Одложена премиерата и репризите на „Нема да биде крај на светот“ во МНТ


Поради прогласената тридневна жалост по тешката сообраќајна несреќа која се случи утринава, од Македонски народен театар (МНТ) соопштија дека премиерата и репризните изведби на претставата „Нема да биде крај на светот“ во режија на Нина Николиќ, кои беа закажани на 24, 25 и 26 ноември се откажуваат.   Новиот термин на премиерната изведба се закажува …

Одложена премиерата и репризите на „Нема да биде крај на светот“ во МНТ Read More »

Одложен концертот за Фреди Меркјури во Филхармонија


Заради ужасната трагедија која се случи утрово во Република Бугарија и во која животот трагично го загубија наши сонародници, ве известуваме дека концертот “Freddie Mercury Tribute” кој требаше да се одржи утре (24.11.2021) во Македонската Филхармонија, се одложува за вторник (30.11.2021) во 20:00 часот. Билетите ќе важат за концертот. Сите што не се во можност …

Одложен концертот за Фреди Меркјури во Филхармонија Read More »

Божикната елка пристигна во Белата куќа- првата дама Бајден ја продолжи традицијата


САД- Првата дама д-р Џил Бајден ја дочека новогодишната елка во Белата куќа , продолжувајќи ја долгогодишната празнична традиција и создавајќи нови спомени – додека ѝ се придружи нејзиниот најмлад внук, Бо, кој во близина гледаше како елката од 18 метри беше однесен до вратата од пар коњи од Клајдсдејл. Облечена во капут во боја …

Божикната елка пристигна во Белата куќа- првата дама Бајден ја продолжи традицијата Read More »

Принцезата Шарлин од Монако закрепнува надвор од кнежеството


Монако – Принцезата Шарлин од Монако, која се врати кај своето семејство на почетокот на ноември, откако мина неколку месеци во родната Јужна Африка, закрепнува „од тешка исцрпеност во здравствена установа“, надвор од кнежеството, изјави извор близок до кралската палата. – Принцезата Шарлин отсуствуваше некое време. По враќањето од Јужна Африка, таа беше примена во медицинска …

Принцезата Шарлин од Монако закрепнува надвор од кнежеството Read More »

Кантри-ѕвездата Брет Елдриџ го има најубавиот украсен божикен дом во Нешвил


САД- Брет Елдриџ (35) е познат како господин Божиќ (само погледнете го неговиот најнов наслов на албумот!), а сега, неговиот дом конечно го исполнува неговиот прекар. Најпродаваниот кантри пејач неодамна се здружи со стручните празнични декоратори на Балзам Хил за да му помогне да вдиши малку божиќен дух во неговиот новоизграден дом во Нешвил – …

Кантри-ѕвездата Брет Елдриџ го има најубавиот украсен божикен дом во Нешвил Read More »

ЕБОР Награда за литература 2022- авторот и преведувачот делат 20.000 евра


Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), во соработка со Британски Совет на 18 ноември 2021 година го објави огласот за доделување на ЕБОР Литературна награда 2022. Наградата ја прославува богата културна разноликост на регионите каде Банката работи, кои се простираат од централна Европа до централна Азија, како и од Западен Балкан до јужен и …

ЕБОР Награда за литература 2022- авторот и преведувачот делат 20.000 евра Read More »

Сочувство од челниците на ЕУ за автобуската несреќа што однесе 46 животи


Претседателите на Европскиот парламент, Совет и Европската комисија изразија сочувство по автобуската несреќа која однесе 46 животи во Бугарија. – Ужасно дознаваме дека најмалку 45 лица, од кои дванаесет деца, загинаа во автобуска несреќа во Бугарија ноќеска. Изразуваме искрено сочувство и посакуваме сила на нивните семејства и пријатели. Нашите мисли се со Бугарија и Северна …

Сочувство од челниците на ЕУ за автобуската несреќа што однесе 46 животи Read More »

Доналд Трамп доби црн појас во теквондо


Поранешниот американски претседател Доналд Трамп во петокот беше награден со почесен црн појас во теквондо, со што го постигна највисокото ниво во оваа боречка вештина. „Претседателот на ’Кукивон‘ (Светската теквондо академија со седиште во Јужна Кореја, з.п.), Ли Донг-суп на 19 ноември на Флорида му додели почесен сертификат на поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп. …

Доналд Трамп доби црн појас во теквондо Read More »

Сопруг на патничка од автобусот чека абер дали е жива или не


Беким Алити, сопруг на една од патничките во автобусот што имаше сообраќајна несреќа во Бугарија, вели дека се уште нема никакви информации ниту од Министерството за надворешни работи, ниту од Амбасадата дали неговата сопруга е жива. Тој додава дека го видел списокот со имињата на патниците во автобусот, што го објавија некои медиуми  меѓутоа како …

Сопруг на патничка од автобусот чека абер дали е жива или не Read More »

Трагедијата во Бугарија е најтешката автобуска несреќа во Европа во последната деценија


 Денешната автобуска несреќа во Бугарија, во која загинаа најмалку 46 лица, е најтешката автобуска несреќа во Европа во последната деценија, јави Франс прес. Осврнувајќи се на трагичните детали од несреќата, агенцијата прави преглед на најтешките автобуски несреќи на континентот во последните 10 години. 2021: Несреќа во Бугарија Најмалку 46 лица, меѓу кои 12 малолетни, загинаа …

Трагедијата во Бугарија е најтешката автобуска несреќа во Европа во последната деценија Read More »

