Љутков од Самарканд: Македонија останува посветен партнер во остварувањето на мисијата на УНЕСКО
Министерот за култура и туризам и претседател на Националната комисија на УНЕСКО, Зоран Љутков, учествува на 43. сесија на Генералната конференција на УНЕСКО, што се одржува во Конгресниот центар „Патот на свилата“ во Самарканд, Република Узбекистан. Во своето обраќање пред присутните министерот Љутков ја истакна заложбата на Република Македонија за унапредување на соработката со УНЕСКО …