Граничниот премин Ники (Меџитлија) затворен за товарни моторни возила


 Грчкиот премин Ники (Меџитлија) е затворен за сообраќај на товарни моторни возила, соопшти Автомотосојузот на Македонија.  Како што информираат од АМСМ, затворањето на сообраќајот ќе биде од 10:00 до 16:00 часот. 

„Голиот Рид“ – почна снимањето на долгометражниот игран филм на Игор Алексов


На 28 декември 2025 година започна снимањето на долгометражниот игран филм „Голиот Рид“, во режија на Игор Алексов, а во продукција на City Star. „Голиот Рид“ е трилер кој  акцентот го става на напнатата атмосфера, психолошката длабочина на ликовите и современиот визуелен пристап. Филмот се реализира со домашна екипа и актерска постава, а снимањето ќе се одвива на повеќе локации …

„Голиот Рид“ – почна снимањето на долгометражниот игран филм на Игор Алексов Read More »

„Глумците пеат“ во Ателје 212 – овации за Игор и Ана во Белград


Како резултат на соработката меѓу шоуто „Глумците пеат“ и култниот белградски театар Ателје 212, во рамки на традиционалната предновогодишна манифестација „Брод плови за Београд„, синоќа и вечерва настапуваат двајца македонски актери – Игор Ангелов и Ања Митиќ. „Брод плови за Београд“ е култна предновогодишна манифестација на Атеље 212, со исклучителен интерес од публиката а билетите …

„Глумците пеат“ во Ателје 212 – овации за Игор и Ана во Белград Read More »

Родителите често прават грешка во зима што може да им наштети на развојот на децата


Сo доаѓањето на зимата, родителите се сè повеќе загрижени за здравјето на своите најмлади. Студеното време и вирусите што се пренесуваат преку воздух честопати ги тераат да ги облекуваат своите деца во бројни слоеви облека за да ги заштитат. Иако топлата облека е неопходна за да се стоплат на студ, експертите предупредуваат дека прекумерната топлина …

Родителите често прават грешка во зима што може да им наштети на развојот на децата Read More »

Градовите низ целиот свет ги откажуваат новогодишните прослави, еве зошто


Додека светот  се подготвува да ја дочека 2026 година, многу градови низ целиот свет одлучија да ги откажат или значително да ги изменат своите традиционални прослави за Нова Година. Причините се движат од безбедносни закани и ризик од пренатрупаност до оддавање почит на жртвите од неодамнешните трагедии. Иако Нова Година е синоним за големи забави …

Градовите низ целиот свет ги откажуваат новогодишните прослави, еве зошто Read More »

Последните месеци на Дејвид Боуви опишани во новата биографија


Лондон – Нова книга за Дејвид Боуви открива до каде одел за да ја скрие својата терминална болест од јавноста – пред да почине во 2016 година. Според биографијата „Лазарус: Второто доаѓање на Дејвид Боуви“ (‘Lazarus: The Second Coming of David Bowie‘), се чини, на британскиот пејач му бил дијагностициран рак на црниот дроб во 2014 …

Последните месеци на Дејвид Боуви опишани во новата биографија Read More »

Премиера на „Сонцето, колку е блиску сонцето“ по повод 80 години МНТ


Македонскиот народен театар вечер премиерно ќе го изведе сценско-музичкиот проект „Сонцето, колку е блиску сонцето – Made in МNT“ по повод 80 години постоење.  Претставата е аудиовизуелно патување низ македонската драматургија, поезија, проза и ликовна уметност – емотивна приказна посветена на големите актери, режисери, драматурзи и на сите професионалци зад кулисите задолжени за создавањето на …

Премиера на „Сонцето, колку е блиску сонцето“ по повод 80 години МНТ Read More »

Кардашијан- Џенер со нова божикна традиција, еве што се смени


Ја следевме Бадниковата забава на Кардашијан Џенер доволно долго за да знаеме кога нешто ќе се промени. Оваа година, промената не беше драматична или најавена. Се појави на парчиња. Помал собир. Внимателно стилизирани изгледи. И одделни, потивки празнични моменти споделени на социјалните мрежи кои ги пополнија празнините околу главниот настан. Земено заедно, се чувствуваше како …

Кардашијан- Џенер со нова божикна традиција, еве што се смени Read More »

„Самоопределување“ освои најмногу гласови на денешните избори во Косово


Приштина – Најмногу гласови на вонредните парламентарни избори што се одржаа денеска во Косово освои движењето „Самоопределување“ – 44,1 процент, според излезните анкети. На второ место е Демократската партија на Косово со 23,9 проценти од гласовите, додека на трето место е Демократскиот сојуз на Косово со 16,1 процент од гласовите. Алијансата за иднината на Косово …

„Самоопределување“ освои најмногу гласови на денешните избори во Косово Read More »

Дали пиевте премногу за празниците? Еве колку време му е потребно на вашиот црн дроб да се опорави


Католичкиот Божик е зад нас, а во деновите помеѓу празниците и Нова Година, многумина ќе се борат со последиците од прекумерната консумација на алкохол. Без разлика дали станува збор за дружење со пријатели, чаша пиво со божиќен ручек или неколку премногу греани вина, алкохолот е неопходен дел од празничната атмосфера за многумина. Додека се опуштаме …