Преговорите со Скопје и Тирана на дневен ред на Советот на ЕУ денеска


Белгија– Во Брисел денеска се одржува редовниот Совет за општи работи на ЕУ, една од точките на дневен ред е проширувањето, посебно преговорите со Северна Македонија и Албанија, јави дописничката на МИА од Брисел. Гашпер Довжан, словенечкиот државен секретар за европски прашања и претседавач на денешниот состанок ја повтори поддршката на Словенија за што побрзо …

Преговорите со Скопје и Тирана на дневен ред на Советот на ЕУ денеска Read More »

„Беса транс“ имала лиценца за вршење меѓународен слободен превоз на патници


Превозникот Беса Транс БТБ од Скопје, ул. 1 бр. 1, Рашче, Скопје чиј автобус имаше сообраќајна несреќа во Бугарија во која 45 лица загинаа, а седум се повредени имаше лиценца за вршење меѓународен слободен превоз на патници со важност од 08.08.2018 година до 08.08.2022 година, информира Министерството за транспорт и врски. -Изразуваме најдлабоко сочувство до …

„Беса транс“ имала лиценца за вршење меѓународен слободен превоз на патници Read More »

Несреќата на автобусот е резултат на човечка грешка, тврди секретарот за безбедност на Перник, Пиргов


Автобусот се движел со над 100 километри на час и нема ниту еден милиметар знаци на кочење, што значи дека возачот не реагирал адекватно. Несреќата апсолутно настанала како резултат на човечка грешка, изјави секретарот за безбедност на Перник, Васко Пиргов за БТВ, кој пристигнал на местото на инцидентот заедно со првите полицајци и пожарникари. Тој …

Несреќата на автобусот е резултат на човечка грешка, тврди секретарот за безбедност на Перник, Пиргов Read More »

Облачно време во следните денови, од петок повремен дожд, на планините снег


Во следните денови ќе се задржи претежно облачно време. Под влијание на влажен бран од петок ќе има повремени врнежи од дожд, особено во западните делови, каде на повисоките планини врнежите повремено ќе преминуваат во снег, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Од четврток ќе дува умерен дозасилен ветер од јужен правец, што за време на …

Облачно време во следните денови, од петок повремен дожд, на планините снег Read More »

Две шолји кафе дневно нѐ оддалечуваат од Алцхајмеровата болест


Австралија- Научници открија дека кај луѓето кои пијат кафе секој ден има помала можност за развој на когнитивно оштетување на мозокот. Истражувањето објавено во списанието „Фронтиерс оф ејџинг неуросајенс“ (Frontiers of Aging Neuroscience), е спроведено во тек на 10 години, во Универзитетот „Едит Кoуaн“ во Перт, Западна Австралија. – Откривме дека учесниците кои пијат повеќе …

Две шолји кафе дневно нѐ оддалечуваат од Алцхајмеровата болест Read More »

Брнз: Изразувам најдлабоко сочувство на семејствата што ги загубија своите најмили


Американската амбасадорка во земјава Кејт Мери Брнз изрази сочувство за загинатите во автобуската несреќа што се случи доцна синоќа во Бугарија. – Од име на Американската амбасада, сакам да изразам најдлабоко сочувство на семејствата кои ги загубија своите најмили, и нашата поддршка за повредените, како и за оние на кои срцата им се скршија кога …

Брнз: Изразувам најдлабоко сочувство на семејствата што ги загубија своите најмили Read More »

Одложени активностите во Собранието поради автобуската несреќа во Бугарија


Поради автобуската несреќа што се случи ноќеска на автопатот „Струма“ во Бугарија, во која 46 луѓе ги загубија животите, денеска се одложени сите активности во Собранието. Одложени се и сите планирани средби. Како што информира собраниската прес-служба, само Националниот совет за евроинтеграции ќе ја одржи третата седница. Извештајот на Европската комисија за Република Северна Македонија …

Одложени активностите во Собранието поради автобуската несреќа во Бугарија Read More »

Карди Б смени осум креации од висока мода на Американските музички награди


САД- Карди Би го претвори доделувањето на Американските музички награди во модна писта за една манекенка. Раперката и првпат водителка го покажа својот препознатлив стил на доделувањето на наградите, каде носеше вкупно осум модни изгледи од почеток до крај. Со помош на нејзиниот стилист, Колин Картер, кој стоеше и зад нејзиниот винтиџ изглед на Муглер …

Карди Б смени осум креации од висока мода на Американските музички награди Read More »

Спасовски: Tим на МВР веќе е на пат за Бугарија и стои на располагање за помош


Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски изрази сочувство до семејствата на загинатите во автобуската сообраќајна несреќа што рано утрово се случи во Бугарија. -Дозволете ми во овие тешки моменти на тага и болка за целата држава да изразам најдлабоко сочувство до семејствата и блиските на загинатите во трагичната сообраќајна несреќа која се случи во Бугарија, …

Спасовски: Tим на МВР веќе е на пат за Бугарија и стои на располагање за помош Read More »

Сузана Турунџиева од Истанбул: Добри сме со Атиџе, сочувствуваме со семејствата на настраданите


Сузана Турунџиева се огласи на социјалните мрежи, откако цела ноќ звонел нејзиниот телефон, а како што напиша, нотификации на загрижени пријатели стигнувале на секои две -три секунди, по несреќата во Бугарија во која се запали македонски автобус. Инаку, Сузе и Атиџе беа во посета на Турција, и оттаму грижата на многумина пријатели и следбеници.