Софија и Општина …

Фотоизложбата „Таму” на Милчо Манчевски по Софија, во Бургас Read More »

Филмот „Кома“ со отворен повик за кастинг


По три краткометражни филмови и 10 освоени награни на меѓународни фестивали, продуцентот Бунјамин Куртиши го најавува долгометражниот филм „Кома“. Продукцијата бара актери од 30 до 65 години и актерки од 25 до 65 години на отворен повик за кастинг. Повикот трае до крајот на овој месец, а сите заинтересирани можат да се пријават на [email protected]. …

Филмот „Кома“ со отворен повик за кастинг Read More »

Капетан Кирк највозрасната личност во Вселената


САД– Вилијам Шетнер мина 11 минути во ракетата на вселенската агенција „Блу oриџин“ во земјината Орбита. Славниот капетан Кирк – иконата на „Ѕвездени патеки“, вчера стана највозрасниот човек што отишол во Вселената. – Секој треба да го направи ова, беше неверојатно!, рече канадскиот глумец по враќањето на Земјата.   Официјално, не е соопштено дали Шетнер …

Капетан Кирк највозрасната личност во Вселената Read More »

„Ролинг стоунс“ нема да ја пеат „Brown Sugar” на турнејата во САД


САД – „Ролинг стоунс“ за време на американската турнеја нема да ја изведуваат песната „Brown Sugar” (кафеав шеќер) – еден од нивните најголеми хитови. Ова се должи на загриженоста за тоа како се претставени Афроамериканките и алузиите за ропството во песната, која инаку беше број еден на топ-листите во САД, 1971 година, и го достигна второто …

„Ролинг стоунс“ нема да ја пеат „Brown Sugar” на турнејата во САД Read More »

Трстена по петти пат ќе додели Златни олимписки оскари


Олимпискиот шампион Шабан Трстена, денес, ќе додели пет Златни олимписки оскари за личности и институции кои го поддржувале во неговата кариера. Ова е петта ваква манифестација со која легендата на македонскиот спорт сака да и се заблагодари на неговите поддржувачи. Претходни добитници на олимписките оскари се: претседателот на МОК, Васил Тупурковски; Дарко Каевски како директор …

Трстена по петти пат ќе додели Златни олимписки оскари Read More »

Недела на албански филм во Кинотека


Од 21 до 26 октомври во Кинотеката ќе се одржи Недела на албански филм. На петдневната манифестација, реализирана од Кинотеката и Националниот филмски центар на Албанија ќе бидат прикажани по пет долгометражни и кратметражни играни филмови од поновата продукција. На отворањето на Неделата на албански филм ќе бидат присутни директорот на Националниот филмски центар на …

Недела на албански филм во Кинотека Read More »

Прво службено патување на Шаленберг во Брисел


Белгија– Новиот австриски канцелар Александер Шаленберг, кој во понеделникот положи заклетва, одлучи за прво службено патување да го избере Брисел. Со оваа посета Шаленберг сака да покаже дека е „уверен Европеец“ и со проевропски став. Во Брисел, тој ќе се сретне со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, како и со претседателот на …

Прво службено патување на Шаленберг во Брисел Read More »

Ердоган ги смени вицегувернерите на Централната банка


Турција – Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска смени тројца членови на Одборот за монетарна политика на Централната банка и на нивно место назначи двајца нови членови, по што националната валута – лирата достигна рекордно најниско ниво.   Како што пренесуваат турските медиуми, сменети се замениците гувернери Семих Туменанд и Угур Намик Кучук, заедно со друг …

Ердоган ги смени вицегувернерите на Централната банка Read More »

Од декември ќе се доделува новата државна награда „Мето Јовановски“


Одборот за доделување на државната награда „Мето Јовановски“ распиша Конкурс за  доделување на државната награда „Мето Јовановски“ во 2021 година. Со државната награда „Мето Јовановски“ се оддава највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на промоцијата, заштитата и унапредувањето на човековите права. Конкурсот ќе трае од 15.10.2021 до 15.11.2021 година. Конкурсот е достапен и на веб-страницата …