Дали пиевте премногу за празниците? Еве колку време му е потребно на вашиот црн дроб да се опорави Read More »

Вардар предложи јужната трибина да го добие името Васил Рингов


На денешната комеморација одржана во чест на починатиот Васил Рингов, ФК Вардар веќе поднел иницијатива јужната трибина на стадионот „Тодор Проески“ да се преименува и да го носи името на Васил Рингов. Легендата на Вардар одигра преку 200 натпревари во „црвено-црниот“ дрес и има постигнато 93 голови. Вардарци во хотелот „Хилтон“ ја одржаа комеморативната седница …

Вардар предложи јужната трибина да го добие името Васил Рингов Read More »

Граничниот премин Евзони од пладне затворен за сообраќај


 Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Од 12 часот сообраќајот на граничниот премин Евзони (Богородица) е во прекин. АМСМ препорачува прилагодена брзина на …

Граничниот премин Евзони од пладне затворен за сообраќај Read More »

Филипче го следат, обвини СДСМ


Денеска беше објавена фотографија од претседателот Венко Филипче од аеродром. Покрај обидот за јавен линч, денеска практично признаа и дека вршат притисок преку следење. Ова е многу добро познатата школа на Никола Груевски, кога сите безбедносни служби беа ставени во функција на следење на опозицијата, стои во соопштението на СДСМ, што МИА го објавува интегрално.  …

Филипче го следат, обвини СДСМ Read More »

Три ирански сателити лансирани во вселената со помош на руски ракети


Техеран – Три ирански сателити се лансирани денеска во вселената со помош на руски ракети „Сојуз“, објавија иранските државни медиуми. Иран во последните години сè повеќе се потпира на својот сојузник Русија за испраќање сателити во орбитата. Се вели дека последните три ќе придонесат за следење на развојот на земјоделството, природните ресурси и животната средина. Овие …

Три ирански сателити лансирани во вселената со помош на руски ракети Read More »

Брижит Бардо и Сен Тропе, тоа беше долга љубовна приказна!


Секс-симбол на 1950-тите и 1960-тите, муза на своето време, симбол на еманципацијата на жените и сексуалната слобода, Брижит Бардо ги револуционизираше обичаите, преминувајќи од девојче во femme fatale, слободна и провокативна, наивна и бесрамна, во многу конзервативна повоена ера. Со 48 филмови на нејзина сметка и повеќе од 80 песни во нејзината 21-годишна кариера, Брижит …

Брижит Бардо и Сен Тропе, тоа беше долга љубовна приказна! Read More »

Ограничен број билети во продажба за премиерата на „Приказната за Силјан“ во МНТ


За македонската свечена премиера на документарниот филм „Приказната за Силјан“, во режија на Тамара Котевска, пуштен е во продажба ограничен број билети. Премиерата ќе се одржи на 4. јануари 2026 година, во 20:30 часот, во Македонски народен театар, каде филмот за првпат ќе биде прикажан пред домашната публика по своите меѓународни премиери и фестивалски успеси. Филмската екипа на “Силјан” …

Ограничен број билети во продажба за премиерата на „Приказната за Силјан“ во МНТ Read More »

Макрон за Брижит Бардо: Жалиме за легендата на векот


Париз-Претседателот на Франција, Емануел Макрон, се огласи во јавноста по веста дека Брижит Бардо, легендата на француската и светската кинематографија, починала. Макрон во објава на својот профил на Икс ѝ оддаде почит на актерката. – Нејзините филмови, нејзиниот глас, нејзиниот блескав сјај, нејзините иницијали, нејзините таги, нејзината голема страст кон животните, нејзиниот лик што стана …

Макрон за Брижит Бардо: Жалиме за легендата на векот Read More »

Крузер под истрага заради оставање на мртов патник на остров. Сега е насукан


Крузер кој е под истрага за смртта на патник кон крајот на октомври, се насука во Папуа Нова Гвинеја на своето прво патување по трагичниот инцидент. Бродот е „Корал Адвенчер“, а инцидентот се случил во саботата, јавува Би-Би-Си. Според портпаролот на компанијата, бродот се насукал во близина на источниот брег на Папуа Нова Гвинеја, на …

Крузер под истрага заради оставање на мртов патник на остров. Сега е насукан Read More »

„Вечер под ѕвездите“ – голема предновогодишна забава во Центар


Општина Центар ги поканува сите граѓани на големата предновогодишна забава „Вечер под ѕвездите“, која ќе се одржи утре, 29 декември, на Боемска 1, во Дебар Маало. „Ветувам добро и незаборавно расположение. Подготвивме богата програма за сите генерации – од утринските, па сè до вечерните часови. Најдобрата журка секогаш е овде, во Центар, во срцето на …

„Вечер под ѕвездите“ – голема предновогодишна забава во Центар Read More »

Маџир Маало утре од 10:30 часот без вода


Поради изведување на водоводен приклучок Ф200мм. на улица Титовелешка бб.со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од н.Маџир Маало. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:30 часот до завршување на работните активности.