Од декември ќе се доделува новата државна награда „Мето Јовановски“ Read More »

Шер ја тужи вдовицата на Сони Боно заради задржување пари од хитовите од 60-тите


САД– Шер денеска поднесе тужба во Лос Анџелес против Мери Боно, вдовицата на Сони Боно, наведувајќи дека незаконски ги задржува хонорарите од хитовите генерирани од Сони и Шер во 1960 -тите. Мери Боно, вдовицата на Сони, е обвинета дека го задржува делот на Шер од хонорарот за хитови како „I Got You Babe“ и „The …

Шер ја тужи вдовицата на Сони Боно заради задржување пари од хитовите од 60-тите Read More »

Слика на Бенкси се очекува на аукција да се продаде за неколку милиони фунти


Англија – Делумно оштетено платно со едно од најпознатите дела на британскиот „скриен уметник“ Бенкси, се очекува денеска на аукција да се продаде за милиони. Делото – сега наречено „Љубовта е в ѓубре“, ќе биде понудено во аукциската куќа „Сотби“ во Лондон. Проценетата продажна цена на сликата, порано нарекувана и „Девојчето со балон“, е четири – …

Слика на Бенкси се очекува на аукција да се продаде за неколку милиони фунти Read More »

Еди Јаку, „најсреќниот човек на светот“, почина во Сиднеј на 101 година


Австралија – Еди Јаку, кој го преживеал холокаустот, го мина остатокот од својот живот застапувајќи се за љубезноста, доблеста и толеранцијата, почина на 101-годишна возраст во Сиднеј. Приказната за самопрогласениот „најсреќен човек на Земјата“ останува култна, како едно од најпродаваните видеа од Австралија. Во него, тој раскажува приказни од неговиот живот како доброволец во Еврејскиот музеј …

Еди Јаку, „најсреќниот човек на светот“, почина во Сиднеј на 101 година Read More »

Путин ги отфрли тврдењата на европските експерти дека Русија предизвикува скок на цената на енергенсите


Русија – Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Кремљ има „конструктивни“ односи со Вашингтон и изрази надеж дека заедничките интереси на крајот ќе помогнат за нормализирање на американско-руските односи. Тој ги отфрла тврдењата на европските експерти дека Русија предизвикува скок на цените на енергијата. На меѓународниот енергетски форум во Москва, Путин кажа дека Русија е подготвена …

Путин ги отфрли тврдењата на европските експерти дека Русија предизвикува скок на цената на енергенсите Read More »

Рекорден број смртни случаи од предозирање со дрога во САД


САД– Смртноста од предозирање со дрога во Соединетите Американски Држави се зголемила за 29,6 проценти од март 2020 година до истиот месец оваа година, покажува извештајот на Центрите за контрола и превенција на болести (ЦДЦ). Во извештајот се наведува дека 96.777 луѓе починале за 12 месеци како последица од предозирање со дрога, што е нов …

Рекорден број смртни случаи од предозирање со дрога во САД Read More »

Расправа во Бундестагот за распоредот на седење


Германија– Во Бундестагот, како неочекуван дел од преговорите за новата влада во Германија, беше распоредот за седење, се расправаше за барањето на Либералите (ФДП) да не седат со пратениците на десничарската Алтернатива за Германија (АфД), туку со пратениците на Христијанско-демократската партија (ЦДУ), објави Дојче Веле. – Тоа не беше убаво искуство, рече либералниот пратеник Франк …

Расправа во Бундестагот за распоредот на седење Read More »

Докторка од Словенија за 50 евра издавала лажни потврди за прележан коронавирус


Словенија– Докторка од Помурје во Словенија издавала потврди за коронавирус за 50 евра. Случајот го истражува и Лекарската комора на Словенија. Како што пренесуваат словенечките медиуми, обвинетата докторка изјави дека ги издавала сертификатите врз основа на наодите што докажуваат присуство на антитела во телото, но тоа не е пропишан и валиден начин да се потврди дека …

Докторка од Словенија за 50 евра издавала лажни потврди за прележан коронавирус Read More »